Од Јувентус се оптимисти дека ќе успеат да го задржат Адриен Рабиот во својот тим и за следната сезона, пренесува Фабрицио Романо. Како што е познато, договорот на играчот од средниот ред со Јувентус истекува за една недела, а клубот се уште чека одговор од својот играч. Сепак, од „Алијанц стадионот“ се надеваат дека Рабиот на крајот ќе го продолжи договорот, бидејќи моментално најдобрата понуда за 28-годишниот играч е од клубот од Торино. Францускиот репрезентативец пристигна во Јуве како слободен играч во летото 2019 година. Минатата сезона беше веројатно најдобра негова со „бјанконерите“, бидејќи играчот од средниот ред заврши со…
Author: riste
Првото светско клупско првенство на кое ќе учествуваат 32 екипи ќе се одржи 2025 година во САД, одлучи Светската фудбалска федерација (ФИФА). Овој настан ќе претставува еден вид загревање за Светското првенство 2026 година во кое покрај САД, организатори се уште и Канада и Мексико. Натпреварувањето ќе се одржи во јуни и јули 2025 година, а организаторот треба да ги одреди градовите и стадионите на кои ќе се играат напреварите. На првото Светско клупско првенство од овој формат, ќе учествуваат 12 екипи од Европа, од кои сигурни се последните тројца победници во Лигата на шампионите, Манчестер сити, Реал Мадрид и…
Процесот на аплицирање за организатор на Светското првенство во фудбал во 2030 година ќе започне во третиот квартал на 2023 година, со назначување на домаќин во четвртиот квартал од 2024 година. Советот на ФИФА се согласи да го одложи официјалното започнување на процесот за да овозможи понатамошни консултации со сите засегнати страни. Целта е да се обезбеди организација на јубилејниот шампионат 100 години по организацијата на првиот и тоа на соодветно ниво. Советот на ФИФА ги одобри и барањата за земјата-домаќин за да можат сите заинтересирани здруженија подобро да разберат што треба да се направи за целосно домаќин на турнирот во однос на потребната инфраструктура,…
Познатиот фудбалски тренер Рафаел Бенитез ќе ја предводи шпанската екипа Селта Виго. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот. Договорот со тренерот е потпишан за период од три сезони. Се очекува Бенитез да му се приклучи на тимот во јули, на почетокот на претсезоната. Бенитез претходно беше тренер на Реал Мадрид, Наполи, Интер, Валенсија и Ливерпул, со кои ја освои Лигата на шампионите во 2005 година. Последната работа на Бенитез беше на клупата на Евертон, од каде си замина во 2022 година. Селта Виго минатата сезона ја заврши на 13-то место во шпанската Ла Лига со освеони 43 поени.
По две одбиени понуди, Челзи конечно се согласи да го продаде Каи Хаверц на Арсенал. Ова се случи по третата понуда на „топчиите“ која е во висина од 60 милиони фунти плус бонуси. Според Фабрицио Романо, бонусите треба да бидат во висина од 5 до 7,5 милиони фунти. Првите две понуди на Арсенал беа за 50 милиони фунти и 55+5 милиони фунти во бонуси. Самиот Каи Хаверц одамна се договорил за неговиот личен договор. Така германскиот интернационалец станува уште еден играч на „Стемфорд Бриџ“ кој летово ги пакува куферите. Н’Голо Канте (Ал-Итихад) веќе го напушти клубот, а прашање на часови…
Реал Мадрид ја објави долгоочекуваната вест поврзана со еден од симболите во актуелниот состав на оваа екипа. Кралскиот клуб потврди дека Тони Крос потпишал договор до летото 2024 година. Договорот меѓу двете страни, кој требаше да истече на крајот на овој месец, се очекуваше да биде обновен уште во март, но дури сега е официјализиран. Така, во август 33-годишниот Крос ќе ја започне својата десетта сезона на „Сантијаго Бернабеу“. Неговото останување го посакуваа и претседателот Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти. Поранешниот германски репрезентативец досега за Реал Мадрид одигра 417 натпревари, постигна 27 голови и 89 асистенции. Шампионот на Светското…
Македонските преставници во Конференциската лига на УЕФА денес во Нион ги добија можните противници за 2.квалификациско коло. Секако дека ова е значајно само доколку нашите тимови или барем некој од нив, би го елиминирал својот протовник во првотто коло. Освојувачот на Купот, Македонија ЃП доколку во 1.квалификациско коло успее да го елиминира тимот на РФС Рига од Летонија, тогаш следен ривал ќе биде Сабах од Азербејџан. Шкендија ако на стартот биде подобра од Хаверфордвест од Велс, тогаш во 2.квалификациско коло во КЛ ќе игра против победникот од двомечот Б36 Торшавн (Ф.Острови) и Паиде (Естонија). Шкупи, доколку ја мине првата пречка…
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард сепак нема да ја прифати понудата и да се приклучи на клупската фудбалска револуција во Саудиска Арабија. Поранешниот менаџер на Астон Вила, кој беше отпуштен од оваа екипа во октомври, доби понуда од Ал-Етифак и дури отпатува во земјата за лично да се сретне со сопствениците на клубот. Откако се појавија неговите слики од аеродром, се појавија информации дека тој сигурно ќе потпише со Ал-Етифак. Сепак, тие се покажаа лажни. „Таму бев поканет да погледнам потенцијална понуда, што и го направив. Ја анализирав понудата во последните неколку дена, но во моментов немам намера да ја…
Крилниот напаѓач на Јувентус, Анхел Ди Марија може да му стане соиграч на Лионел Меси во Интер Мајами, пишува „Калчомеркато“. Договорот на 35-годишниот Аргентинец истекува за неколку дена и тој ќе стане слободен играч откако од Јувентус не му понудија продолжување на договорот. Така, тој може безбедно да преговара со секој клуб кој е заинтересиран за неговите услуги. Ди Марија беше доведен во Јувентус со големи очекувања, но имаше прилично несигурна сезона, проследена со повреди. За „старата дама“ одигра 40 натпревари на кои постигна 8 гола и 7 асистенции. Сега за него има интерес од Интер Мајами и сериозно размислува…
Клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср, за кој игра Португалецот Кристијано Роналдо, му понуди на Интер 15 милиони евра за играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ. Ова го пренесува инсајдерот Џанлука ди Марцио. Според италијанскиот новинар, заминувањето на хрватскиот играч ќе му овозможи на Интер да го договори трансферот на Давиде Фратези од Сасуоло. Претходно беше објавено дека Марсело Брозовиќ е интересен за Њукасл, а пролетта англискиот клуб дури и контактираше со претставниците на играчот. Интер не се противи летово да го продаде Брозовиќ за да го растовари платниот список. Во исто време, клубот од Милано е подготвен да се раздели со 30-годишниот Хрват за сума од…
