Author: riste

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег стана само третиот холандски тренер кој ја завршил сезоната во англиската Премиер лига во најдобрите четири екипи. Претходно тоа го постигнаа само Луис ван Гал со Манчестер Јунајтед во сезоната 2014/2015 и Гус Хидинк со Челзи во сезоната 2008/2009. Манчестер Јунајтед, откако го победи Челзи (4:1) во одложениот натпревар од 32. коло на англиската Премиер лига, си обезбеди пласман во најдобрите четири екипи на крајот од сезоната. Со оваа победа Манчестер Јунајтед се искачи на третото место на табелата во англиската Премиер лига со 72 бода од 37 натпревари. Веднаш зад нив е Њукасл со 70…

Read More

Францускиот напаѓач во екипата на Реал Мадрид Карим Бензема постави уникатно достигнување. Бензема трета сезона по ред има постигнато најмалку 30 гола во сите натпреварувања за клубот. Ова е првпат во кариерата Французинот да има ваков учинок. Минатата сезона постигна 44 погодоци, а лани францускиот напаѓач исто така постигна 30 гола во сите натпреварувања. Тој го постигна својот 30-ти гол оваа сезона на натпреварот од шпанското првенство против Рајо Ваљекано. Реал Мадрид успеа да дојде до победата на оваа средба откако Родриго погоди на додавање на Дани Себаљос. Реал Мадрид има 74 бодови и се искачи на втората позиција пред Атлетико Мадрид кој има…

Read More

Играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте ќе го напушти клубот и ќе се пресели во ПСЖ. Според „Рекорд“, Угарте веќе договорил петгодишен договор со парижаните. Раководството на клубот одлучи да ја активира ослободителната клаузула во договорот на играчот, која изнесува 60 милиони евра. Претходно беше објавено дека интерес за играчот од средниот ред на Спортинг има од Челзи и Ливерпул. Во сезоната 2022/2023, дефанзивниот играч за врска забележа 47 настапи за Спортинг во сите натпреварувања, постигнувајќи една асистенција. Договорот на играчот со клубот од Лисабон е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет…

Read More

Англискиот Ливерпул ја загуби шансата да се пласира во Лигата на шампионите за сезоната 2023/2024. Ливерпул, кој е петти на табелата во Премиер лигата, има освоено 66 бода од 37 кола. По победата над Челзи, Манчестер Јунајтед се искачи на третото место на табелата во Премиер лигата со 72 бода. Њукасл и претходно си обезбеди билет за Лигата на шампионите. Така од Премиер лигата во Лигата на шампионите ќе играат Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл. На едно коло пред крајот на првенството, Ливерпул си го загарантира петтото место. Во сезоната 2023/2024 ќе игра во Лига Европа. Во вториот најважен европски турнир ќе учествува и Брајтон, кој…

Read More

Играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу ќе го продолжи договорот со миланскиот клуб до 2027 година. Ова го пренесува инсајдерот Фабрицио Романо во својот „Твитер“. Според изворот, 29-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор во наредните денови. Чалханоглу ги договорил сите детали од новиот договор со Интер, кој ќе биде со важност до летото 2027 година. И самиот играч потврди дека ќе остане во Интер. „Начелниот договор е постигнат, многу ми е драго што ќе продолжам да играм овде“, изјави Хакан Чалханоглу. Чалханоглу оваа сезона одигра 31 натпревар во Серија А за Интер, постигнувајќи три гола и…

Read More

Серхио Рамос ја одбил понудата за нов договор од Пари Сен Жермен, пренесуваат медиумите во Франција. Шпанскиот дефанзивец има голема желба да продолжи да игра на високо ниво, но понудата на парижаните беше со значително намалени услови. С портскиот директор Луис Кампос сака да ја преполови платата на дефанзивецот, додека значително се намалуваат и различните бонуси во новата понуда. Сите овие работи не му се допаднаа на дефанзивецот и неговите претставници. 37-годишниот дефанзивец му се приклучи на ПСЖ во летото 2021 година, а неговата прва сезона на „Паркот на принцовите“ не беше особено успешна. Сепак, Рамос веќе забележа 43 настапи…

Read More

Играчот од средниот ред на Севиља, Ерик Ламела има постигнато најмалку десет гола во првенствата на Англија, Италија и Шпанија. Тој стана првиот аргентински играч во историјата кој го сторил тоа, објави веб страната за статистика „OptaJose“. На натпреварот од 36. коло во Ла Лига помеѓу Севиља и Елче, кој се одигра вчера, Ерик Ламела го постигна првиот и единствен гол на тимот на Хозе Мендилибар. Средбата заврши нерешено со резултат 1:1. За Ламела овој гол беше десетти во две сезони во домашниот шпански шампионат и му овозможи да постави нов рекорд меѓу аргентинските фудбалери кои настапувале и играат во…

Read More

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака го продолжи договорот со клубот. Ова го објави официјалниот сајт на Арсенал. Терминот на договорот не беше соопштен, но јасно е дека договорот е долгорочен. „Навистина сум среќен. Се зборуваше многу и помина многу време, но сега сум тука. Мислам дека ова е вистинскиот клуб, вистинското место за да се направи следниот чекор. Тоа е голем клуб – погледнете каде сме. За мене се работи за остварување на мојата лична амбиција, се трудам и давам се од себе на секој натпревар. Опкружен сум со сите вистински луѓе во однос на семејството, а кога доаѓам на…

Read More

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да го помине првото коло на АТП-челинџер турнирот што се игра во Скопје откако денеска беше поразен од од Хрватот Дино Призмиќ со 0:2 во сетови. Ова беше прв настап на Ивановски на челинџер-турнир со награден фонд од 75.000 долари, сега играше во далеку посилна конкуренција во однос на онаа со која Калин Ивановски игра се соочуваше во изминатиот период. Дино Призмиќ моментно се наоѓа на 295. место на АТП-листата, а тоа е за повеќе од сто позиции подобар ранкинг од оној на Ивановски (415.), па хрватскиот тенисер успеа да ја оправда фаворитската улога.…

Read More

Јувентус по вторпат оваа сезона официјално е казнет со административно намалување на бодовите во Серија А, во овој случај на клубот му беа одземени 10 бода. Ова го соопшти италијанската фудбалска федерација, а причина за строгата санкција е обвинението за фалсификување капитални добивки. Токму поради оваа причина во јануари на клубот му беа одземени 15 бода од локалната федерација. Во април таа одлука беше поништена од Италијанскиот олимписки комитет и случајот беше вратен на повторно разгледување. Токму денеска се одржа ново рочиште за случајот околу овој случај, на кое двете страни слушаа и се расправаа. Сојузните обвинители побараа казната да…

Read More