Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги ќе му се приклучи на италијанскиот тим Милан следното лето, објави „Sport Mediaset“. Фудбалерот ќе се пресели во италијанскиот клуб како слободен играч. Двете страни веќе ги договориле сите услови од договорот. Милан му понуди на Ориги тригодишен договор со опција за уште една сезона. 26-годишниот Белгиец ќе добива околу 3,5 милиони евра годишно. Оваа сезона Дивок Ориги има 5 гола и 3 асистенции на 14 натпревари во сите натпреварувања за Ливерпул.
Author: riste
Реал Мадрид вечерва од 21.00 часот го пречекува Челзи во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Лондон заврши со победа од 3:1 во корист на шпанскиот гигант, кој ќе се обиде да го заврши започнатото од „Стемфорд Бриџ“. Избраниците на Томас Тухел имаат два гола за надополнување, што се чини тешка цел. Гостите нема да се може да сметаат на својот белгиски напаѓач Ромелу Лукаку кој е повреден. Добра вест за Тухел е враќањето во составот на Сезар Аспиликуета, кој боледуваше од коронавирус. Надвор од комбинација на германскиот менаџер се и Калум Хадсон-Одој, Рос Баркли и Бен…
Екипата на Баерн (Минхен) вечерва од 21.00 часот ќе игра против Виљареал во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во првиот меч пред една недела шпанскиот тим тотално го надигра Баерн, но победи само со 1:0. Вечерва на „Алијанц Арена“ домаќините немаат право на грешка и ќе се обидат да ја анулираат предноста на Виљареал. Во исто време, Шпанците најавија дека имаат цел да постигнат втор успех над нивниот славен ривал, кој е во мини-криза, бидејќи некои од ѕвездите не ја покажуваат својата најдобра форма. Притисокот дефинитивно е во таборот на Баварците, а евентуалното испаѓање од шпанскиот тим ќе биде…
Раководството на турскиот гигант Бешикташ ја смени одлуката и повеќе нема намера трајно да го задржува играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ. Босанецот настапува за Бешикташ како позајмен играч од Барселона. „Пјаниќ е на позајмица во нашиот тим од почетокот на сезоната. Тој нема да биде дел од Бешикташ следната сезона“, изјави спортскиот директор на клубот Џејхан Казанчи. Пјаниќ неодамна се врати од двомесечна пауза поради повреда која очигледно била важна за одлуката на раководството на Бешикташ.
36-годишниот шпански дефанзивец на Пари Сен Жермен Серио Рамос откри дека сака да одигра уште најмалку 4-5 сезони на високо ниво и дури потоа да размислува за нешто друго во кариерата. „Имам уште двегодишен договор со Пари Сен Жермен и ќе се обидам да го зголемам барем за уште една сезона. Тогаш ќе видиме. Физички се е во ред со мене и мислам дека ќе се фокусирам на исполнување на мојата цел“, прокоментира Рамос, кој минатото лето со слободен трансфер од Реал Мадрид се пресели во ПСЖ. Поголемиот дел од натпреварите во Париз ги пропушти поради повреди.
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија имаше полни раце работа, откако во послендиот период во ПМФЛ и ВМФЛ многу тимови се пожалија на арбитражата. Таква беше ситуацијата и на натпреварот меѓу Гостивар и Вардар, во кој домашната екипа победи со 2:1, а во првото полувреме беа видени неколку грешки. Фудбалска Македонија е во шок по досудениот офсајд при контранападот на Вардар, а играч на Гостивар лежеше во својот шеснаесетник. Покрај тоа, судиите погрешиле и при досудениот пенал за домашната екипа, но и при еден поништен гол, сите овие одлуки биле на штета на Вардар. Поради катастрофалното судење и неколкуте очигледни грешки, главниот судија Влатко Илиоски и помошниците…
Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер ги објави своите барања за плата. Ова го пренесува новинарот Николо Скира на својот твитер профил. Според изворот, Германецот очекува да добие договор на 4 години. Според него, тој сака да добива 12,5 милиони евра годишно. Покрај тоа, дефанзивецот бара 20 милиони евра како бонуси за потпишување. За услугите на 29-годишниот германски фудбалер се заинтересирани голем број европски екипи. Претходно беше објавено дека оние кои сакаат да потпишат договор со Рудигер ќе треба да платат 30 милиони евра за него – токму тоа е бонусот за потпишување што го бараат неговите агенти. Претставниците на германскиот…
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар во следниот период ќе добие нов тренер, затоа што Никола Глигоров веќе не е тренер на „црвено-црните“. Глигоров дојде на клупата на Вардар по стартот на сезоната, кога го наследи српскиот стратег Горан Симов кој лошо ја започна сезоната. Резултатите одеа според планот, Вардар беше во игра за второто место, но со неколку неочекувани и лоши резлтати ја губи битката за второто место. Вардар во последното одиграно коло доживеа пораз од Гостивар, во меч со неколку спорни судиски одлуки и многу негодувања по натпреварот од самите играчи и клубот. Никола Глигоров по поразот си поднесе оставка која е прифатена. Се очекува…
Шарл Леклер ја потврди својата врвната форма, но и подготвеноста на својот болид и победи на трката за ГН на Австралија. На патеката „Алберт парк“, возачот од Ферари доминантно стигна до победата, со одлично возење без ниту една грешка, а со најбрзиот круг на трката освои и дополнителен бод. Неговиот главен конкурент Макс Верстапен мораше предвреме да ја заврши трката поради проблеми со болидот, но и покрај тоа не беше конкурентен. По откажувањето на Верстапен, втората позиција му припадна на тимскиот колега Серхио Перез, додека до подиум стигна возачот на Мерцедес, Џорџ Расел кој дојде до првиот подиум во новиот…
Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски продолжува со своите одлични настапи и успеа да освои златен медал на Балканското првенство. Поставувајќи национален рекорд со време од 01:04.54 часа, Дарио Ивановски прв мина низ целта на полумаратонската трка. Оваа трка се одржуваше во Тирана, Албанија, а нашиот атлетичар успеа да победи и да го освои златниот медал. 24-годишниот Ивановски има победи од полумаратонските трки во Белград и Скопје во 2017 година, четврто место на Балканското првенство во Истанбул година подоцна, а сега стана државен рекордер. На минатогодишниот полумаратон во Тирана, Ивановски го зазеде третото место и освои бронзен медал, а оваа година бронзата…
