Фудбалската репрезентација на Македонија успеа да го заврши мартовскиот термин за меѓународен настап со две победи на две средби. По триумфот над Малта во квалификациите за ЕП 2024 со 2:1, нашата репрезентација тешко, но заслужено, славеше над Фарски Острови (1:0) во првиот меѓусебен натпревар во историјата. Овие две победи треба да бидат мотив за следните предизвици кои ја очекуваат репрезентацијата во месец јуни, а прв меч е Украина на домашен терен. За разлика од претходниот натпревар против Малта од евроквалификациите, селекторот Милевски направи шест промени. Во стартниот тим ги немаше Димитриевски, Зајков, Муслиу, Елмас, Трајковски и Миовски, дел од нив беа ослободени поради повреди, дел останаа на клупата.…
Author: riste
Ракометарите на Вардар го совладаа својот голем ривал во битката за титулата во Макеоднија, Еурофарм Пелистер со 31:24 (13:10) и со голема предност ќе го продолжат патот кон титулата во Суперлигата. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ беше одигран во добра атмосфера, која за жал беше прекината во првиот дел поради инцидентот што се случи по влегувањето на трибината на гостинските навивачи. Првиот дел беше поизедначен, меѓутоа вардарци одлично го завршија првото со предност од 3 гола разлика (13:10), а исто така одлично го почнаа второто полувреме, период во кој се реши прашањето за победникот. Стартот на второто полувреме понуди перфектна…
Стартниот дефанзивец на Барселона, Андреас Кристенсен, ќе биде надвор од терените во следните 3-4 недели поради повредата што ја доби во четвртокот вечерта, објави „Спорт“. Тој предвреме ги напушти европските квалификации меѓу Данска и Финска, а од „Камп Ноу“ денеска соопштија дека се работи за повреда на потколеницата на левата нога. Тоа значи дека Кристенсен ќе пропушти уште едно дерби против Реал Мадрид – на 5 април во полуфиналето на Купот на Шпанија. Тој нема да биде достапен за првенствените натпревари против Елче, Џирона и Хетафе. Во Барселона се надеваат дека ќе се врати за дуелот со Атлетико Мадрид на…
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, го коментираше времетраењето на договорот потпишан со германскиот клуб ден претходно, 24 март. Двете страни склучија договор до летото 2025 година. „Подобро е од 18 месеци во Челзи. Многу сум задоволен од должината на договорот, на крајот се зависи од тоа како ќе се одвиваат работите и дали челниците на клубот сакаат да го продолжат договорот со мене. На оваа позиција нивото на игра е клучно и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата. Времетраењето на договорот ми се чини идеално и ќе направам се за да ја оправдам довербата што ми се дава“, изјави Тухел. Томас Тухел на оваа…
Тотенхем би можел да се сврти кон Винсент Компани доколку Антонио Конте се раздели со лондонскиот клуб, пренесува весникот „Гардијан“. Италијанскиот стручњак би можел да добие отказ пред крајот на оваа недела, откако жестоко ги критикуваше играчите на Тотенхем по нерешените 3:3 со Саутемптон на крајот од минатата недела. Раководството на тимот размислува и за враќање на Маурисио Покетино, кој работеше во клубот од 2014 до 2019 година. Винсенст Компани (36 години) во моментов е главен тренер на Барнли. Оваа екипа е лидер на табелата во Чемпионшип лигата (втората по квалитет лига на Англија) со 83 бода од 37 одиграни…
Официјалната веб-страница на англиската Премиер лига ги објави имињата на кандидатите за наградата – фудбалер во март 2023 година. На листата на номинирани беа шест играчи:Александар Исак (Њукасл) – две победи, еден пораз, три гола;|Алексис Мек Алистер (Брајтон) – две победи, едно реми, два гола и една асистенцијаТајрон Мингс (Астон Вила) – две победи, едно реми, една асистенцијаБукајо Сака (Арсенал) – 4 победи, 3 гола и 2 асистенцииМохамед Салах (Ливерпул) – две победи, еден пораз, три гола и две асистенции;Леандро Тросард (Арсенал) – 4 победи, 5 асистенцииГласањето ќе трае до 27 март. Сите фанови можат да учествуваат во него. Ќе се земат предвид и гласовите на експертската група.
Се поизвесно е дека УЕФА ќе ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите на една сезона поради инцидентот со Негреира. Според одредени медиуми во Шпанија, УЕФА има став за изрекување на оваа санкција, која ќе биде во согласност со прописите и особено со делот наведен во чл. 50 од статутот на организацијата. Според него, УЕФА не треба да дозволи клуб да учествува во европски турнири доколку се докаже каква било „активност насочена кон местење или влијание на резултатот на кој било натпревар на национално или меѓународно ниво“. Одземањето на правата за учество во вакви случаи е за една сезона. Според…
Раководството на Рома има намера да го ангажира Антонио Конте на местото тренер на екипата доколку Жозе Мурињо го напушти тимот. Со оглед на тоа што иднината на Мурињо во римскиот клуб се уште е неизвесна, газдите веќе почнаа да бараат алтернатива. Една од приоритетните опции е актуелниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте, кој би можел да добие отказ во блиска иднина. Се верува дека Конте има намера да се врати во италијанската Серија А. Проблем за челниците на Рома може да биде високата посакувана плата на Контет, пишува „Кориере дело Спорт“. Според медиумите, Жозе Мурињо во последните месеци е…
Барселона повторно ќе остане без двајца од своите најважни играчи за уште едно дерби со Реал Мадрид оваа сезона. Според шпанските медиуми, клубот избрзал со враќањето на Педри, кој ги продолжи тренинзите и се очекуваше да игра на „Ел Калсико“ минатиот викенд. Сепак, повреда мускулот на шпанскиот репрезентативец се врати два дена пред натпреварот на „Камп Ноу“, а денес се појавија информации дека ќе треба да се опоравува уште три или четири недели, што значи дека нема да му биде на располагање на Чави Ернандез за полуфиналето на Купот на Кралот. Реваншот на 5 април исто така ќе го пропушти…
Раководството на Севиља одлучи да се раздели со тренерот на тимот Хорхе Сампаоли, соопштија од клубот. Причина за отказот на аргентинскиот стручњак е незадоволителниот настап на тимот во Ла Лига. Иако тимот добро се движи во Лигата на Европа, каде во четврт-финалето ќе го пречека Манчестер Јунајтед, тимот продолжува со лошите настапи во првенството. Севиља загуби со 2:0 од Хетафе викендот и има само една победа во последните 5 натпревари во Ла Лига, останувајќи блиску до зоната за испаѓање. Официјалното соопштение на клубот: „ФК Севиља го раскина договорот со тренерот Хорхе Сампаоли по поразот на тимот од Хетафе, кој не…
