Author: riste

Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, јавуваат Кадена Сер и Калчомеркато. На „Сантијаго Бернабеу“ им треба нов играч од екстра класа кој ќе го предводи нивниот напад по заминувањето на Карим Бензема и се насочија кон српскиот интернационалец. Интересно, Шпанците ќе се обидат да го земат фудбалерот на позајмица со опција за откуп. Реал Мадрид беа насочени кон други напаѓачи како Хари Кејн, Килијан Мбапе и Виктор Осимен. Сепак, секој од нив ќе чини повеќе од 100 милиони евра, а Реал Мадрид во моментов не е подготвен да плати толкава сума. Токму поради…

Read More

Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ сепак се одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Тој ќе премине во редовите на Ал-Насер и ќе стане соиграч со Кристијано Роналдо. Хрватот ги договорил личните услови и во денес ќе ги мине задолжителните медицински прегледи пред да го потпише договорот со клубот, објави Фабрицио Романо. Досега се веруваше дека Брозовиќ е на прагот на трансфер во Барселона и дека не бил заинтересиран за преселба на Блискиот Исток. Сепак, Каталонците никогаш не дадоа формална понуда за играчот од средниот ред, додека Ал-Насер се покажа како доста агресивен и на крајот…

Read More

Германскиот стручњак Јулијан Нагелсман, кој е без работа по отказот од Баерн Минхен, е во сферата на интересите на саудискиот клуб Ал-Ахли, велат германските медиуми. Според истите, Ал-Ахли има многу опции за оваа позиција, но клубот се уште не постигнал напредни преговори со ниту еден кандидат. Нагелсман (35) беше тренер на Баерн од јули 2021 до март 2023 година. Со тимот од Минхен ја освои шампионската титула на Германија и два германски Суперкупа. Претходно Нагелсман работеше и за РБ Лајпциг и Хофенхајм. Претходно беше објавено дека Нагелсман е еден од двајцата кандидати да го замени Ханс-Дитер Флик во германската репрезентација. Вториот беше тренерот на…

Read More

Пари Сен Жермен ќе го купи дефанзивецот на Баерн, Лукас Ернандез, објави новинарот Фабрис Хокинс на својот Твитер профил. Германскиот клуб веќе му даде дозвола на играчот да отпатува во Франција на медицински прегледи. Веќе е склучен индивидуален договор меѓу дефанзивецот и ПСЖ – договорот ќе трае три години со можност за продолжување на една сезона. Работата останува кај клубовите, тие мора да ги договорат конечните детали од трансферот. Парижаните се очекува да платат околу 47 милиони евра за играчот. Во сезоната 2022/2023 во Бундеслигата, Лукас Хернандез одигра само седум натпревари без ниту еден постигнат гол и асистенција. Баерн стана шампион на Бундеслигата со 71…

Read More

Играчот од средниот ред на Челзи, Кристијан Пулишиќ се согласи на намалување на платата за да премине во Милан. Италијанскиот клуб нуди 15 милиони евра за играчот кого Челзи е подготвен да го ослободи за 20 милиони евра. Ова е 46 милиони евра помалку отколку што Челзи и плати на Борусија Дортмунд во 2019 година, објави „Газета дело Спорт“. Минатата сезона 24-годишниот Пулишиќ на теренот се појави на 30 натпревари, на кои постигна гол и две асистенции. Договорот на Американецот со Челзи истекува во летото 2024 година.  Вкупно, Пулишиќ постигна 26 гола и даде 21 асистенција на 145 натпревари за Челзи. Вчера, Челзи го…

Read More

Астон Вила се согласи да го ангажира шпанскиот дефанзивец Пау Торес од Виљареал, објавија дел од медиумите во Англија. Унаи Емери, главниот тренер на Астон Вила, наводно бил заинтересиран за купување на играчот. Астон Вила веќе имаше лични договори со 26-годишниот дефанзивец, а сега Астон Вила склучи договор со Виљареал. Во сезоната 2022/2023 во Ла Лига, Пау Торес учествуваше на 34 натпревари, постигна еден гол и не даде ниту една асистенција. За Виљареал играше четири сезони по ред, а во вториот состав на „Жолтата подморница“ ја започна својата професионална кариера.  Клубот заврши на петтото место во шпанската лига со 64 бодови од 38 натпревари,…

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ќе го продаде напаѓачот Виктор Осимен за најмалку 180 милиони евра.Тоа е три пати повеќе од цената на трансферот на напаѓачот Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити, објави „Газета Дело Спорт“. Осимен (24) му се приклучи на Наполи од Лил во септември 2020 година за 75 милиони евра.Нигерискиот напаѓач минатата сезона постигна 31 гол и даде три асистенции на 39 натпревари.  Тој стана најдобар стрелец во Серија А и му помогна на својот тим да го освои националниот шампионат. Договорот меѓу двете страни истекува во летото 2025 година. Пазарната вредност на осимен според Трансфермаркт е проценета на 120 милиони евра.

Read More

Наградниот фонд на претстојното Светско првенство за жени ќе изнесува 100 милиони евра, што е за 300% повеќе од наградниот фонд на последното Светско првенство 2019 година. Тоа го пренесува „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на ФИФА. ФИФА одлучи дел од парите директно да ги додели на учесниците на Мундијалот, а не на федерациите. Секој играч кој ќе учествува на Светското првенство загарантирано ќе добие 27.000 евра. Сите членови на победничкиот тим ќе добијат загарантирана исплата од 247.000 евра. Сепак, наградниот фонд на Светското првенство за жени, зголемен за 300%, и понатаму е четири пати помал од износот на машкиот турнир, кој, според изворот, изнесувал…

Read More

Раководството на Барселона во наредните денови има намера да продаде играчи за најмалку 17 милиони евра за да му плати на Интер за играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ. Тренерот Чави сака лично да го види фудбалерот во својот тим. Ова го пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио на својата веб-страница. Претходно беше објавено дека Барселона нема финансиски капацитет да реализира каков било трансфер, а тимот нема дополнителни средства во фондот за плати. За да потпише со нови играчи, клубот ќе мора да се раздели со постоечките играчи. Брозовиќ е најевтината алтернатива како замена за Серхио Бускетс, кој ќе може да се покаже на високо ниво.…

Read More

Финскиот напаѓач Теему Пуки стана играч на американскиот клуб Минесота, соопшти прес-службата на клубот. Напаѓачот потпиша договор до 2025 година. Пукки минатата сезона настапуваше за англиски Норич, за „канаринците“ одигра 41 натпревар во Чемпионшип, постигна 10 гола и имаше седум асистенции. Финецот настапуваше за Норич Сити од летото 2018 година. Пред ова, напаѓачот настапуваше за данскиот Брондби, шкотскиот Селтик, Шалке 04, ХЈК и шпанската Севиља. Во претходната сезона 2022/23, Норич заврши на 13-тото место во Чемпионшип лигата со 62 бода. Една година претходно „Канаринците“ играа во англиската Премиер лига. Заедно со Норич, Пуки го освои шампионатот во сезоната 2018/2019.

Read More