Author: riste

Екипата на Ливерпул забележа историско достигнување со победата од 3:1 над Бенфика во првото четвртфинале од Лигата на шампионите. За „Црвените“ од „Енфилд“ ова беше осми последователен успех како гостин во сите натпреварувања, нешто што досега не се случил во нивната историја. Пред Бенфика, Ливерпул ги победи Нотингем Форест (1:0 во четвртфиналето на ФА Купот), Арсенал (2:0) и Брајтон (2:0) во Премиер лигата, Интер (2:0) во Лигата на шампионите, Барнли (1:0) и Кристал Палас (3:1) во Премиер лигата, како и повторно Арсенал (2:0) за Лига Купот. Ливерпул повторно ќе игра на гости во следното коло. Сепак, задачата пред играчите на…

Read More

По првиот натпревар од 1/4 финалето од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити – Атлетико Мадрид кој заврши со победа на Манчестер од 1:0, менаџерот на домашната екипа успеа да подобри едно свое достигнување. Оваа победа беше 15-та за клубот во 23 плеј-оф натпревари во Лигата на шампионите под водство на Пеп Гвардиола. Како менаџер на Барселона, Гвардиола доби 14 натпревари во 26 одиграни натпревари. Од друга страна, шпанскиот стручњак двапати го освои трофејот со каталонскиот клуб (2008/09, 2010/11). Реванш четвртфиналниот натпревар ќе се одигра на 13 април на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид (Шпанија).

Read More

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана ждрепката за полуфиналините натпревари во најмасовното натпреварување – Купот на Македонија. Пласман меѓу најдобрите четири екипи обезбедија Македонија Ѓорче Петров, Пелистер, Струга Трим Љум и Силекс. На извлекувањето денес се одредија полуфиналните парови и домаќините, а среќата посака пресметки меѓу Пелистер и второлигашот Силекс, како и дуел на Струга Трим Љум и Македонија Ѓорче Петров. Полуфинални парови во Купот на Македонија: Пелистер – Силекс Струга Трим Љум – Македонија Ѓорче Петров Полуфиналињата во Купот се играат на еден натпревар во 16:00 часот на 20 април, па победниците ќе обезбедат место…

Read More

Алавес го отпушти менаџерот Хозе Луис Мендилибар по поразот од Атлетико Мадрид со 4:1 во 30. коло од шпанската Ла Лига. Под водство на шпанскиот тренер Алавес извојува една победа во 12 натпревари и е на 20. место во Ла Лига со 22 бода. Договорот со Мендилибар првично беше со важност до крајот на оваа сезона. Мендилибар го презеде Алавес на 28 декември 2021 година. Тој го замени Хавиер Калеха, кој исто така беше отпуштен од управата на клубот поради лошите резултати. Мендилибар беше на чело на Еибар од 2015 до 2021 година. На крајот од минатата сезона, тимот испадна…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го пречекуваат Нексе од  Нашице во реванш осминафиналето во Европската лига на ЕХФ. Откако во Хрватска битолчани загубија со 29:26, сега пред своја публика мора да ги надокнадат трите гола негатива доколку сакаат пласман во четвртфинале. Жељко Бабиќ знае како треба да се победи, а пред полна сала, бодрени од домашната публика во Битола, ќе се надигруваат со хрватскиот ривал. Добро за Еурофарм Пелистер е тоа што во тимот викендов се врати и капитенот Јосип Периќ, кој, иако не е спремен да понесе целосен товар, може да помогне во клучните моменти од дуелот. Гостите од Хрватска сериозно пристапуваат на овој натпревар…

Read More

Вечерва се игра првиот натпревар помеѓу Бенфика и Ливерпул во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Двата тима ќе се сретнат на стадионот Луш во Лисабон од 21 часот. Секој од нив ќе сака да постигне добар резултат. Гостите ја играат улогата на фаворити и за нив се поголеми очекувањата. Иако правилото за голови на гостински терен повеќе не постои, секогаш е добро да се дојде до победа како гостин, што дава самодоверба пред реваншот и го доведува противникот во многу тешка ситуација. Токму тоа е задачата на избраниците на Јирген Клоп, но домаќините не се за потценување. Бенфика избори пласман…

Read More

Вечерва од 21 часот се игра првиот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ова е еден од најинтересните дуели од оваа фаза на шампионската лига. Еден против друг се шампионите на Англија и Шпанија и секој ќе сака на најдобар можен начин да ја одбрани својата чест и да оди понатаму. Натпреварот е интересен поради средбата на две од најдобрите тактики во модерниот фудбал – Пеп Гвардиола и Диего Симеоне, кои ќе соочат еден против друг на клупата на своите екипи. Манчестер Сити стигна до оваа фаза, елиминирајќи го Спортинг (Лисабон). „Граѓаните“ на…

Read More

Ливерпул има шанса да го израмни рекордот на гостувањето кај Бенфика во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Доколку го добие овој натпревар, тимот ќе се израмни со сопственото постигнување од 1983-84 година, кога забележа пет последователни победи како гостин во ова натпеварување. Од почетокот на тековната сезона, избраниците на Јирген Клоп имаат само победи во нивните претходни гостувања од Лигата на шампионите. Во групната фаза победија на гостувањата кај Порто, Атлетико Мадрид и Милан, а во осминафиналето го победија Интер на „Џузепе Меаца“. Интересно е тоа што Бенфика е тимот што ја прекинала победничката серија на Ливерпул во таа 1984…

Read More

Белгискиот офанзивен играч за врска на Реал Мадрид, Еден Азар најверојатно ќе го напушти клубот на лето со позајмица. Според весникот „АС“, мадридскиот клуб веќе бара опции за настап на фудбалерот. Азар беше надвор од комбинација од страна на селекторот Роберто Мартинез за репрезентацијата на Белгија поради недостиг на одиграни натпревари. Оваа една од причините за промена на клубот. Претходно беше објавено дека Азар ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда. Операцијата за отстранување на плочата за остеосинтеза на десната фибула беше успешна. 31-годишниот Азар веќе го започна процесот на опоравување. Да потсетиме дека во 2019 година Азар се…

Read More

Фрајбург ќе се жали на резултатот од натпреварот во 28. коло на германската Бундес лига со Баерн (1:4), пренесува прес-службата на клубот. Да потсетиме дека во 86. минута од натпреварот главниот судија Кристијан Дингерт ја прекина играта. Факт е дека клубот од Минхен искористи четири замени, иако три се дозволени на официјални натпревари. Сепак, Дингерт по кратка пауза реши да го продолжи натпреварот. На теренот во исто време беа 12 играчи на Баерн Минхен. „Соочени сме со дилема не по наша вина. Не учествувавме во процесот на замена и немавме влијание на настаните. Правилата на лигата не принудуваат да дејствуваме…

Read More