Author: riste

Хрватскиот играч за врска во Севиља Иван Ракитиќ зборуваше во пресрет на финалето од Лигата на Европа со Рома. „Тренерот уште од самиот почеток јасно стави до знаење што сака. Вечерва нема ништо да се промени. Мора да бидеме свои. Кога велат дека никој не го сака овој турнир како нас, тоа не е затоа што тоа го кажала некоја блескава глава во клупската канцеларија. Ние навистина така мислиме. Мораме да одиграме совршен натпревар, да го освоиме купот и да го вратиме дома“, изјави Ракитиќ за прес-службата на УЕФА. Финалниот натпревар од вториот најважен европски куп ќе се одржи денеска, 31 мај, а ќе започне во 21…

Read More

Италијанскиот гигант Јувентус склучил договор за порамнување на суд со обвинителството на Италијанската фудбалска федерација, според кој клубот се изјаснил за виновен во случајот за финансиска измама. Поради ова клубот ќе плати казна од 718.000 евра. Пред судот на Италијанската фудбалска федерација се разгледуваше случајот со Јувентус. Откако склучи договор за порамнување, клубот од Торино одби дополнително да ги оспори санкциите во однос на него. Судот го зеде предвид признавањето на вината од страна на Јувентус. Клубот ќе биде казнет само со парична казна. Претходно, потсетуваме, на Јувентус му беа одземени десет бода поради таканаречените фиктивни капитални добивки.  Во моментов, Јувентус се наоѓа на…

Read More

Шпански Виљареал е блиску до купување на голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ, објавија медиумите во Шпаија. Според истите, Виљареал го следи Ливаковиќ од јануари оваа година. Сега шпанскиот клуб веќе постигна усмен договор со голманот, но се уште не се договорил за трансфер со Динамо Загреб, кој побара 10 милиони евра за својот голман. Првата понуда на Виљареал за Ливаковиќ беше 7 милиони евра. Преговорите ќе продолжат во наредните денови. 28-годишниот Ливаковиќ оваа сезона одигра 49 натпревари за Динамо во сите натпреварувања, при што прими 49 гола на нив, а 13 пати ја остави мрежата недопрена. Неговиот договор со загрепскиот клуб е…

Read More

Извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар ја напушти функцијата. Ова беше потврдено од клубот на официјалната веб-страница. Ван дер Сар ќе ги предаде своите должности на своите колеги членови на одборот на 1 јуни 2023 година. Надзорниот одбор побара од него да остане на функцијата до 1 август. „По скоро 11 години во одборот на директори, донесов одлука да ја прекинам мојата работа. Заедно имавме прекрасни моменти, но и овој период беше неверојатно тежок. Многу сум благодарен на луѓето што ги запознав и работев во втората фаза од мојата кариера во Ајакс и на она што го постигнавме и поминавме заедно. Чувствувам потреба да се…

Read More

Македонската одбојка дочека во еден ден да биде сведок на настап на две наши репрезентации во Европската лига, односно ден во ко јшто двете наши сениорски репрезентации ќе играат во иста сала, една по друга. Утре (среда – 31.мај во Скопје, во арената „Борис Трајковски“ дамите ќе ја пречекаат Летонија, а одбојкарите ќе излезат на мегдан против Белгија. Пред одигрувањето на овие натпревари на прес-конкреренција своите очекувања ги искажаа селекторите и капитените на двете репрезентации. Селекторот Јошко Миленковски ќе има можност повторно да ја води нашата репрезентација пред домашната публика. „Навистина имам голема возбуда што повторно ќе бидам заедно со…

Read More

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ја потврди веста дека го напушта клубот по крајот на сезоната. На наполи му остана уште еден натпревар во сезоната, веќе го подигнаа Скудетото во Серија А, откако одиграа навистина импресивна сезона и во однос на играта и на резултатите. Сепак, шпекулациите за иднината на Спалети се актуелни со недели и покрај одличните перформанси на тимот, а конечното заминување на тренерот вчера го потврди и претседателот Аурелио Де Лаурентис. „Понекогаш се разделувате поради премногу љубов. Нема да останам, си одам. Нема шанси да се предомислам. Веќе пред неколку недели им кажав на луѓето во клубот…

Read More

Лондонски Челзи на својата официјална веб-страница го објави назначувањето на аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино за главен тренер на тимот. Покетино ќе ги преземе своите должности на 1 јули 2023 година. Договорот на Аргентинецот со лондонскиот клуб е на две години со можност за продолжување на уште една сезона на иницијатива на раководството на тимот. Во стручниот штаб на 51-годишниот специјалист ќе бидат Хесус Перез, Мигел Д’Агостино, Тони Хименез и Себастиано Покетино. Претходно, Покетино веќе работеше во англиската Премиер лига. Аргентинецот беше тренер на Тотенхем и Саутемптон. Покетино успеа да работи и во Шпанија со Еспањол и во Франција со ПСЖ, од каде си замина во…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен Томас Тухел нема да го напушти клубот по отпуштањето на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ. Ова го пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил. Според истиот, Тухел не планира да го напушти Баерн. Германскиот тренер чека разјаснување на ситуацијата со директорите, но сепак е 100% вклучен во проектот на клубот од Минхен. Претходно, да потсетиме, беше објавено дека Тухел, кој го водеше Баерн од март, би можел да го напушти клубот по отказот на извршниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. Ова, особено, го изрази екс играчот од средниот ред на Ливерпул и германската репрезентација Дитмар Хаман, кој рече…

Read More

Тренерот на Барселона Чави ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2026 година. Ова го пренесува шпанското издание „Спорт“. Разговорите меѓу Барселона и Чави постигнаа голем напредок во последните недели, според изворот. Конечната одлука треба да биде донесена во наредните денови, страните треба да се договорат за последните детали од зделката. Се очекува шпанскиот тренер да потпише договор со клубот кој истекува во 2026 година. Чави ќе ја презеде Барселона во 2021 година, неговиот актуелен договор е до следното лето. Во сезоната 2022/2023, оваа екипа под негово водство го освоија шпанското првенство, освојувајќи 88 поени на 37 натпревари до денес. Дополнително, шпанскиот Суперкуп им припадна…

Read More

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино стана главен тренер на лондонски Челзи. Ова го објави новинарот Мет Лоу на Твитер. Маурисио Покетино веќе го потпиша својот договор со Челзи, Аргентинецот се договорил со лондончани пред околу две недели, но дури сега го потпиша договорот чиј рок е до јуни 2026. Во неговиот стрчен штаб се Хесус Перез, Тони Хименез, Мигел Д’Агостино и неговиот син Себастиано Покетино. Официјално, веста за назначувањето на Покетино ќе биде објавена во следните 48 часа, иако тоа не се очекува да се случи денеска. Се шпекулира дека тоа би можело да се случи на 30 мај, точно една…

Read More