Ал-Хилал продолжува да прави обиди да го ангажира напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, објави „Мундо Депортиво“. Според истите, клубот ја зголемил понудата на Меси и му нуди 500 милиони евра за една сезона. Претходно беше објавено дека Ал-Хилал е подготвен да му плати на аргентинскиот напаѓач околу 400 милиони евра за една сезона, што може да биде најголемиот договор во историјата на фудбалот. Друга можна опција за продолжување на кариерата на Меси е враќањето во каталонската Барселона. Меси е во ПСЖ од 2021 година. Договорот на напаѓачот со клубот е до крајот на оваа сезона. Меси оваа сезона настапи на 38 натпревари…
Author: riste
Преселбата на бразилскиот напаѓач на францускиот ПСЖ, Нејмар во англискиот Њукасл е комплицирана поради барањата на фудбалерот за висината на платата, пренесуваат медиумите во Англија. Во летниот преоден рок, Њукасл сака да се фокусира на купување играчи кои ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона. Англискиот клуб веќе стапил во контакт со блиски луѓе на Нејмар за да разговараат за можен трансфер. Ситуацијата со евентуален трансфер се уште е далеку од напредна фаза, но доколку Бразилецот го напушти ПСЖ, тогаш Премиер лигата ќе биде најпогодното место за продолжување на кариерата. Договорот на 31-годишниот Нејмар со ПСЖ е со важност до 2025 година. Бразилскиот…
Импресивниот настап на италијанските клубови на меѓународната сцена оваа сезона доведе до уникатно достигнување за Серија А во овој век: Оваа лига има тројца финалисти на европските турнири. Интер ќе го предизвика Манчестер Сити за нов победник во Лигата на шампионите во Истанбул на 10 јуни, Рома ќе се соочи со Севиља во финалето на Лига Европа на 31 мај во Будимпешта, а Фиорентина ќе се обиде да стане вториот италијански тим кој триумфирал во Конференциската лига, но ќе мора да го победи Вест Хем на 7 јуни во Прага. Италија последен пат имаше финалисти на три различни турнири на…
Севиља по втор пат во историјата ќе се сретне во решавачкиот натпревар од Лигата на Европа со екипа од Италија. Шпанскиот клуб се пласираше во финалето на европскиот куп откако во реванш полуфиналниот натпревар го совлада Јувентус по продолженија (2:1). Првиот натпревар во Торино заврши со резултат 1:1. Во финалето на Лига Европа, Севиља ќе игра со италијанската Рома која во полуфиналето го помина германскиот Баер Леверкузен (1:0 во Рим и 0:0 во Леверкузен). Одлучувачкиот натпревар на турнирот ќе се одигра на 31 мај на „Пушкаш арената“ во Будимпешта со почеток во 21 часот. Претходно, Севиља играше во финалето на Лига Европа -…
Фудбалерите на Вест Хем се судрија со навивачите на АЗ Алкмар по реваншот од Конференциската лига. Да потсетиме дека средбата заврши со победа на лондончани со резултат 1:0 со гол постигнат во судиското надополнување. По натпреварот ултрасите на домаќините го нападнаа гостинскиот сектор на навивачите на лондонскиот клуб во кој беа и семејствата на играчите. Неколку играчи на Вест Хем истрчаа до трибините и влегоа во вербален дуел со навивачите на АЗ Алкмар. Првиот натпревар заврши со победа на Вест Хем од 2:1. Така, лондончани стигнаа до финалето на Конференциската лига, каде ќе се сретнат со Фиорентина, која го победи Базел во…
Натпреварот помеѓу Базел и Фиорентина понуди многу возбудувања, како на теренот, така и на трибините. Во продолжението од мечот дојде до прилично опасна ситуација во секторот кај гостинските навивачи. Еден гостински навивач доживеа срцев удар на трибината на стадионот каде беа навивачите на Фиорентина. Резервните играчи на Фиорентина веднаш реагираа и истрчаа да повикаат лекар. Судијата го прекина натпреварот за медицинските лица да му ја пружат потребната помош на навивачот, а целиот стадион замолкна. Сепак, болничарите успеаја навреме да интервенираат и по десет минути пауза, официјалниот спикер на стадионот објави дека 53-годишниот навивач на Фиорентина е пренесен во болница и…
Голманот на Ајакс, Мартен Стекеленбург ќе се повлече од играњето по завршувањето на актуелната сезона, соопшти клупската прес-служба. 40-годишниот поранешен холандски репрезентативец ќе се прости од навивачите за време на домашниот натпревар од 33. коло против Утрехт на 21 мај. Стекеленбург потекнува од школата на Ајакс. Како дел од клубот од Амстердам четири пати стана шампион на Холандија и го освои националниот Куп. Голманот во својата кариера настапуваше и за Рома, Евертон, Саутемптон, Фулам и Монако. Мартен Стекеленбург има 63 настапи за репрезентацијата на Холандија. Со составот на „лалињата“ освои сребрен медал на Светското првенство во 2010 година.
Англиската Премиер лига на својата официјална веб-страница ги објави имињата на претендентите за титулата најдобар играч во сезоната 2022/2023. На листата на номинирани се најдоа: Кевин Де Бруин (Манчестер Сити)Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)Хари Кејн (Тотенхем)Мартин Одегард (Арсенал)Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед)Букајо Сака (Арсенал)Киран Трипиер (Њукасл Јунајтед). Победникот ќе биде одреден со гласање на навивачите и фудбалските стручњаци. Резултатите од гласањето ќе бидат објавени на 27 мај. Да потсетиме дека на табелата во Премиер лигата на три кола пред крајот на сезоната 2022/2023 води Манчестер Сити. Избраниците на Пеп Гвардиола на 35 натпревари имаат освоено 85 поени. На втората позиција е лондонски…
Арсенал сака да го обнови договорот со еден од главните мотори во тимот на Микел Артета – Мартин Одегард. Актуелниот договор на Норвежанецот истекува за две години, но според медиумите во Лондон, клубот планира да го продолжи договорот за дополнителни 12 месеци – до летото 2026 година. Планот на управата на Арсенал е повторно ангажирање на играчите од јадрото на овој состав, што ќе го донесе потребниот душевен мир дека Арсенал ќе има борбен тим во наредните години. Многу брзо нови договори ќе парафираат Букајо Сака и Арон Рамсдејл, кои веќе ги договориле условите. Клубот преговара и со Вилијам Салиба.…
Играчот од средниот ред на Баерн, Џошуа Кимих може да ја продолжи кариерата во шпанското првенство. Барселона е заинтересирана за неговите услуги, информира „Мундо Депортиво“. Според изворот, самиот играч е расположен за преселба во Шпанија, бидејќи ситуацијата во Баерн Минхен сега не е најдобра – соблекувалната е поделена на неколку „табори“, а играта на тимот е далеку од посакувана. Барселона веќе почна да презема активности за потпис на Кимих, но тоа нема да биде лесно, бидејќи каталонскиот клуб има одредени финансиски проблеми. Сепак, токму во Кимих раководството на Барселона гледа замена за Серхио Бускетс, кој ќе го напушти тимот на крајот од сезоната.
