Author: riste

Видеолотарија Касинос Австрија е една од најуспешните компании во нашата земја, а својата определба како општествено одговорна компанија да помага во спортот ја потврдува и со потпишувањето на договори со наши познати спортисти, спортски легенди кои ќе ја имаат улогата на бренд амбасадоти на Видеолотарија Касинос Австрија. На денешната прес-конференцијата во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, беше преставена соработката со Перо Антиќ, Кире Лазаров и Игор Стефановски Иџе. Лазаров и Стефановски и досега ја имаа улогата на бренд амбасадори, а Антиќ за прв пат ќе ја има оваа улога. Заедно со најдобрите Видеолотарија Касинос Австрија ќе продолжи да го помага…

Read More

Англиската Премиер лига ја одби понудата на стриминг платформата Нетфликс за создавање серија за животот од зад сцената на познатите фудбалски клубови, пишува весникот „Тајмс“. За овој проект Нетфликс и понуди на Премиер лигата 5 милиони фунти, но раководството не сметаше дека оваа сума е доволна за да ги заинтересира клубовите за идејата. Сепак, според информации од изворот, евентуална серија би можела негативно да се одрази на одржувањето на аукција за продажба на телевизиските права на натпреварите. Радиодифузерите долго време се обидуваат да добијат дозвола од Премиер лигата за слики за време на тренинзите, а дозволувањето на Нетфликс зад сцената…

Read More

Реал Мадрид планира да го ангажира напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе со слободен трансфер во летото 2024 година, објавува „АС“. Според изворот, Реал Мадрид решил да биде трпелив и да не влегува во преговори со ПСЖ во следниот преоден рок, туку да го ангажира Мбапе бесплатно за една година. Во исто време, самиот фудбалер веќе ја објави својата желба да се пресели во Кралскиот клуб. Според договорот потпишан пред една година, Мбапе е слободен да го напушти ПСЖ во 2024 година доколку не ја активира опцијата за продолжување на договорот во летото 2023 година. Можната преселбата на 24-годишниот…

Read More

Вест Хем би можел да се раздели со тренерот Дејвид Мојс на лето, без разлика дали тимот ќе го задржи местото во англиската Премиер лига на крајот од тековната сезона. И покрај пласманот во четврт-финалето на Конференциската лига, раководството на клубот е незадоволно од резултатите во првенството, каде Вест Хем е принуден да се бори за опстанок. Клубот е загрижен поради тоа што тимот повеќе не претендира за шестото или седмото место и не напредува, и покрај сериозните финансиски инвестиции во тимот минатото лето. Вест Хем победи на само еден од последните шест натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на 18-то место…

Read More

Спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта, призна дека внимателно ја следи тренерската кариера на легендата на Реал Мадрид, Раул и дека е отворен да го донесе на „Еланд Роуд“ ова лето. 45-годишниот тренер моментално го предводи вториот тим на Реал Мадрид, но ќе си замине на лето кога ќе му истече договорот. „Раул ми се допаѓа уште од кога беше фудбалер, но исто така сум исклучително импресиониран од неговата работа како тренер. Го следам долго време. Тој успеа да ја освои младинската лига со Реал Мадрид, иако немаше баш талентиран состав.Сигурно тоа не е најсилната генерација во мадридската школа,но ја…

Read More

Пари Сен Жермен будно ја следи и ситуацијата со дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пишува „Фудбал Инсајдер“. Се чини дека Шпанецот ќе го напушти „Етихад“ на лето, бидејќи клубот планира многу да инвестира во привлекувањето на Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг. Така Лапорт го привлекува вниманието на се повеќе клубови од Европа. Досега се сметаше дека Барселона е фаворит за потписот на Лапорт. Самиот играч исто така посочи дека негова желба е да се пресели на „Камп Ноу“. Сепак, Каталонците можеби ги немаат потребните финансии за ваков трансфер, бидејќи Манчестер Сити за дефанзивецот постави цена од 50 милиони евра.…

Read More

Барселона може да бара отштета од 100 милиони евра од УЕФА доколку клубот биде исклучен од Лигата на шампионите, објави „Мундо Депортиво“. Бројката од 100 милиони евра се заснова на заработката на Барселона во Лигата на шампионите секоја сезона. Оваа бројка ги вклучува и штетите поврзани со спонзорство или приход од стока што клубот ќе ги загуби како резултат на одлуката на УЕФА. Јасно е дека УЕФА мора да почека со донесување на каква било одлука додека шпанските судови не се изјаснат за случајот на Негреира. Во спротивно, Барселона може да ја тужи УЕФА. На 10 март, шпанското обвинителство поднесе обвинение против Барселона во…

Read More

Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос би можел да добие поголема плата доколку игра за клубот од Саудиска Арабија. Според „L’Equipe“, сумата од 30 милиони евра е почетната понуда на саудискиот Ал-Хилал за играчот. Може да се зголеми до 50 милиони евра. Шпанецот заработува помалку од 10 милиони евра годишно во ПСЖ пред оданочување. Парижаните ќе се обидат да ги намалат платите при преговорите за нов договор. Оваа сезона Рамос има 36 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција. ПСЖ со освоени 66 бодови е на првото место на табелата во францускиот шампионат. Парискиот тим испадна од Лигата на шампионите во…

Read More

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа ја одби првата понуда на клубот за нов договор, објави „Атлетик“. Се истакнува дека во оваа фаза се очекува преговорите да дојдат до позитивен заклучок. Де Геа е најплатениот голман во светот од 2019 година, но сега, на 32-годишна возраст, мора да ја намали платата за да остане во клубот. Според извори, Манчестер Јунајтед дал добра понуда, но сепак сега тоа не му одговара на Де Геа. Тој сака да продолжи на „Олд Трафорд“, но верува дека неговите перформанси оваа сезона сè уште го прават еден од најважните играчи на Ерик тен Хаг и треба да биде…

Read More

Играчот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ може да го напушти клубот во текот на летниот преоден рок, пренесува „Evening Standard“. Остануваат уште 16 месеци до истекот на договорот на Матео Ковачиќ со клубот, но од Челзи немаат започнато преговори за нов договор. Поради финансиските проблеми, клубот претстојното лето ќе мора да се раздели со голем број играчи, меѓу кои и Ковачиќ. Интерес за играчот покажува тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.  Баерн ги следи играчите на Челзи по назначувањето на поранешниот менаџер на сините Томас Тухел за менаџер. Претходно беше објавено дека Баерн размислува да го ангажира играчот од средниот ред…

Read More