Author: riste

УЕФА ги објави судиите за финалето на европскиот клупски турнир оваа сезона. Полскиот судија Шимон Марчињак се очекува да го суди финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер на 10 јуни. Полјаци ќе бидат помошници на судијата, како и одговорни за ВАР, а четврти судија ќе биде Иштван Ковач од Романија. Ова е уште едно големо признание за судијата Марчињак, кој го водеше и финалето на СП 2022 помеѓу Аргентина и Франција (3:3), а пред неколку дена беше главен судија на реваншот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид (4:0). Англичанецот Ентони Тејлор ќе…

Read More

Светскиот шампион Аргентина објави дека ќе игра против Австралија пријателски натпревар во Пекинг на 15 јуни. Четири дена подоцна – на 19 јуни „гаучосите“ ќе гостуваат во Џакарта кај Индонезија. Евентуалното присуство на Лионел Меси најверојатно ќе предизвика вистински хаос за билети кај кинеските и индонезиските навивачи. Тој ќе ја посети Кина за прв пат од 2017 година. Капитенот на Аргентина за првпат таму гостуваше во 2005 година, кога Барселона тренираше во Азија. Во 2010 година, Меси и Барселона го победија Пекинг Гуан со 3:0 во контролен натпревар. Веста за контролата брзо стана најпопуларна на кинеските социјални медиуми, а барањата…

Read More

Оригиналниот шампионски трофеј во Бундеслигата ќе биде испратен на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд во сабота, објави телевизијата „Sport1“, повикувајќи се на извори од Германскиот фудбалски сојуз. Борусија (Дортмунд) е домаќин на тимот на Мајнц и доколку победи ќе ја освои титулата. Екипата на Борусија Дортмунд води на привремената табела со 70 бодови и е со 2 бода пред второпласираниот Баерн (Минхен), кој има 68, на едно коло пред крајот на сезоната. Копијата (репликата) од трофејот ќе биде однесена во Келн каде гостува Баерн. Шампионот од Минхен повторно ќе се радува доколку победи на гостински терен, а Дортмунд не успее…

Read More

Алберт Ботинес, агентот на голманот на Интер, Андре Онана, зборуваше за иднината на играчот со оглед на информациите за интерес од англиските клубови за неговиот клиент. „Гласините за можен трансфер се нормални во оваа фаза, но претпочитам да не зборувам за тоа бидејќи се уште е многу рано. Сега е фокусиран само на настапите на теренот. Имаме петгодишен договор со Интер, па му остануваат уште четири години. Во моментов тој е фокусиран само на преостанатите натпревари во Серија А и финалето на Лигата на шампионите. Тој има долг договор, не грижете се. Тој е многу среќен бидејќи игра за најсилниот…

Read More

Менаџерот Пеп Гвардиола има уникатна шанса да го предводи својот Манчестер Сити до тројната круна по уште една многу силна сезона за „граѓаните“. Освојувањето на титулата во Премиер лигата изгледа 99% сигурно, а тимот е дел од финалето на Лигата на шампионите и ФА Купот. Во интервју за „Скај Спортс“, Шпанецот беше запрашан дали со подигање на сите три трофеи сега ќе го напушти клубот откако веќе има постигнато толку многу. „Прво треба да ги освоиме овие пехари и дури потоа да ме прашате како се чувствувам и што мислам за оваа работа“, одговори Пеп. Тој побрза да појасни дека…

Read More

Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија се повреди на тренингот пред натпреварот со Интер кој е дел од 36. коло од италијанското првенство, објави клубот на својата официјална веб-страница. Репрезентативецот на Грузија вчера тренираше одвоено од главната група. Така, играчот може да ја пропушти пресметката со Интер, која според програмата е утре од 18 часот на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Оваа сезона 22-годишниот Кварацхелија забележа 40 настапи за „наполитанците“, постигнувајќи 14 гола и 17 асистенции.

Read More

очекувања од финалето на Лигата на Европа против Рома. Римјаните во полуфиналето го победија Баер (Леверкузен) (1:0; 0:0), а Севиља се покажа посилна од Јувентус (1:1; 2:1 по продолженија). „Вложивме многу труд. Оние кои ги гледаа натпреварите без да бидат навивачи на Севиља беа малку. Рома е силен противник, но ние исфрливме одлични тимови, докажувајќи дека можеме да играме против секого“, изјави вториот капитен на Андалузијците. Финалето на Лига Европа ќе се одигра на 31 мај на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта. Севиља ќе брка рекорден седми трофеј на турнирот, кој Рома досега го нема освоено.

Read More

Претставниците на јужнокорејскиот дефанзивец од италијанскиот Наполи Ким Мин Јае одржале прелиминарни преговори со спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос околу трансферот на играчот во парискиот клуб, соопштува “РМЦ Спорт“. Според изворот, средбата била од воведен карактер и како резултат на тоа не бил постигнат договор. Забележано е и дека самиот играч се уште е наклонет кон преселба во англиската Премиер лига. Да потсетиме, претходно и Манчестер Јунајтед имаше средба со агентот на играчот и му ја достави својата понуда. Ким Мин Јае се пресели во италијанскиот клуб во летото 2022 година од турски Фенербахче, зделката изнесуваше 18 милиони евра. Актуелниот договор на 26-годишниот играч…

Read More

Министерството за внатрешни работи денес објави дека полицаецот кој го удри со пендрек ракометарот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Филип Талески, добил кривична пријава и суспензија од работа до завршување на постапката. Да потсетиме дека овој немил настан се случи за време на финалето од Купот на Македонија во Охрид. Еве го соопштението од страна на МВР: „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична…

Read More

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ќе ги одмора играчите на Манчестер Сити против Малта во квалификациите за УЕФА Евро 2024 година во Германија во јуни 2024 година, пренесува „Daily Mail“. Средбата со Малта ќе се одигра на 16 јуни, шест дена по финалето на Лигата на шампионите, во кое Манчестер Сити ќе игра со Интер. Во овој поглед, учеството на дефанзивците Џон Стоунс и Кајл Вокер и играчите од средниот ред Џек Грилиш, Фил Фоуден и Калвин Филипс во натпреварот со Малтежаните речиси и не доаѓа предвид. Во исто време, фудбалерите на Манчестер Сити, повикани од Саутгејт на подготовки, ќе треба да пристигнат…

Read More