Author: riste

Дисциплинската комисија на Серија А ги објави казните за тројцата исклучени играчи во првото полуфинале од Купот на Италија помеѓу Јувентус и Интер, кое заврши 1:1. Станува збор за Хуан Куадрадо од тимот на Јувентус, како и Ромелу Лукаку и Самир Хандановиќ од тимот на Интер. Очекувано најголемата санкција е за Куадрадо, која изнесува суспензија за настап на три натпревари, како и парична казна од 10 000 евра. Тој ќе пропушти два натпревари поради директниот црвен картон што го доби по расправијата со Хандановиќ и ударот што му го нанесе на противничкиот голман, а третиот меч од суспензијата е поради…

Read More

Шпанската Севиља ја разгледува можноста да го придобие аргентинскиот напаѓач од италијанскиот Наполи, Џовани Симеоне. Оваа информација ја пренесе „Спорт.ес“. Според изворот, спортскиот директор на Севиља, Мончи, бара опции за засилување на тимот во претстојниот летен преоден рок поради незадоволителните резултати на клубот оваа сезона. Посебно внимание е посветено на Симеоне, кој е син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Џовани Симеоне (27) оваа сезона има 26 настапи за Наполи, играјќи само 669 минути на теренот. Аргентинскиот напаѓач постигна осум гола. Договорот на Симеоне со Верона од коде е позајмен во Наполи е до 2026 година.

Read More

Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека го продолжи договорот со Лук Шоу. Новиот договор меѓу двете страни е до 2027 година. „Пред девет години потпишав со овој неверојатен клуб и многу сум среќен што ќе го продолжам мојот престој. Откако дојдов во Манчестер пред многу години, пораснав многу и како човек и како играч. Знам што е потребно за да се биде успешен во ваков клуб. Ние сме на почетокот на патувањето под водство на главниот тренер и неговиот стручен штаб. Веќе постигнавме успех оваа сезона, но сакаме повеќе. Има одлична можност да се создаде нешто посебно овде и ќе дадам се што имам…

Read More

Лондонски Арсенал може да го замени украинскиот дефанзивец Александар Зинченко за францускиот фудбалер Тео Ернандез кој игра во Милан, објави „Калчомеркато“. Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета сака да ја засили позицијата на лев бек на тимот со помош на ангажирањето на Тео Ернандез. „Топџиите“ планираат да му понудат на Милан за францускиот дефанзивец еден од двојката Зинченко или Тиерни и 70-80 милиони евра. Јасно е дека тешко може Милан да се согласи на таква понуда, бидејќи сакаат да ги продолжат договорите со нивните главни играчи. Александар Зинченко се приклучи на тимот на Арсенал во летото 2022 година, преселувајќи се од Манчестер Сити.

Read More

Челзи е во потрага по нов менаџер по отказот на англискиот стручњак Греам Потер. Според „Мирор“, Португалецот Марко Силва може да го води клубот, тој се смета за еден од најверојатните кандидати за оваа функција. Силва е на чело на Фулам од 2021 година и го предводеше тимот во Премиер лигата. Челзи исто така беше заинтересиран за Маурисио Покетино, Јулијан Нагелсман и Де Зерби. Марко Силва претходно беше тренер на Есторил и Спортинг во Португалија, како и на Олимпијакос во Грција и Хал Сити, Вотфорд и Евертон во Англија. Неговиот учинок вклучува освојување на Купот на Португалија со Спортинг во 2015 година, шампионски титули во грчкото…

Read More

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе добива дополнителен бонус за лојалност од клубот секоја сезона, според „Л‘Екип“. Според изворот, станува збор за сума од 60 милиони евра. Претходно беше објавено дека Мбапе би можел да му се приклучи на Реал Мадрид на крајот од следната сезона како слободен играч. Според договорот потпишан пред една година, Мбапе е слободен да го напушти ПСЖ во 2024 година доколку не ја активира опцијата за продолжување на договорот во летото 2023 година. Преселбата на 24-годишниот Килијан Мбапе во Реал Мадрид беше објавена минатата година, кога му завршуваше претходниот договор со парижаните, но Французинот во последен момент…

Read More

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше во стартниот состав на својата екипа на натпреварот од Ла Лига против Бетис. Словенечкиот голман го одигра својот 389. натпревар за тимот, земајќи ги предвид сите турнири на кои учествуваше Атлетико со Облак на голот. Така, Јан Облак го израмни клупскиот рекорд по бројот на настапи на странски играчи за клубот, кој претходно го држеше дефанзивецот Диего Годин. Во следното коло од Ла Лига, Атлетико Мадрид ќе игра против Рајо Ваљекано и секако Облак ќе има можност да се искачи на врвот на оваа ранглиста пред Годин. Екипата на Атлетико Мадрид го зазема третото место на табелата…

Read More

Лионел Меси речиси сигурно ќе го напушти Пари Сен Жермен по крајот на сезоната, тврди „Л‘Екип“. Во авторитативното издание се посочуваат неколку причини за промена на плановите на аргентинската ѕвезда. До неодамна се веруваше дека тој е подготвен да потпише нов договор со парижаните, но сега ситуацијата е поинаква. Како прво, постојат финансиски несовпаѓања меѓу двете страни. Таткото на Меси и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, неколку пати зборуваа на оваа тема, но без да постигнат договор. Еден од задолжителните услови за Лео да остане на „Паркот на принцовите“ е да се согласи да ја намали платата, но тој не…

Read More

Екипите од Серија А платиле вкупно 205,7 милиони евра провизии на фудбалски агенти за цела 2022 година, според извештајот објавен од Италијанската фудбалска федерација. Сумата е рекордна во овој поглед, бидејќи претходното врвно достигнување за италијанската елита беше во 2019 година – 187 милиони евра. Во 2020 година, како резултат на пандемијата на коронавирус, провизиите паднаа на 138 милиони евра, а една година подоцна износот изнесуваше 173 милиони евра. За минатата година убедлив лидер по исплатените пари на фудбалски агенти меѓу калчо тимовите беше Јувентус со 51,3 милиони евра. Најверојатно главен придонес за ова имаат трансферите на Пол Погба и…

Read More

Брендан Роџерс веќе не е менаџер на Лестер Сити. Ова го објави прес-службата на англискиот тим на официјалната веб-страница. 49-годишниот Роџерс го презеде Лестер во февруари 2019 година. Пред тоа тренерот ги водеше Селтик, Ливерпул, Свонси и други клубови. Под негово водство, тимот го освои ФА Купот и Суперкупот. Договорот меѓу двете страни истекуваше летото 2025 година, но раководството на клубот реши предвреме да ја прекине соработката незадоволни од резултатите на клубот. Лестер има освоено 25 бода на 28 натпревари во англиската Премиер лига и се наоѓа на претпоследното, 19. место на табелата.

Read More