Author: riste

Пари Сен Жермен ќе направи уште еден обид да го ангажира Маркус Рашфорд. Надеж на парижаните им дава фактот што напаѓачот се уште не го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед. Актуелниот договор на англискиот репрезентативец е до летото 2024 година. Рашфорд пред почетокот на актуелната сезона повторно беше трансфер цел на ПСЖ. „Атлетик“ тврди дека му била понудена плата од 400.000 фунти неделно од „Паркот на принцовите“, но тој избрал да остане во Манчестер Јунајтед. „На „Олд Трафорд“ Рашфорд добива 200.000 фунти неделно, но само во сезоните во кои клубот учествува во Лигата на шампионите. Напаѓачот игра во одлична форма…

Read More

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија е блиску до нов договор со Јувентус. Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза и речиси е сигурно дека аргентинскиот крилен напаѓач ќе остане во клубот од Торино и следната сезона. Треба да се разјаснат уште некои детали, но веројатно нема да бидат проблем. Желбата на самиот фудбалер е да продолжи да го носи дресот на Јувентус, без оглед на информациите дека постои опција да се врати во Шпанија и да потпише со Атлетико Мадрид. Светскиот шампион најверојатно ќе го продолжи договорот со Јувентус до летото 2024 година. Во тековната сезона има 24 натпревари…

Read More

Синоќа се одигра натпреварот од 2.коло од квалификациите за ЕП 2024 година во кое се сретнаа Шкотска и Шпанија. Екипите играа на „Хемпден Парк“ во Глазгов, а натпреварот заврши со победа на Шкотска од 2:0. Репрезентацијата на Шпанија пред натпреварот со Шкотска го немаше напуштено теренот без постигнат гол на 39 натпревари од квалификациските турнири за ЕП по ред. Последниот натпревар без постигнати голови се случи во октомври 2006 година.  Тогаш Шпанците загубија од Шведска со резултат 0:2, што не им пречеше да ја завршат групата на првото место, а подоцна и да го освојат Евро 2008 година. Претходно, Шпанија во првото…

Read More

Според весникот „Билд“, германскиот тим Борусија Д. сака да го задржи играчот од средниот ред во тимот најмалку уште една сезона. За да го направи ова, тимот е подготвен да му ја зголеми платата за 2,5 пати – до 15 милиони евра. Спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел, планира да достави понуда до Англичанецот и неговиот татко. Во исто време, се забележува дека најверојатната опција е Белингем сепак да го промени тимот ова лето. Реал Мадрид е фаворит за неговиот трансфер. Трансферот на играчот од средниот ред во Реал Мадрид во голема мера ќе зависи од тоа дали клубот ќе одлучи да…

Read More

Манчестер Јунајтед и ПСЖ на лето ќе се обидат да го ангажираат напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Според „Газета дело Спорт“, Наполи е заинтересиран да го обнови договорот со напаѓачот, но потенцијалните заинтереситрани клубови за Осимен се подготвени да понудат поголема плата – повеќе од 6 милиони евра по сезона. Фаворит во трката за потписот на Нигериецот е Манчестер Јунајтед, но, според изданието, ПСЖ има намера да конкурира за Осимен.  Луис Кампос наводно е голем обожавател на Нигериецот. Наполи ќе бара најмалку 150 милиони евра за Осимен, што значи дека неговиот трансфер би можел да биде трет најскап во историјата на…

Read More

Интер ќе потпише нов договор со играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу, пренесува новинарот  Фабрицио Романо. Новиот договор на 29-годишниот фудбалер со Интер ќе биде до крајот на сезоната 2026/27. Актуелниот договор на Чалханоглу со Интер истекува следната година. За тимот тој настапува од 2021 година кога дојде од големиот градски ривал Милан. Во актуелната сезона, Хакан Чалханоглу има 36 настапи за Интер во сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 6 асистенции. Клубот моментално преговара со дефанзивецот Алесандро Бастони, чиј договор со „нероаѕурите“ истекува во јуни 2024 година.

Read More

Антонио Конте ќе добие обештетување  од 4 милиони фунти откако беше отпуштен од Тотенхем пред да му истече договорот на крајот на сезоната, пренесува весникот „Мирор“. Двете страни решија да се разделат по променливите резултати на Тотенхем во последно време и особено по изјавите на Италијанецот по последното реми против Саутемптон, кога ги обвини играчите за недостаток на желба за победа, но и големи критики за раководството на лондончани и особено за претседателот Даниел Леви. Тотенхем моментално е четврти на табелата со 49 бодови, но Њукасл е петти со само два бода помалку, но и со два меча помалку. Клубот…

Read More

Францускиот напаѓач Оливие Жиру кој беше дел од квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 во Германија против Ирска (1:0) успеа да собори еден рекорд во својата репрезентација. Напаѓачот во моментот на натпреварот имаше 36 години и 178 дена. Ова го направи Жиру највозрасен играч од 2000 година кој играл за Франција на официјален натпревар, објави „Футмеркато“ Жиру го надмина легендарниот дефанзивец Лилијан Турам, кој играше за Франција на 36 години и 164 дена. Вкупно, Оливие Жиру одигра 121 натпревар за француската репрезентација, на кои постигна 53 гола. Напаѓачот е најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација. Жиру стана светски шампион со…

Read More

Челзи може да го покани германскиот стручњак Јулијан Нагелсман, во случај лондончани да решат да го ослободат својот сегашен менаџер Греам Потер, пишува германскиот новинар Флоријан Плетенберг. Нагелсман, кој доби отказ од Баерн (Минхен), влезе во потесниот избор за сините. Во исто време, сепак, протече информација дека Челзи има намера да ја прекине соработката со Потер, зад кој раководството во моментов безусловно стои. Во меѓувреме се појавија и информации дека од друг лондонски тим – Тотенхем сакаат Нагелсман да ја преземе менаџерската позиција во нивниот клуб. Сепак, од Тотенхем се уште немаат дадено конкретна понуда до германскиот тренер. Јулијан Нагелсман…

Read More

Букајо Сака наскоро би можел да стане најплатениот играч на Арсенал, пишува весникот „Сан“. Очекувањата се дека ќе потпише нов петгодишен договор кој ќе му носи 300 000 фунти неделно. 21-годишниот играч преговара со раководството на „топчиите“ повеќе од една година, но двете страни се во завршна фаза и се очекува наскоро да го објават договорот. Тоа би било прилично сериозно зголемување на платата за Сака, кој моментално заработува околу 70.000 фунти неделно. Се очекува крилниот напаѓач да го надмине Габриел Жесус, кој моментално е на врвот на листата по неговиот трансфер од Манчестер Сити за 45 милиони фунти минатото…

Read More