Author: riste

Манчестер Сити испратил понуда за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол, објави „Скај Спорт Германија“. Клупските челници веќе неколку дена преговараат за висината на трансферот. Во моментов „граѓаните“ се подготвени да платат 90 милиони евра + бонуси за 21-годишниот Хрват. Доколку РБ Лајпциг ја прифати оваа понуда, Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во светот. Сегашниот рекордер е Хари Мегваер, за кого Манчестер Јунајтед плати 87 милиони евра на Лестер во 2019 година. Да потсетиме, Манчестер сити ги договори условите на личниот договор со дефанзивецот. Лајпциг треба да добие најмалку 100 милиони евра за Гвардиол. Во сезоната 2022/2023 во Бундеслигата, Гвардиол настапи на 30…

Read More

Манчестер Јунајтед е во преговори за ангажирање на играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт, според Фабрицио Романо. Понудата од 64 милиони евра сè уште трае, а Манчестер Јунајтед нема да ги плати 76-те милиони евра што ги бара Челзи. Забележано е дека Манчестер Јунајтед нема да чека долго, сметајќи дека 64 милиони евра е фер понуда. Да потсетиме, претходно Челзи одби три предлози на „црвените ѓаволи“. Манчестер верува дека Челзи го преценува 24-годишниот играч од средниот ред бидејќи неговиот договор истекува следната година.  Самиот играч има намера да го напушти лондонскиот клуб. Познато е дека позицијата на Манчестер Јунајтед во преговорите е…

Read More

Арсенал постави цена од 35 милиони фунти за Фоларин Балогун. 21-годишниот напаѓач имаше само два настапи во Премиер лигата, но имаше многу успешна позајмица во францускиот Ремс минатата сезона. Заврши четврти на листата на стрелци во Лига 1, зад Мбапе, Лаказет и Џонатан Давид. Интересот за Балогун е сериозен, а фаворит за неговиот потпис е РБ Лајпциг. Кандидат е и Кристал Палас, а ситуацијата ја следат Интер и Милан. Арсенал е блиску до потписот на Каи Хаверц, што значи дека Балогун нема да добие шанса да настапи на „Емирати“. Микел Артета е подготвен повторно да го пушти на позајмица, но…

Read More

Женската тениска репрезентација на Македонија, е победник на Третата европска зона во Били Џин Кинг купот, па во наредното издание на ова натпреварување, нашите најдобри тенисерки ќе играат во поквалитетната Втора зона. Денешното финале, Македонија го играше со Ерменија и победи со 2:1 во победи. Ерменија поведе благодарение на триумфот на Мурадјан над Стоилковска, на 1:1 изедначи Ѓорческа која со максимални 6:0 и 6:0 ја прегази Давтјан, а потоа во решавачкиот меч во двојки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги совладаа Мурадјан и Давтјан со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). Македонските тенисерки ги добија сите мечеви во Третата зона кои…

Read More

Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече Ашраф Хакими од Пари Сен Жермен, тврди „Марка“. Пеп Гвардиола го посочи Мароканецот како совршена замена за Кајл Вокер, кој е блиску до преселба во Баерн (Минхен). Хакими е во многу блиски односи со Килијан Мбапе и евентуалното заминување на француската ѕвезда би можело да биде придружено и со негов трансфер. ПСЖ нема желба да се раздели со мароканскиот интернационалец, но се очекуваат сериозни промени во клубот со доаѓањето на новиот тренер, кој најверојатно ќе биде Луис Енрике. Ќе има промени во Манчестер Сити по историската тројна круна. Покрај Вокер, се очекува…

Read More

Интер потпиша договор за продолжување на договорот со Стефан де Вриј, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер. Според изворот, договорот ќе биде со важност до јуни 2025 година со можност за продолжување за следната сезона. Наскоро се очекува и официјално соопштение. Стефан де Вриј останува и покрај обидите на клубови од Саудиска Арабија да го купат. Во сезоната 2022/2023, Де Вриј одигра 38 натпревари за Интер во сите натпреварувања во кои постигна еден гол. Актуелниот договор на играчот со миланскиот клуб истекува на крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 8…

Read More

Од Баерн (Минхен) нема да прават никакви проблеи за трансферот на дефанзивецот Лукас Ернандез во Пари Сен Жермен, пишува новинарот на „RMC Sport“, Фабрис Хокинс. Баварците очекуваат да добијат 50 милиони евра за сестраниот дефанзивец, чиј договор истекува следното лето. Досега клубот се обидуваше да го задржи францускиот интернационалец, водејќи преговори со него за нов договор, но се чини дека германскиот шампион се помири со желбата на 27-годишниот играч да се пресели на „Паркот на принцовите“. Се очекува потписот на дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Жае, исто така, веројатно ќе има влијание врз повлекувањето на позицијата на Баерн Минхен.

Read More

влезници за Светското првенство во атлетика кое ќе се одржр во Будимпешта (Унгарија), а до почетокот на првенствата остануваат уште 56 дена. Атлетското натпреварување на реновираниот стадион започнува на 19 август и ќе трае до 27 август. Објектот има капацитет од 15.000 гледачи, а унгарските спортисти сигурно ќе им понудат одлични резултати на своите сонародници. Унгарскиот тим пред само неколку дена обезбеди пласман во Првата лига на Европското екипно првенство во следното издание во 2025 година. Светско првенство во Будимпешта ќе трае девет дена , а се очекува да учествуваат повеќе од 2.000 спортисти од над 200 земји.

Read More

Познатиот инсајдер Фабрицио Романо откри дека Арсенал не се откажува од својата намера да го ангажира дефанзивниот играч за врска на Вест Хем, Деклан Рајс. Претходната понуда од 87 милиони евра + 17 милиони евра бонуси беше одбиена од Вест Хем.  Ова е второ одбивање на „чеканите“ на клубот од северен Лондон.Исто така вчера се дозна дека Манчестер Сити влезе во трката за играчот. Според веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио, расте веројатноста за трансфер на играч во клубот на Пеп Гвардиола. Манчестер Сити е уверен дека ќе успее да преговара со Вест Хем. Договорот на англискиот играч за врска со Вест Хем…

Read More

Откако ќе биде официјализирано заминувањето на напаѓачот Килијан Мбапе од ПСЖ, португалскиот стручњак Луис Кампос ќе ја напушти функцијата спортски советник на францускиот тим. Врската на Кампос со агентот Жорже Мендеш не е добро прифатена во клубот, објавија медиумите во Париз. Се известува и дека раководството на парижаните целосно му верува на Луис Енрике и има намера да му ги даде сите овластувања, како и солиден буџет за трансфери. Претходно беше објавено дека претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез и првиот човек на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи имаат договор за трансфер на 24-годишниот Килијан Мбапе ова лето.  Се истакнува дека клубот од Мадрид ќе плати 250 милиони евра за францускиот…

Read More