Наполи планира да му понуди нов договор на еден од клучните играчи во својата одбрана – Калиду Кулибали, пренесува „Калчомеркато“. 30-годишниот фудбалер има договор до крајот на следната сезона, но раководството на тимот планира да го продолжи за уште три или четири години до 2025 или 2026 година. Предлогот најверојатно ќе има и кратење на платата, моментално тој добива околу 6 милиони евра по сезона. Сепак, се очекува Кулибали да продолжи да ја предводи листата на најдобро платени играчи во тимот. Тој ќе ја преземе и капитенската лента од летото кога во Торонто ќе замине актуелниот капитен Лоренцо Инсиње.
Author: riste
Раководството на Манчестер Јунајтед нема намера да им понуди нови договори на играчите од средниот ред Џеси Лингард и Хуан Мата, како и на напаѓачот Единсон Кавани, објави новинарот Фабрицио Романо. Договорите на сите тројца им истекуваат на 30 јуни, што значи дека на 1 јули ќе станат слободни агенти. 35-годишниот Кавани со најголема веројатност ќе се пресели во шпанскиот Реал Сосиедад, додека за потписот на 29-годишниот Лингард интерес имаат неколку клубови од Англија. Нејасно е какви се плановите на 33-годишниот Мата, кој можеби оди кон крајот на спортската кариера. Според Романо, „црвените ѓаволи“ се подготвени со новиот договор на…
Денеска во Скопје се одржа Интернационален Биатлон Форум во организација на Биатлон федерацијата на Македонија. На дневен ред беа поставени неколку панел дискусии на различни теми: Уривање на стереотипите во спортот, професијата, еднаквоста на половите, значењето на рамноправноста, улога на невладиниот сектор, влијанието на тренерите и учеството на лица со посебни потреби во општеството и спортот. Пред присутните гости и учесници проговорија и Кочо Кираца преседател на Биатлон федерацијата, Оле Далин првиот човек на ИБУ, Славица Грковска вице-премиер, Министерите Оливер Спасовски и Славјанка Петровска, првите луѓе на МОК и АМС, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски како и Кејт Брнз Амбасадор…
Александар Трајковски и Енис Барди, заедно со селекторот Благоја Милевски, ќе добијат дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи. „Навистина сме благодарни за овој гест. За нас претставува голема чест што добивме дипломатски пасоши. Ние се обидуваме да се одолжиме со добри настапи на терен. Убаво беше да се почувствува поддршката на плоштадот. Не сме направиле ништо, ќе гостуваме во Португалија за да покажеме дека можеме да постигнеме големи нешта“, рече Трајковски. Енис Барди е вториот фудбалер кој добива дипломатски пасош, а з атоа рече: „Благодарам за ова што го направи државата за нас. Очекувам во иднина дека и останатите играчи ќе бидат во наша позиција. Сега…
Македонските фанови, кои што се подготвени да ги бодрат нашите репрезентативци на историскиот натпревар со Португалија во Порто, конечно ги добија посакуваните вести. Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека од денес започнува со продажба на билети за финалниот натпреварот од баражот за Светско првенство. Преку официјалниот партнер за продажба на билети „Mk Tickets“ македонските фанови до парчето хартија кое што го посакуваат ќе може да стигнат за цела од 820 денари. Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра на стадионот на Порто „Драгао“, кој ќе биде исполнет до последно место, откако домашните навивачи за само неколку часа ги купија сите влезници. Финалниот натпревар од баражот за Мундијал во Катар…
Mакедонските репрезентативци Енис Барди и Александар Трајковски, како и селекторот на фудбалската репрезентација Благоја Милевски, ќе добијат дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи, на денешниот брифинг соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Денес во Министерството за надворешни работи на Трајковски, Барди и селекторот Милевски ќе им бидат врачени дипломатски пасоши. Тие сега се наши најважни амбасадори и заслужуваат дипломатски пасош. Се надевам ќе продолжат да нè радуваат и во натпреварот со Португалија“, изјави министерот Бујар Османи. Двајцата фудбалери и селекторот своите дипломатски пасоши ќе ги добијат по брза постапка и веќе од денес ќе ги имаат во своите раце. Македонија одигра херојски натпревар против Италија во Палермо и…
Пливачката федерација на Македонија денес ги прогласи најуспешните пливачи за 2021 година. Според постигнатите резултати во 2021 година за најуспешни беа прогласени следните пливачи во одредени категории: Најуспешни се следните пливачи: Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 – Мажи Деркоски Филип П.В.К.Орион Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 – Жени Крстевска Миа П.В.К.Орион Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 – Мажи Стојановски Андреј ПК Нептун Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 – Жени Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во Кадетска категорија за 2021 – Мажи Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во Кадетска…
Фудбалските репрезентативци ветија, односно посакаа и исполнија. Пред натпреварот со Италија посакаа со победа да му го честитаат роденденот на селекторот Благоја Милевски кој наполни 51.година, а како роденденски подарок од своите избраници доби историска победа против Италија и пласман во финале од баражот за СП во Катар. Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а имаше и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден! Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, денес ќе…
Македонските фудбалери го направија она што најмногу го посакуваа, а тоа е да го напуштат Палермо како победници и буквално ја расплакаа Италија во срцето на Сицилија. Голот на Александар Трајковски во судиското надополнување ги разочара фановите на репреезентацијата на Италија, а од друга страна и донесе многу радост на Македонија. Поранешниот фудбалер на Палермо имаше кратка посвета на голот на кариерата. „Ова е за моето семејство и за цела Македонија!“, порача Трајковски на социјалните мрежи. Вечерва нашата фудбалска експедиција се враќа во Скопје, а потоа следува подготовка за мечот со Португалија кој го играе во вторник во Порто…
Рома за својот голгетер Тами Абрахам одреди цена од 120 милиони евра, пишува „Дејли мејл“. Англискиот репрезентативец минатото лето се пресели во Рома од Челзи за 40 милиони евра и има одлична сезона со 23 гола на 37 натпревари. Настапите на Абрахам предизвикаа интерес кај англиските клубови и некои од водечките тимови ќе се обидат да го вратат во Премиер лигата. Во Италија вчера се појави информација дека Манчестер Јунајтед размислува за понуда за него. Рома ќе се обиде да го задржи 24-годишниот голгетер, со надеж дека ќе го пренасочи интересот на кандидатите со оваа трансфер цена од 120 милиони…
