Колумбискиот играч за врска Хуан Куадрадо (35 години) ќе го напушти Јувентус како слободен играч, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Се известува дека многу клубови се заинтересирани за потписот на играчот. Договорот на Куадрадо со Јувентус истекува на 30-ти јуни. Колумбиецот играше за Јувентус како позајмен од лондонски Челзи во сезоните 2015/2016 и 2016/2017 година. Во летото 2017 година, Куадрадо потпиша целосен договор со италијанскиот клуб. Заедно со Јувентус, колумбискиот играч за врска пет пати стана шампион на Италија, а стигна и до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Вкупно, Куадрадо одигра 314 натпревари за Јувентус, постигна 26…
Author: riste
Манчестер Јунајтед ќе забележи рекордни приходи за последната финансиска година и покрај тоа што тимот минатата сезона не учествуваше во Лигата на шампионите. Ова стана јасно откако клубот ги објави податоците за третиот квартал од годината. Зголемените приходи од домашните натпревари на Јунајтед и поголемите приходи од реклами му дадоа на клубот причина да ја ревидира својата прогноза за целата година. Новата прогноза е дека Манчестер Јунајтед ќе заврши со приходи меѓу 630 и 640 милиони фунти, што ќе го подобри претходниот рекорд на клубот кој датира од 2019 година. Тогаш приходот бил во износ од 627,1 милиони фунти. Манчестер…
Тотенхем ја одби понудата на Баерн Минхен да го ангажира напаѓачот Хари Кејн. Ова го пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил. Да потсетиме, претходно се дозна дека тимот од Минхен ја испратил првата официјална понуда за трансфер на напаѓачот во износ од 70 милиони евра, без бонуси. Според изворот, оваа сума не му одговарала на Тотенхем. Хари Кејн потекнува од академијата на Тотенхем и игра за првиот тим од 2011 година. Како дел од Тотенхем, англискиот напаѓач стигна до финалето на Лига купот и Лигата на шампионите, а со селекцијата на Англија стана и освојувач на сребрен медал…
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и Реал Мадрид веќе имаат подготвен договор играчот да го напушти францускиот клуб по завршувањето на договорот во 2024 година, објави „Footmercato“. Според изворот, Килијан Мбапе, од своја страна, е среќен што ќе остане уште една година во Париз. Во септември го чека бонус за лојалност од 90 милиони евра доколку остане до 2024 година. Претходно беше објавено дека Килијан Мбапе би можел да го напушти ПСЖ во летниот преоден рок. Една од опциите за продолжување на кариерата на Французинот е Реал Мадрид. Договорот на Мбапе со клубот е до 2024 година. Французинот минатата сезона…
Актуелниот шампион во Мото ГП класата, Франческо Бањаја победи на денешната трката за ГН на Холандија која се возеше во Асен. Ова е четврта победа на возачот на Дукати сезонава и 15-та во кариерата, а со неа се зацврсти на лидерската позиција во генералниот пласман со 194 бода, дури 35 повеќе од Хорхе Мартин. Второто место му припадна на Марко Беѕеки додека Бред Биндер и покрај тоа што го освои третото место, беше казнет со едно место подоле, и поради тоа последната позиција на подиумот му припадна на Алеш Еспаргаро. Бањаја стартуваше од втората позиција, на првиот свиок беше поминат…
Екипите на Интер и Ал-Насер конечно постигнаа договор за трансферот, со кој играчот за врска Марсело Брозовиќ ќе ги напушти Милано и ќе замине во правец на Саудиска Арабија. Зделката ќе биде комплетирана во понеделник, а се работи за сума од 23 милиони евра. Самиот играч ќе добие тригодишен договор со нето плата од 20 милиони евра по сезона или околу три пати повеќе од парите што ги добиваше во гигантот од Милано. Така, 30-годишниот хрватски интернационалец ќе стане соиграч на Кристијано Роналдо, а многу брзо и на Хаким Зиеш. Брозовиќ помина 8 години во Интер, одигра 330 натпревари за…
Американскиот тим Интер Мајами веќе избра датум за официјално претставување на аргентинската суперѕвезда Лионел Меси и неговиот поранешен шпански соиграч во Барселона Серхио Бускетс. За прв пат по речиси 20 години, ниту Меси, ниту Бускетс следната сезона нема да го носат дресот за каталонскиот гигант, играјќи рамо до рамо во фудбалската МЛС лига во САД. Трансферите на двајцата беа објавени на социјалните мрежи на Интер Мајами, а клубот има намера да ги претстави како нови засилувања на 16 јули, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Потоа Интер Мајами ќе се сретне со екипата на Сент Луис Сити.
Шпанскиот шампион Барселона е заинтересирана за потписот на играчот од средниот ред на милански Интер и хрватската репрезентација Марсело Брозовиќ , кому претходно договор му понуди и саудискиот Ал-Наср. Ова го пренесува шпанското издание на „Мундо Депортиво“. По трансферот на поранешниот капитен на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, Брозовиќ стана главна трансфер цел на Барселона. Со оглед на интересот на Барселона, 30-годишниот Хрват допрва треба да раз,исли дали да ја прифати понудата од Ал-Наср, за кој игра Кристијано Роналдо. Агентот на Брозовиќ, за кого трансферот на играч во саудиски клуб ќе донесе високи приходи од провизија, се приклонува кон опцијата Ал-Наср. Барселона не може да…
Реал Мадрид верува дека ќе го ангажира напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе во рок од две недели, бидејќи клубот постигна значителен напредок во преговарачкиот процес, објави „Марка“. Според раководството на Реал Мадрид, зделката ќе биде затворена и целосно официјализирана уште пред почетокот на претсезонските натпревари. Реал Мадрид верува дека 24-годишниот Французин има шанса да замине на турнеја во САД со клубот. Цената на Мбапе би можела да биде повисока од првично планираната од Реал Мадрид. Сепак, од Мадрид веруваат дека само трансферот на играч од ваков калибар може да ја зголеми вкупната вредност на брендот на клубот. Се напоменува дека Реал Мадрид е подготвен…
Она што во текот на вчерашниот ден го најави Горан Пандев во своето интервју денес полека добива потврда. Македонскиот фудбал се наоѓа пред историски момент затоа што за првпат на клупата на наш прволигаш ќе седне тренер кој доаѓа од Италија, а со него во стручниот штаб исто така ќе работат негови сонародници. Струмичкиот прволигаш, кој во новата сезона ќе го носи името Академија Пандев Брера Струмица, се договори со Џовани Валенти и нему ќе му ја довери клупата во наредниот период. Станува збор за 47-годишниот Италијанец кој во периодот кој следи ќе биде официјално преставен како нов тренер на оваа…
