Author: riste

Саудискиот Ал Хилал планира да го објави сензационалниот трансфер на Лионел Меси на 6 јуни, вторник. Според каталонскиот „Спорт“, целата земја се подготвува за спектакуларниот настан. Се чека само конечното „да“ на Лионел Меси. Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ вечерва ќе го одигра својот последен меч за Пари Сен Жермен, што пред два дена и официјално го потврди тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие. Најдоцна во понеделник Меси ќе го даде својот конечен одговор на Ал Хилал, а се очекува тој да биде позитивен. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, исто така сакаше да го врати Меси на „Камп Ноу“, но финансиските…

Read More

Борусија Дортмунд нема да ја добие посакуваната сума за трансферот на Џад Белингем. 19-годишниот играч од средниот ред е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Клубот од Дортмунд сакаше да добие околу 150 милиони евра за трансферот на играчот, но ќе биде принуден да се согласи на помала сума, тврди новинарот на Билд, Кристијан Фалк. Џад Белингем е на прагот да се пресели во Реал Мадрид. Клубовите допрва треба да се договорат.  Борусија Дортмунд ќе добие помала трансфер сума од очекуваното. Наместо да ги надмине рекордните 140 милиони евра на Осман Дембеле од Барселона, Дортмунд треба „само“ да добие фиксна исплата од 100 милиони евра, плус околу 20 милиони…

Read More

Серхио Рамос нема да остане во Пари Сен Жермен. Веста ја соопштија и клубот и самиот дефанзивец. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема да биде обновен. „Денеска е посебен ден бидејќи ќе се збогувам со уште една фаза од мојот живот. Ќе се збогувам со ПСЖ. Не знам на колку места можете да се чувствувате како дома, но тимот, навивачите и градот беа тоа за мене. Благодарам за овие две посебни години каде имав можност да играм во сите натпреварувања и секогаш давав максимум од себе. Претстојат нови предизвици, ќе облечам друг дреси, но пред тоа, последен…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше за ситуацијата со напаѓачот Жоао Феликс, чија позајмица во Челзи истекува на крајот од оваа сезона. „Тој ќе мора да се врати, а ние треба да му го дадеме најдоброто. Тој има одлични услови. Тоа ќе биде она што тој го посакува. Тој е играч на Атлетико. Компатибилен сум со сите играчи, немам проблеми со никого. Немаше среќа со повредите. Кореа потоа победи во конкуренцијата против него. Тој е млад човек со голема иднина пред него. Или со нас или со друг тим. Дали ќе го продадеме  Жоао? Треба да видиме дали тоа е економски корисно за клубот“, изјави Симеоне. Да потсетиме, Феликс се пресели…

Read More

Менаџерот на Лидс Јунајтед, Сем Алардајс стана менаџерот со најкраток стаж во историјата на Премиер лигата. Тој потпиша за Лидс Јунајтед на четири натпревари пред крајот на сезоната. Под негово водство клубот ремизираше и претрпе три порази. На крајот на сезоната Лидс Јунајтед испадна од Премиер лигата, што беше една од причините за заминувањето на тренерот. Договорот на тренерот со клубот беше раскинат со заеднички договор на двете страни. „Му благодариме на Сем што беше доволно храбар да дојде на работа и да даде се од себе за да не спаси. За жал, тоа не се случи, но Сем и неговиот тренерски тим направија се што…

Read More

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие сигурно ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, тврди „Л‘Екип“. 56-годишниот тренер е на кормилото на парижаните од минатото лето, но управата на клубот веќе реши да се раздели со него. Галтие е под договор на уште една година, но нема да го исполни до крај. Под негово водство ПСЖ ја освои титулата во Лига 1, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето од Баерн (Минхен). Катарските сопственици на ПСЖ сега бараат нов тренер. Се споменуваат имињата на Луис Енрике, Чаби Алонсо и Жозе Мурињо. Последниот натпревар на Галтие ќе…

Read More

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави соопштение на својата официјална веб-страница во врска со назначувањето на полскиот судија Шимон Марчињак за главен судија на финалето од Лигата на шампионите.  Претходно имаше информации дека Марчињак може да биде отстранет од натпреварот поради неговата политичка позиција. Скандалот избувна поради учеството на судијата на настан организиран од полскиот екстремно десничарски политичар Славомир Мензен. УЕФА го прифати извинувањето на судијата и го потврди назначувањето. „УЕФА внимателно ги истражи наводите поврзани со учеството на Шимон Марчињак на настан организиран во Катовице на 29 мај 2023 година. По темелна проверка, добивме изјава од Марчињак, во која тој изразува најдлабоко извинување и појаснување…

Read More

Само неколку дена по завршувањето на сезоната, ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го објави првото засилување за сезоната 2023/24. Во Битола доаѓа играчот кој требаше да игра за Вардар, Нејц Цехте, кој веќе потпиша договор на една сезона, со опција за уште една со „зелено-белите“. Цехте во Битола доаѓа од ГОГ Гудме, каде оствари одлични резултати оваа сезона. Откако минатото лето потпиша за Вардар 1961, па по исфрлањето од Европа, го раскина договорот словенечкиот десен бек сепак ќе заигра во македонскиот ракомет. „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. 30-годишниот десен бек…

Read More

Раководството на Севиља му понудило нов договор на предводникот на тимот Хозе Луис Мендилибар по триумфот во Лига Европа, објави познатиот новинар Фабрицио Романо. Претседателот на шпанскиот клуб Пепе Кастро е задоволен од работата на 62-годишниот тренер и инсистира тој да остане во клубот и следната сезона. Мендилибар е во Севиља од март. Под негово водство, Андалузијците го стабилизираа настапот во Примера и уште еднаш ја освоија Лигата на Европа, попатно елиминирајќи ги гигантите Манчестер Јунајтед и Јувентус, а во финалето триумфираа на пенали против Рома.

Read More

Лидс Јунајтед на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на тренерот Сем Алардајс од функцијата. Договорот на менаџерот со клубот беше раскинат со заеднички договор на двете страни. Алардајс го напушти Лидс на крајот од оваа сезона. Клубот соопшти дека ќе го објави името на новиот тренер во наредните недели. Алардајс (68) го презеде Лидс на само четири натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата. Под негово водство, тимот не можеше да извојува ниту една победа, ремизирајќи еднаш и доживеа три порази. На крајот на сезоната, Лидс испадна од Премиер лигата, поради што Алардајс ја напушти функцијата главен тренер. „Му благодариме на Сем што…

Read More