Author: riste

Реал Мадрид е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Лестер Сити Џејмс Медисон. Раководството на „Кралскиот клуб“ го смета Англичанецот за наследник на Лука Модриќ, бидејќи Хрватот веќе има 36 години. Актуелниот договор на Медисон со Лестер завршува во 2024 година. Очекуваната сума на трансферот на играчот би можела да биде околу 80 милиони евра.Минатата година Лестер Сити веќе добија неколку понуди за играчот од средниот ред. Самиот играч беше заинтересиран да се пресели во Арсенал, но финансиските барања на Лестер станаа проблем. Медисон е во редовите на Лестер од 2018 година. Фудбалерот од средниот ред оваа…

Read More

Натпреварот меѓу Италија и Македонија, во рамки од полуфиналето во баражот за Мундијалот 2022, ќе го водат француски судии. Улогата на главен судија му припадна на Клемен Турпин. Негови помошници ќе бидат Никола Данос и Сирил Грињор. Во ВАР-собата ќе бидат француските интернационалци Жером Бризар и Делаж Вили, а Беноа Бастиен е поставен за четврти судија. Натпреварот Италија – Македонија ќе се одигра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Италијанскиот фудбалски сојуз дозволи полн капацитет, па се очекува да имаат маскимална поддршка од домашните навивачи. Македонската репрезентација пристигна во Италија, каде ќе се обиде да направи ново чудо и да го изненади актуелниот европски првак Италија.

Read More

Стартуваше новата сезона во Ф1 шампионатот, а тимот на Ферари ја потврди доминацијата во Бахреин, овој пат со победа на трката со која беше означен почетокот на новата сезона. Чарлс Леклер беше најбрз на патеката, пред неговиот клупски колега Карлос Сајнц Јуниор. Болидите на Ферари доминираа на патеката во Бахреин со нивната брзина која ја покажаа и на самите тренинзи и квалификациите, додека останатите ривали, посебно Мерцедес, ќе мора да работат на подобрување на болидите за продолжението од сезоната. Со триумфот на Леклер и второто место на Сајнц, ова беше прва „еден-два“ победа за Ферари по 2019 година. Двата болида…

Read More

Селекторот на Италија Роберто Манчини  го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелот со Македонија на 24 март. И покрај најавите сепак Манчини не го стацви на овој список Марио Балотели кој се надеваше на кам-бек во репрезентацијата. Италија ќе биде домаќин во Палермо, каде ќе се одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар. Европскиот првак ќе смета на следните играчи: Голмани: Сиригу, Голини, Донарума, Грањо; Одбрана: Ачерби, Бастони, Бираги, Бонучи, Кјелини, Ди Лоренцо, Емерсон, Флоренци, Луиз Фелипе, Мансини; Среден ред: Барела, Кристанте, Жоржињо, Локатели, Песина, Пелегрини, Сенси, Тонали, Верати; Напад: Белоти, Берарди, Имобиле, Инсиње,…

Read More

Раководството на Болоња размислува да го замени Синиша Михајловиќ со Џенаро Гатузо како главен тренер на клубот, пишува „La Repubblica“. Според изворот, причината за отказот може да биде заладените односи меѓу Михајловиќ и раководството на клубот кое наводно ќе преговара со Михајловиќ, додека ја разгледува опцијата за именување на Гатузо. Михајловиќ е тренер на Болоња од 2019 година. Клубот не го отпушти тренерот кога тој беше подложен на хемотерапија и трансплантација на коскена срцевина. Сепак, по успешниот третман, напредокот на тимот е застанат, а самиот Михајловиќ неодамна откри дека имал задача да обезбеди пласман во топ-10 за Болоња оваа сезона.…

Read More

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер го сподели своето мислење за обновувањето на договорите со првите ѕвезди на тимот. „Баерн никогаш не бил под влијание на насловите или постојаните гласини. Нашето раководство е во постојани преговори со играчите и ќе ги започне преговорите во вистинско време. Нашите играчи знаат дека клубот за нив е чесен и доверлив партнер. Баерн е еден од најдобрите светски клубови. Мислам дека ниту еден играч не зажалил за продолжување на договорот со Баерн во последните години. Роберт Левандовски знае дека многу го цениме. Неколку пати му изразив благодарност. Истото важи и за Мануел Нојер и…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, открил дека неговата куќа била ограбена за време на натпреварот против Атлетико во 1/8-финалето на Лигата на шампионите. Во тој момент во куќата биле неговите деца. „Најлошиот кошмар на нашето семејство се случи минатата ноќ кога нашата куќа беше ограбена додека нашите деца спиеја во нивната спална соба. Разбојниците беа во нашата куќа помалку од пет минути, но за тоа време ни зедоа нешто повредно од се што имавме дома… нашето чувство на сигурност е нарушено. Тоа се случи во последните минути од вчерашниот натпревар кога знаеја дека нема да бидеме…

Read More

Атлетико Мадрид е заинтересиран да го ангажира голманот на Бенфика Одисеј Влаходимос доколку Јан Облак го напушти клубот ова лето, објавија медиумите во Шпанија. Словенечкиот голман би можел да го следи неговиот неодамнешен соиграч, дефанзивецот Киран Трипиер и да се пресели во Њукасл. Во моментов Њукасл ја следи ситуацијата со Облак. Репрезентативецот на Словенија сака да оди во клуб кој ќе има високи амбиции и ќе се бори за шампионската титула во Премиер лигата. Облак е во Атлетико Мадрид од 2014 година. За тоа време, тој го освои шпанското првенство, двапати стана освојувач на Лига Европа, Суперкупот на УЕФА и…

Read More

Тренерот на Челзи, Томас Тухел , зборуваше пред ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Сакам никој да не сака да игра со нас пред ждрепката. Токму во оваа улога се гледаме во 1/4 финалната фаза. Правејќи го ова, правиме голем чекор напред и затоа се бориме за топ 4 место во веројатно најсилната лига во светот денес и повторно стигнавме до четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. За да го направиме ова, треба да го покажеме нашиот максимум и сакаме да станеме тим што никој не сака да го добие како противник, а потоа ќе се види што ќе…

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн , го надмина Вејн Руни по голови постигнати на гостински натпревари во англиската Премиер лига, објави „ОптаЏо“ на Твитер. Англискиот фудбалер постигна гол против Брајтон Албион меч од одложеното 16. коло од Премиер лигата. Кејн одигра 139 натпревари на гости во англиското првенство и постигна 95 голови. Хари стана играчот со најголем број на постигнати голови на гостински натпревари во историјата на Премиер лигата. Напаѓачот го надмина рекордот на Вејн Руни од 94 гола на 243 гостувања. Тотенхем победи со 2:0. Гол против домашната екипа постигна и Кристијан Ромеро. Кејн оваа сезона има 40 настапи…

Read More