Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер сака да го напушти тимот. Ова го објави весникот „Сан“ на Твитер. Според изворот, англискиот клуб нема да има ништо против заминувањето на 26-годишниот фудбалер, но само ако некој плати околу 39 милиони евра за него. Во јули 2020 година, Челзи му плати на РБ Лајпциг 53 милиони евра за трансферот на играчот. Вернер оваа сезона постигна седум гола и четири асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува во 2025 година. Пазарната вредност на Вернер е проценета на 42 милиони евра. Вернер има и 48 натпревари за Германија. Тој…
Author: riste
Вардар го очекува првиот натпревар од двомечот со Веспрем, а на средбата со медиумите, зборуваше и искусното крило Гоце Георгиевски. „Веспрем е добро познат ривал за нас. Знаеме за каков тим се работи, екипа со многу добри играчи. Ние се подготвувавме неколку дена за нив, колку што дозволува времето. Можам да ги повикам љубителите на ракометот да ни дадат поддршка која ни е потребна. Веспрем е силен ривал. Ќе гледаме да ги испочитуваме барањата од тренинзите. Колку ќе ја пресликаме тактиката, ќе бидеме поблизу да направиме добар резултат в четврток. Немаме посакуван резултат. Не може да се каже тоа, секој…
Јувентус го обнови интересот за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус. Клубот ќе мора да го засили нападот на лето и вниманието го насочи кон 24-годишниот Бразилец, за кој се шпекулира дека ќе биде замена на Пауло Дибала, пишува „Газета дело спорт“. Жесус долго време е во бележникот на Јувентус и не е првпат тој да се поврзува со нивен интерес, но досега Италијанците немаат дадено официјална понуда за неговите права. Сепак, се чини дека тоа може да се промени на лето, кога Пауло Дибала ќе го напушти Торино со слободен трансфер и клубот итно треба да му најде квалитетна…
Германскиот напаѓач на Баерн Минхен, Серж Гнабри не може да се договори со германскиот клуб за нов договор, пишува „Кикер“. Според изворот, двете страни преговараат неколку месеци, но се уште не можат да дојдат до позитивен исход. Баерн би можел да го продаде играчот на крајот од оваа сезона доколку не се најде компромис. Гнабри, наводно, бара да заработува околу 15 милиони евра годишно плус бонуси. Да потсетиме, Гнабри се пресели во Баерн од Вердер Бремен во 2017 година, по што мина една година на позајмица во Хофенхајм. Договорот на играчот со клубот од Минхен е до јуни 2023 година.…
Кога некој ќе треба да игра против Македонија сигурно дека нема да размислива исто како што мислел порано, тоа е фудбалската репрезентација која во период од 1 година успеа да победи на гостински терен против повеќекратните освојувачи на СП, Германија и Италија. Вечерва избраниците на селекторот Благоја Милевски без страв, со голем респект гостуваат кај уште еден фудбалски гигат – Португалија. Со победата над Италија во Палермо (0-1), нашите фудбалери се пласираа во финалето во баражот за Светското првенство (СП), кое оваа година ќе се игра во Катар, и ќе се соочат со Португалија. Нашите фудбалери ќе се борат за деби настап на СП, а со самиот…
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ја одби првата понуда од Манчестер Сити. „Граѓаните“ му упатиле неверојатна понуда, но Норвежанецот рекол „Не“, пишува „АС“. Се вели дека Халанд има откупна клаузула во договорот вредна 75 милиони евра. Ова го прави повеќе од атрактивен на трансфер пазарот. Манчестер Сити е еден од најсериозните кандидати за неговиот потпис, па од „Етихад“ му испратиле понуда вредна 500 илјади фунти неделно, но таа засега е одбиена. Халанд целосно не ја исклучува можноста да премине во редовите на англискиот шампион. Сепак, тој сака да почека да види каква понуда ќе добие од Реал Мадрид пред…
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн може да се пресели во друг клуб од Островот, објавија медиумите во Англија. Според истите, напаѓачот може да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. Раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено на лето да започне преговори со претставниците на Англичанецот. Претходно беше објавено дека газдите на „црвените ѓаволи“ ја разгледуваат опцијата за купување на напаѓач. Хари Кејн е дел од Тотенхем уште од почетокот на кариерата, а за првиот тим дебитираше во 2011 година, а неколку пати одеше и на позајмица. Кејн оваа сезона има 28 настапи во Премиер лигата, постигна 12 гола и имаше пет…
Капитенот на нашата фудбалска репрезнетцаија, Стефан Ристовски помина неколку години во Португалија, настапувајќи за Спортинг Лисабон и сосема очекувано беше главна „мета“ на медиумите во оваа земја пред утрешниот натпревар. Ристовски одговараше на сите прашања, а посебно беше прашуван за односот со дел од фудбалерите на Португалија. „Сигурно дека ова е еден од најважните натпревари во историјата на нашиот фудбал. Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме овде, но ќе кажам дека не е случајно нашето присуство тука. Оваа наша соблекувална има нешто што другите немаат. Горд сум и подготвен за ова финале. Не можев да замислам дека ќе…
Утре Македонија ќе игра против Португалија, а се зголемува возбудата пред историскиот дуел меѓу нашите фанови. И фудбалерите со нетрпение го чекаат дуелот на „Драгао“, каде може да испишат историја со пласман на СП во Катар. На прес-конференцијата македонскиот селектор ги искажа очекувањата и одговараше на новинарските прашања. „Залудно е да се трошат зборови и за тимот и за индивидуалците на Португалија. Не би издвоил никого, бидејќи треба многу да набројувам. Респект за сите нив, но ние не сме туристи тука во Порто. Ќе дадеме максимум за да победиме. Ние сме мала држава и никој не очекуваше дека ќе се најдеме…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната, објави ТВ каналот „Ел Чирингито“. Минатата недела стана јасно дека на 31-годишниот белгиски репрезентативец ќе му биде извршена операција за отстранување на плочка од десната нога, која ќе го оддалечи од теренот за околу пет недели. Сега, пак, информацијата се надополнува со тоа дека Карло Анчелоти нема да се потпира на него и откако ќе се опорави. Еден Азар, кој се бореше со бројни повреди откако пристигна од Челзи во 2019 година, оваа сезона одигра 22 натпревари, главно во резерва, постигнувајќи еден гол и две…
