Аргентинскиот напаѓач на францускиот ПСЖ, Мауро Икарди, кој игра како позајмен во Галатасарај, изрази желба да ја продолжи кариерата во турскиот клуб. „Навистина сакам да останам во Истанбул. Во ПСЖ играв со најдобрите играчи во светот, но не слушнав ништо за себе. Овде ми е многу поинтересно“, изјави Икарди. 30-годишниот Икарди е под договор со ПСЖ до јуни 2024 година. Фудбалерот оваа сезона одигра 17 натпревари за Галатасарај на кои постигна 10 голови и 7 асистенции. Во договорот меѓу клубовите нема опција за купување на аргентинскиот напаѓач. Трансфермаркт го цени Икарди на 18 милиони евра.
Author: riste
Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва имаат гостување кај Сплит во рамките на претпоследното коло на АБА лигата. Без тренерот Драган Николиќ, предводени од Васко Атанасов играчите на македонскиот првак ќе мора да го изненадат домашниот тим, со цел да ги задржат шансите за опстанок во лигата. Сплит исто така е во битка за место во плеј-офот, се бори со Задар и Студентски центар за последните две места во доигрувањето, па ниту во хрватскиот тим не се без мотив на оваа средба. Кај МЗТ Скопје има едноставна математика, мора да ги победи Сплит и Цибона, а Борац да загуби против фаворитите Црвена Звезда и Будуќност, па само така може да се…
Баерн Минхен е сериозен за купување на нов централен напаѓач во претстојниот летен преоден рок. Од Баерн се заинтересирани за напаѓачот на Ајнтрахт, Коло Муани и напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. И двајцата играчи не се против потенцијален трансфер во клубот од Минхен, но нивниот трансфер би можел да биде скап за гигантот од Минхен. Баерн би можел да потроши 100 милиони евра за да купи еден играч за прв пат во својата историја. Сега главен централен напаѓач на Баерн е 34-годишниот Ерик Чупо-Мотинг. 24-годишниот француски напаѓач Коло Муани оваа сезона во дресот на Ајнтрахт Франкфурт на 37 натпревари постигна 19 гола…
Милан е блиску до потпишување нов договор со португалскиот напаѓач Рафаел Леао, обајавија дел од медиумите во Италија. Според истите, двете страни веќе постигнале вербален договор, според кој платата на Леао ќе биде 5 милиони евра годишно по оданочување. Актуелниот договор на Португалецот со Милан истекува во јуни 2024 година. Покрај тоа, Милан ќе ја покрие и висината на казната на Рафаел Леао. Фудбалерот е казнет со 19 милиони евра поради еднострано раскинување на договорот со Спортинг Лисабон. Рафаел Леао оваа сезона одигра 36 натпревари за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола и осум асистенции. Минатата сезона Леао беше прогласен за најдобар играч на сезоната…
Борусија Дортмунд има намера да потпише нов договор со германскиот играч од средниот ред Јулијан Брант, тврди познатиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, клубот сака однапред да се заштити од евентуалното заминување на Брант, чиј актуелен договор истекува во јуни 2024 година. Воедно, засега нема информации каква плата и рок со новиот договор ќе му биде понудена на 26-годишниот фудбалер. Јулијан Брант потекнува од школата на Баер Леверкузен, а за Борусија Дортмунд игра од 2019 година. Јулијан Брант оваа сезона за Борусија Дортмунд настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и пет асистенции.
Раководството на лондонски Арсенал влезе во преговори со претставници на белгискиот играч за врска на Лестер Сити, Јури Тилеманс, објави „Фудбал Инсајдер“. Ова лето на 25-годишниот фудбалер му завршува договорот со Лестер Сити по што ќе биде слободен играч. Голем број европски клубови се надеваат дека ќе го добијат бесплатно со слободен трансфер. Во вторникот беше објавено дека Ливерпул нема да се бори за потписот на Белгиецот. Оваа екипа се поврзуваше со Тилеманс бидејќи сакаат да ја освежат линијата од средниот ред. Сепак, помошниците на Јирген Клоп сметаат дека Белгиецот не е доволно брз. Њукасл и Барселона исто така наводно се заинтересирани за…
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) одлучи да го казни Манчестер Јунајтед поради недоличното однесување на играчите на тимот на натпреварот од ФА Купот со Фулам. Во четвртфиналниот натпревар од ФА Купот со Фулам, фудбалерите на Манчестер Јунајтед побараа главниот судија на натпреварот, Крис Кавана, да досуди пенал за нив, но тоа не беше направено од страна на судијата. Манчестер Јунајтед е казнет со 65.000 фунти, откако играчите на оваа екипа го опкружија судијата на натпреварот во 71. минута од натпреварот од ФА Купот против Фулам. Клубот исто така призна дека не успеал да обезбеди правилно однесување на играчите. Казната беше изречена…
Екипата на Вардар славеше на првиот четвртфинален натпревар против Војводина во рамки од регионалната СЕХА лига со убедливи 38:25. Во натпревар, кој во ниту еден момент немаше неизвесност, македонскиот шампион ја откажа Војводина уште на првата средба во Скопје. Ракометарите на Вардар својата задача ја завршија уште во првото полувреме, во кое имаа доминантна игра против младиот тим од Нови Сад. Вардар имаше посакуван старт, поведе со 5:0, разиграни беа Моралес, Талески, Чувара, додека одбраната беше беспрекорна, па така останатиот дел од натпреварот беше само завршување на работата до крај. Вардар го зварши првиот дел со убедливи 22:11, а во…
Фудбалскиот клуб ПСЖ го сокри промотивно видео од официјалниот клупски канал на Јутјуб во кое ги повикува навивачите да ја обноват својата претплата за следната сезона, по критиките од напаѓачот на тимот, Килијан Мбапе. Да потсетиме, по објавувањето на видеото, Килијан Мбапе објави на социјалните мрежи свој став, каде ги критикуваше постапките на клубот, поради што францускиот напаѓач стана централна фигура на видеото. „Никој не ме извести за целта на мојот разговор со соговорникот. Тоа беше како типично клупско интервју. Не се согласувам со објавувањето на ова видео. Затоа се борам за правата на мојот индивидуален имиџ. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но ова не…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го пофали настапот на напаѓачот Карим Бензема во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона. Натпреварот заврши со победа на Реал Мадрид од 4:0, мадридскиот клуб се пласираше во финалето на турнирот, а Бензема постигна хет-трик и една асистенција. „Тој заврши многу добра работа за време на репрезентативната пауза. Неговите корисни квалитети играат одлучувачка улога кога е добро физички подготвен. Карим може да освои уште една „Златна топка“ затоа што се уште е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, изјави за „Марка“ Карло Анчелоти. По репрезентативната пауза, Карим Бензема постигна два хет-трика на два меча – против Ваљадолид…
