Манчестер Сити го пречекува Реал Мадрид на стадионот „Етихад“ во исклучително тежок реванш од полуфиналната фаза во Лигата на шампионите. Двата тима, кои и пред почетокот на сезоната беа меѓу главните фаворити, ремизираа 1:1 пред една недела на „Сантијаго Бернабеу“ по спектакуларните голови на Винисиус Жуниор и Кевин Де Бруин. Така исходот околу патникот во финалето остана за денешниот реванш. Манчестер Сити е на само четири натпревари до можна историска тројна круна за клубот. Првиот од овие натпревари е токму против актуелниот освојувач на трофејот во Лигата на шампионите. Неколку дена подоцна, во недела, „Граѓаните“ можат да ја официјализираат титулата…
Author: riste
Викендов нема да има Гран При на Емилија Ромања на патеката Имола. Ова беше решено пред неколку минути поради лошото време, обилните врнежи од дожд и поплавите во градот Имола и регионот Емилија Ромања. Делови од патеката се поплавени, бидејќи веќе вчера механичарите кои работат во боксот беа евакуирани од патеката, а денеска добија нова забрана за враќање на патеката. Одлуката беше донесена од страна на Формула 1, ФИА и организаторите на Големата награда на Емилија-Ромања. Најмалку две лица загинаа овој месец во областа поради обилни дождови и поплави, а повеќе од 12 реки се излеаа од коритата и ги…
Во просториите на Агенцијата за Млади и Спорт денеска се одржа прес конференција на Кајакарската Федерација на Македонија каде беа соопштени сите детали поврзани со започнувањето Европското првенство за сениори во кајак спуст на дива вода – Скопје 2023. На прес конференцијата зборуваше директорот на Агенција за Млади и Спорт, Г-дин Наумче Мојсоски кој нагласи дека АМСМ останува подржувач на сите вакви спортски манифестации кои на едно место собираат многу спортисти од Европа. Претседателот на КФМ Г-дин Дрилон Леши истакна дека со добра организација на ова ЕП се надеваат дека ќе добијат можност да бидат организатори и на СП, а…
Арсенал е подготвен да инвестира повеќе од 230 милиони евра за да го засили својот тим во летниот преоден рок, пренесува „Тајмс“. Според изворот, тренерот на Арсенал, Микел Артета, добил зелено светло од управата за големи трошоци во летото. Менаџерот на „топчиите“ е заинтересиран да ги ангажира играчите од средниот ред на Вест Хем и Брајтон, Деклан Рајс и Мојсес Кајседо. Исто така, Арсенал може да се врати на опцијата за потпис на Рафиња од Барселона и Муса Дијаби од Баер Леверкузен. „Топчиите“ остануваат заинтересирани за играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт. Арсенал во моментов е втор во Премиер лигата по…
Вториот гран при викенд од европското ТЦР првенство се одржа на улиците во По, Франција, локација каде што постои едновековна традиција во организација на трки. Македонскиот возач Виктор Давидовски имаше импресивен настап, при што во првата трка стигна до четвртото место (откако стартуваше седми), но за волја на вистината почетокот на гран при викендот беше одбележан од дождливото време кое им ја отежнуваше работата на возачите и инженерите за подготовка на автомобилите за соодветните временски услови. „Променливите временски услови овозможија да има изненадувања, бидејќи инженерите во дадени моменти мораа да работат на штелувањето на возилата врз основа на метеоролошките прогнози,…
Двата италијански фудбалски гиганти Интер и Милан се среќаваат во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој е на програмата вечерва од 21 часот. Пред една недела, во првата средба на „Сан Сиро“ избраниците на Симоне Инзаги победија со 2:0, со што станаа фаворит за продолжување до финалето во Истанбул, каде за противник ќе го имаат Манчестер Сити или Реал Мадрид (1:1 во првиот натпревар). Минатата среда „нероаѕурите“ погодија со два гола на самиот старт на натпреварот, по што Милан не успеа да одговори. Ова сега ќе биде петта сезонска средба меѓу градските ривали, откако тие беа ривали во…
Челзи жали поради одлуката да го отпушти германскиот стручњак Томас Тухел. Според „Дејли мејл“, новите сопственици на клубот не сакале да продолжат да соработуваат со Тухел, но во моментов од Челзи знаат дека залудно го отпуштиле. Лондонскиот клуб смета дека требало да го остават Тухел на нивната клупа до крајот на сезоната, па дури потоа да бара замена за него. По заминувањето на Тухел, Челзи го презеде Греам Потер. Работеше со тимот седум месеци и доби отказ. Тренер на „сините“ во моментов е Френк Лампард кој ќе остане до крајот на сезоната 2022/23. По 36. коло во англиската Премиер лига, Челзи се наоѓа на…
Од Вулверхемптон се помирија со фактот дека на лето речиси сигурно ќе загубат еден од најважните играчи – Рубен Невеш и за него одредиле цена од 50 милиони фунти, пренесува печатот во Шпанија. Португалскиот играч за врска е дел од тимот на „волците“ од летото 2017 година, а со своите настапи во овие години го привлече интересот на голем број клубови. Тој долго време е предмет на интерес од Барселона, па сега по официјалното заминување на Серхио Бускетс, речиси е сигурно дека Каталонците ќе направат сериозен обид да го ангажираат. Раководството на Волвс ја прифатија ситуацијата и нема да се…
Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике не се појави на шампионската парада, објави „Мундо Депортиво“. Во понеделникот, играчите на Барселона се собраа пред стадионот „Камп Ноу“ за да се возат низ улиците на градот со отворен автобус пред навивачите. Тренерот на Каталонците, Чави , претходно изјави дека на прославата ќе биде поканет Жерар Пике, кој ја заврши кариерата, но Пике не бил виден во автобусот. Да потсетиме дека долгогодишниот предводник на Барселона и шпанската репрезентација се ја заврши кариерата оваа сезона. Дефанзивецот одигра 616 натпревари за Барселона, на кои постигна 53 гола и направи 15 асистенции. Дефанзивецот има шест настапи оваа сезона во Ла Лига. Пике…
Италијанскиот играч за врска во редовите на Милан, Сандро Тонали зборуваше за претстојниот реванш против Интер. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Интер. „Има многу емоции околу натпреварот. Имаме голема шанса. Не можеме да го промениме исходот од првиот натпревар, но можеме да работиме заедно во реваншот за да се подобриме. Знаеме колку значи оваа средба. Секој што го носи дресот на Милан на овој натпревар знае дека треба да дадеме сè за да можеме да се гордееме со себе“, изјави Тонали за прес-службата на УЕФА. Реваншот меѓу Интер и Милан ќе се одигра во Милано на стадионот „Џузепе Меаца“ вечерва од 21…
