Author: riste

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва најави дека на крајот од сезоната ќе се сретне со раководството на англискиот клуб. „На крајот на сезоната ќе се сретнам со раководството на Манчестер Сити и ќе одлучам што е најдобро за двете страни. Сега на средината на сезоната сакаме да освојуваме трофеи. Не е време да зборувам за мојата иднина“, изјави Бернардо Силва во изјава која ја пренесе новинарот Фабрицио Романо Силва на Твитер. 27-годишниот Силва на 25 натпревари во Премиер лигата оваа сезона постигна седум гола и една асистенција. На шест натпревари од Лигата на шампионите има и…

Read More

Мануел Нојер, Леон Горецка, Алфонсо Дејвис и Корентин Толисо се уште не се подготвени за настап и ќе бидат надвор од комбинација во Баерн Минхен за саботниот натпревар против Баер Леверкузен. Ова денеска го соопшти тренерот на баварскиот тим Јулијан Нагелсман. Голманот Нојер продолжи со тренинзите една недела по операцијата на коленото. „Во ред е, се е според план, но тој нема да биде опција за сабота“, изјави Нагелсман на прес-конференција. „Нашата цел е да играме во Лигата на шампионите против Ред Бул (Салцбург) во вторник, но ќе видиме дали тоа е разумно. Леон Горецка имаше проблеми со коленото. Добро…

Read More

Формула 1 тимот на Ред Бул и Макс Верстапен ја потврдија новата соработка до 2028 година. Тоа значи дека Холанѓанецот уште долго време ќе го вози болидот на австриската екипа во Формула 1 шампионатот. Најголемиот успех на Ред Бул и верстапен беше она што се случуваше минатата сезона, кога холандскиот пилот ја доби битката со Луис Хамилтон и ја освои шампионската титула. „Навистина уживам што сум дел од Ред Бул, па изборот да останам до 2028 година беше лесна одлука. Го сакам овој тим и минатата година беше едноставно неверојатна. Нашата цел откако се здруживме во 2016 година беше да го…

Read More

Барселона е подготвена да го продолжи договорот со напаѓачот Осман Дембеле, објавија медиумите во Каталонија. Според истите, клубот веќе му понудил на напаѓачот договор до 2024 година. Според овој договор, Французинот ќе добива 8 милиони евра годишно. Договорот ќе вклучува и специјални бонуси. Претходно се дозна дека напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле му ветил на тренерот на клубот Чави дека ќе продолжи да дава максимум за Барселона. Од друга страна Чави се сретнал со играчот за да разговара со него за изгледите за понатамошна соработка. Како резултат на тоа, тренерот му изразил поддршка на Французинот. Да потсетиме дека договорот на…

Read More

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, е главен кандидат за тренерската позиција во Манчестер Јунајтед, пишуваат медиумите на Островот. Според истите, тренерот почнал да учи англиски јазик. Тој би сакал да го научи јазикот пред да се пресели во Манчестер. Покрај тоа, тренерот го предупреди Ајакс дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Ралф Рангник моментално е тренер на Манчестер Јунајтед. Рангник (63) го презеде англискиот тим на 3 декември 2021 година. На крајот од сезоната тој ќе заземе една од позициите во структурата на Манчестер Јунајтед. Манчестер Јунајтед е четврти во Премиер лигата во оваа сезона со…

Read More

На спортистите од Русија и Белорусија им е забрането да се натпреваруваат на претстојните Параолимписки игри во Пекинг, еден ден откако првично беше објавено дека ќе можат да се натпреваруваат, но под неутрално знаме, објавија светските агенции. Поради улогата на двете земји во воениот конфликт во Украина, спортистите од Русија и Белорусија се отстранети од спортскиот форум во кинеската престолнина, објави Меѓународниот параолимписки комитет (ИОК). Поништувањето на одлуката доаѓа помалку од 24 часа по објавувањето во средата. Денес беше објавено дека многу спортисти најверојатно ќе одбијат да се натпреваруваат против спортисти од Русија и Белорусија, што би предизвикало хаос на…

Read More

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо проговори за ситуацијата со дефанзивецот Серхио Рамос во тимот. Шпанецот го пропушти најголемиот дел од сезоната поради повреда. „Кога потпишавме со Рамос, тој беше во одлична физичка форма. За жал, не се случи она што го очекувавме. Во оваа ситуација, тоа е тешко за сите: и за него и за нас. Но, нашите планови се јасни. На денот кога ќе кажеме дека Серхио повеќе не може да игра, се ќе им стане јасно на сите. Но, тоа не е така. Долгото отсуство го спречува Рамос да ја преземе лидерска улога. Нема да донесуваме…

Read More

Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да биде нивен менаџер од следната сезопна, објави „ЕСПН“. Според изворот, Анчелоти се смета за решение на клупата на Манчестер Јунајтед. Анчелоти е во добри односи со Алекс Фергусон и со извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ричард Арнолд. Воедно, се истакнува дека како долгорочна соработка Манчестер Јунајтед избира меѓу Маурисио Покетино, кој сега е на чело на Пари Сен Жермен и тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг. Алекс Фергусон наводно е фан на Покетино, но му препорачал на клубот да го разгледа Анчелоти доколку Покетино одбие да го преземе…

Read More

Тренерот на Челзи, Томас Тухел ја коментираше одлуката на Роман Абрамович да го продаде Челзи. „Сè уште е рано да се каже бидејќи можам да го замислам Челзи само со Роман Абрамович. Така што ми е многу тешко. Сè уште не сфатив дека ова ќе се промени. Се разбира, ова се големи промени. Не разговаравме за тоа пред натпреварот. Играчите имаат интернет, гледаат телевизија, па секако знаеле дека добиваат пораки. Но, сепак, во подготовките, се фокусиравме само на фудбалот“, рече Тухел по натпреварот со Лутон. Да потсетиме дека на 26 февруари, Абрамович го предаде управувањето со клубот на поверениците на…

Read More

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челзи, Диего Коста е блиску до преминување во Коринтијанс, објави спортскиот новинар Николо Скира на својот Твитер профил. Според истиот, клубот му понудил на играчот договор до крајот на 2022 година со плата од 1,2 милиони евра. Претходно беше објавено дека Диего Коста одбил понуди од Зенит и Краснодар. Тој исто така истакна дека за него приоритет е потпишувањето на договор со турскиот Фенербахче. Забележано е дека на Шпанецот му е потребна плата од 2 милиони евра годишно. Последниот клуб на Коста беше Атлетико Минеиро, за кој играше од август 2021 до јануари 2022…

Read More