Author: riste

Атлетико Мадрид вечерва гостува кај Манчестер Јунајтед, а во пресрет на реванш осминафиналето против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите имаат резултат од 1:1 од првата средба. Ако се верува на традицијата и претходните искуства, Атлетико ќе игра внимателно на „Олд Трафорд“. На прес-конференцијата пред натпреварот , своето очекување го изнесе тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. „Го знаеме потенцијалот кој го има Манчестер Јунајтед, како и големината на нашиот следен ривал. Тие се опасни на свој терен, ама ние веруваме дека можеме да направиме резултат кој ќе не однесе понатаму. Очекувам динамична игра, тимовите ќе се менуваат во пресинг,…

Read More

Манчестер Јунајтед вечерва го пречекува Атлетико Мадрид во реваншот на осминафиналето во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ важат за фаворит за пласман понатаму, откако во Мадрид одиграа нерешени 1:1. Сепак, на сите им е јасно дека Атлетико Мадрид нема лесно да се предаде, а така размислува и предводникот на Мначестер Јунајтед, Ралф Рангник. „На Атлетико не му пречи противникот да игра со топката. Тие имаат помалку од 50% од поседот на последните лигашки натпревари. Свесни сме за тоа и ќе биде важно први да постигнеме гол, односно да не примиме еден рано. Најдобро би било доколку успееме воопшто да не…

Read More

Првиот тренер на берлинската Херта Тајфун Коркут доби отказ, објави прес-службата на германскиот клуб на официјалниот сајт. Освен тоа, отпуштен е и помошникот на Коркут, Илија Арачиќ. Името на новиот тренер ќе биде објавено подоцна. Самиот Коркут го коментираше неговото отпуштање. „За жал, од различни причини, не можевме да ги надградиме нашите поранешни успеси. Би сакал да му се заблагодарам на клубот за одличната и отворена соработка и да му посакам на целото семејство – Херта да ја задржи својата позиција во Бундеслигата и се најдобро во иднина“, изјави тренерот. Коркут ја презеде Херта во ноември 2021 година, заменувајќи го…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, му ветил на претседателот на клубот Флорентино Перез дека тимот ќе се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, објавија медиумите во Шпанија. Според истите, италијанскиот фудбалски стручњак му испратил порака на својот претпоставен, кој во вторникот на 8 март наполнил 75 години, која гласела: „Ќе ти дадам четвртфинале претседателе“. По натпреварот, Перез беше во соблекувалната на тимот, каде што го поздрави секој играч од тимот. Било јасно дека е многу среќен. Реал Мадрид славеше на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:1 над Пари Сен Жермен и со вкупен резултат 3:2 се пласираше во четвртфиналето од…

Read More

Голгетерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Хланд се опорави од повредата, но неговото враќање во игра може да биде одложено бидејќи коронавирусот се прошири во Арминија Билефелд. Борусија во недела треба да и гостува на Арминија, но можно е „жолто-црните“ да не играат втор последователен викенд, откако пред една недела и нивниот меч со Мајнц беше одложен поради многу болни во составот на Мајнц. Враќањето на Халанд во тимот е добра вест за тренерот на Борусија, Марко Роуз, кој нема да може да смета на повредените Матс Хумелс, Рафаел Гуреиро, Мануел Аканжи, Дан-Аксел Загаду и Матеу Мори, додека Марко Ројс е…

Read More

Францускиот играч за врска во Манчестер Јунајтед Пол Погба може да се врати во Јувентус, објавија неколку медиуми во Италија. Според истите, италијанскиот клуб му понудил на Пол Погба договор со плата од 9 милиони евра. Понудата вклучува и исплати од 3 милиони евра како бонуси. Се најавува дека двете страни активно преговараат. Актуелниот договор на играчот од средниот ред со Манчестер Јунајтед е до јуни 2022 година. Да потсетиме дека Погба играше за Јувентус од 2012 до 2016 година. Погба оваа сезона на 15 натпревари во Премиер лигата постигна 1 гол и даде 9 асистенции. Пазарната вредност на францускиот…

Read More

Тимот на Бутел Скопје денеска го промовираше новото име во Управниот Одбор на клубот, кој истовремено ќе биде и Извршен директор, Лазо Мајнов. Некогашниот македонски репрезентативец, кој сега има 41 година, заврши со активното играње ракомет во 2018 година во Ал-Наср од Дубаи. Зад себе десниот бек има богата кариера и ги носеше дресовите на романскиот Одорхеи, норвешкиот Елверум, белорускиот Мешков Брест, францускиот Трембле, хрватскиот Загреб, а на домашна сцена играше за Вардар, Металург и Еурофарм Работник. „Сакам да се заблагодарам на управата на клубот за довербата која ми ја дадоа да бидам извршен директор на Бутел Скопје. Драго ми…

Read More

Фудбалерите на лондонски Арсенал ќе добијат големи бонуси доколку на крајот од сезоната влезат меѓу четирите најдобри екипи во англиската Премиер лига, објави „Дејли Мејл“. Според изворот, бонусите меѓу играчите ќе бидат пропорционално распределени. Максималниот бонус ќе биде околу 500.000 фунти (605.000 евра). Меѓу другото, доколку стигнат до топ 4 на табелата во Премиер лигата, што гарантира учество во Лигата на шампионите, платите на дел од играчите на Арсенал од следната сезона ќе се зголемат. По 25 одиграни кола, Арсенал се наоѓа на четвртото место на табелата со 48 освоени бодови.

Read More

Баерн (Минхен) вечерва од 21.00 часот на „Алијанц Арена“ е домаќин на РБ Салцбург во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар меѓу двата тима заврши без победник – 1:1. Тоа значи дека на домаќините им е потребна било каква победа за да одат понатаму, бидејќи е отфрлено правилото за гол на гости. Во првиот натпревар германскиот тим не беше убедлив и стигна само до нерешен резултат дури на крајот од мечот. Баварците сега ќе го имаат повратникот, голманот Мануел Нојер, кој се повреди и досега пропушти пет натпревари за својот тим. Сепак, Леон Горецка, Алфонсо Дејвис и Корентин…

Read More

Екипата на Ливерпул вечерва го пречекува италијанскиот Интер во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите. На првиот меч во Милано, Ливерпул успеа да победи со 2:0 и самоуверено очекува пласман во следната фаза. Од таборот на Интер се надеваат на чудо, но тоа е малку веројатно, бидејќи Ливерпул моментално игра во одлична форма. Повредени во составот на домаќините се Тиаго Алкантара, Жоел Матип и Роберто Фирмино. Тројцата веќе тренираат со главната група, но менаџерот Јирген Клоп веројатно нема да ризикува да ги врати во игра. Можно е египетската суперѕвезда Мохамед Салах да остане резерва, а наместо тоа на теренот да…

Read More