Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, поради повреда на мускулот нема да може да учествува на првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Европа со шпанска Севиља. Средбата ќе се одигра , утре (четврток на 13 април). Екипите ќе играат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља (Шпанија). Натпреварот започнува во 21:00 часот. Се истакнува дека проценката на повредата покажала дека Маркус ќе биде недостапен неколку натпревари. Во тековната сезона од англиската Премиер лига Рашфорд одигра 29 натпревари, постигна 15 голови и четири асистенции. Исто така напаѓачот одигра осум натпревари во Лига Европа, со учинок од шест гола и една асистенција.
Author: riste
Централниот бек на Интер, Алесандро Бастони изјави дека преговорите за нов договор меѓу него и клубот се одвиваат нормално. 23-годишниот италијански репрезентативец има договор со „нероаѕурите“ до крајот на следната сезона. „Нема проблем со мојот нов договор, се оди според планот. Преговараме со клубот, но тоа е работа на мојот агент. Тој има што да разговара со клубот и разговорите се во тек”, изјави Бастони пред вечерашниот четвртфинален меч од Лигата на шампионите меѓу Интер и Бенфика кој се игра во Лисабон. Бастони оваа сезона има 32 настапи за Интер во сите натпреварувања и имаше пет асистенции.
Денеска почнуваат битките од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, а осум екипи имаат за цел да го освојат трофејот. Освојувач на трофејот од минатат сезона и еден од фаворитите е Реал Мадрид, кој се покажа дека троши најголема сума за плати на своите играчи. Според „Газета дело спорт“, вкупно Шпанците годишно даваат 290 милиони евра за плати на своите играчи. На спротивниот дел од оваа листа на осум учесници во четвртфиналето е Бенфика, каде висината на платите е околу седум пати помала – 42 милиони евра. Интересно е тоа што во пресметката меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен овие…
Фудбалерите на Интер, исто така, може да бидат многу задоволни што стигнаа до оваа фаза од натпреварувањето. Учеството на турнирот го започнаа како дел од „групата на смртта“, каде беа во друштво на Баерн (Минхен), Барселона и Викторија (Плзен). Интер заврши зад германскиот шампион, но успеаја да се изборат со Каталонците за второто место, завршувајќи со 10 бода по три победи, едно реми и два порази. Во осминафиналето веќе елиминираа еден португалски претставник по минимален успех со 1:0 на „Џузепе Меаца“ и реми без голови на „До Драгао“. Така, Интер има вкупно една победа, две нерешени и еден пораз во…
Манчестер Сити вечерва го пречекува Баерн (Минхен) во првиот натпревар од најинтересната четвртфинална двојка во Лигата на шампионите. Двата тима не се сретнале од далечната 2014 година кога имаа по една победа во групната фаза од ова натпреварување, а последниот меѓусебен натпревар заврши 3:2 за Англичаните, а тренерот на баварскиот тим тогаш беше Пеп Гвардиола. И двата тима не ги кријат амбициите за триумф во најпрестижниот европски клупски турнир, а шпанскиот менаџер на клупата на „граѓаните“ сигурно ќе биде максимално мотивиран на средбата со својот поранешен тим. Гвардиола се уште го брка трофејот во Лигата на шампионите со Манчестер Сити,…
Челниците на шампионатот на Франција, ПСЖ успеаја да го намалат буџетскиот дефицит, исполнувајќи ги обврските преземени кон УЕФА по воведувањето санкции против клубот. ПСЖ има добри шанси да ги задржи трошоците во рамките на финансискиот фер-плеј, што ќе им овозможи на парижаните да регистрираат нови играчи во наредниот трансфер период. Информацијата ја потврдуваат медиумите во Франција. Откако падна под санкциите, ПСЖ вети дека ќе го намали дефицитот на 60 милиони евра веќе оваа финансиска година, а потоа ќе се врати на позитивно салдо во следните две години. Целта е постигната благодарение на значителното зголемување на приходите, особено во областа на продажбата на билети. ПСЖ,…
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и Англија, Хари Мегваер, проговори за настапот во својот клуб. „Моја работа е да бидам подготвен и да тренирам најдобро што можам. Ако прашате некого во соблекувалната колку добро тренирам, ќе каже дека тренирам напорно и натпреварувачки на сите тренинзи. Го докажав тоа затоа што секогаш кога ми се укажа можност да играм за клубот или за Англија оваа сезона, се чувствував како да сум на навистина добро место, дека ми оди многу добро. Минатата сезона ги разочаравме сите. Има многу играчи за кои би можеле да зборуваме, вклучувајќи ме и мене. Не беа сите во добра форма. Но, оваа сезона се…
Барселона ги прекина преговорите за продолжување на договорот со францускиот напаѓач Осман Дембеле. Според шпанскиот весник „Спорт“, причина била тешката финансиска состојба на каталонскиот клуб и лимитот на платите во шпанската лига. Актуелниот договор на Дембеле со каталонскиот клуб е до летото 2024 година. Раководството на Барселона сака да го продолжи договорот, самиот играч исто така планира да остане во тимот. Тој веќе одби зголемување на платата минатата година и најверојатно ќе се заложи за повеќе пари во нов договор. Покрај тоа, 25-годишниот напаѓач беше надвор од терените два месеци поради повреда на тетивата. И покрај тоа што Чави смета на него, раководството на клубот…
Манчестер Сити ќе ги одбие понудите кои ќе пристигнат од Арсенал, објави „Фудбал Инсајдер“. Претходно Манчестер Сити на Арсенал му ги продаде дефанзивецот Александр Зинченко и напаѓачот Габриел Жесус. Клубот е задоволен од направените зделки, но сака да ја ревидира трансфер политиката по настапите на екипата предводена од Микел Артета оваа сезона. Во летниот преоден рок „Граѓаните“ ќе ги одбијат сите понуди од лондонскиот клуб. Арсенал е прв на табелата во Премиер лигата со 73 бода по 30 кола. Манчестер Сити заостанува шест бода зад Арсенал, но има еден натпревар помалку.Може да се случи токму нивната директна пресметка да биде решавачка во исходот…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер си ја заврши работата и во Словачка и со убедлива победа над Татран Прешов (26:36) обезбеди ново учество на завршниот Ф4-турнир во регионалната СЕХА-лига. Екипата на Еурофарм Пелистер во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од четвртфиналето меѓу Партизан и Веспрем (првиот натпревар го доби Партизан со 39:24). Словачкиот првак играше со комбиниран тим и на реваншот и уште еднаш е празен од Еурофарм Пелистер, а тренерот Александар Јовиќ за Прешов замина без неколку првотимци, но и тоа не беше пречка младите да се покажат на дело и да дојдат до нова убедлива победа. Се беше решено од почетокот на натпреварот кога Еурофарм Пелистер…
