Англискиот гигант Манчестер Сити постигна договор со норвешкиот напаѓач на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд, информираше „Дејли Мејл“. Според информациите, играчот ќе добива 600.000 евра неделно, со што ќе стане најскапиот играч во Премиер лигата. „Граѓаните“ сакаат да потпишат петгодишен договор со Халанд, а се очекува договорот и официјално да биде објавен следната недела. Халанд е дел од Борусија Дортмунд од јануари 2020 година, откако беше привлечен од РБ Салцбург за 20 милиони евра. Тој оваа сезона одигра 20 натпревари во Бундеслигата со 18 гола и седум асистенции. Во Лигата на шампионите, Халанд има постигнато три гола на три натпревари. Договорот…
Author: riste
ПСЖ планира да се раздели со сите аргентински играчи во летниот преоден рок, со исклучок на напаѓачот Лионел Меси. Ова го објави „L’Equipe“. Според изворот, договорот на Анхел Ди Марија нема да биде обновен, а интерес на клубови од италијанската Серија А има за Леандро Паредес и Мауро Икарди. Анхел Ди Марија (34) за францускиот тим настапува од 2015 година. Напаѓачот постигна три гола и даде пет асистенции на 25 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. 27-годишниот Паредес му се приклучи на ПСЖ од Зенит во јануари 2019 година. На 22 натпревари оваа сезона, играчот од средниот ред постигна гол…
За играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, натпреварот од 32. коло во шпанската Примера со Кадиз (0:1) беше 674. за каталонскиот тим. Овабеше објавено веднаш по натпреварот. Со тоа Серхио Бускетс се израмни со Андрес Иниеста по овој индикатор. Со одиграни 674 натпревари тој е трет во историјата на Барселона во моментов. На второто место во натпреварите за Барселона е сегашниот тренер Чави – 767 натпревари. Лидер е Аргентинецот Лионел Меси , кој за Барселона настапи на 778 официјални натпревари. Бускетс за да го загрози Чави или Меси ќе мора да одигра уште најмалку 2 до 3 сезони…
Барселона загуби во натпреварот од 32. коло на шпанската Ла Лига од Кадиз (0:1). Овој пораз беше прв за избраниците на Чави во шпанското првенство од 4 декември 2021 година. Тогаш екипата ан Барселона загуби на домашен терен загуби од Бетис (0:1). По овој натпревар, Барселона остана без пораз во Ла Лига цели 15 натпревари. За тоа време, Каталонците успеаа да победат на 11 натпревари и да одиграат нерешено на 4 натпревари. Барселона има 60 бодови од 31 натпревар и се наоѓа на второто место во шпанската Ла Лига. Во следното коло од шампионатот на Шпанија, Барселона на 21 април…
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната поради повреда на колкот. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на Атлетико Мадрид. 22-годишниот Португалец се повреди во бицепсниот мускул на левата надколеница. Исто така беше објавено дека повреда од иста природа има уште еден играч на Атлетико, Том Лемар. И Феликс и Лемар беа заменети по првото полувреме во натпреварот од 32. коло на Ла Лига со Еспањол (2:1). Жоао Феликс одигра 35 натпревари за Атлетико Мадрид оваа сезона, постигнувајќи 10 голови и 6 асистенции. Португалецот на социјалните мрежи потврди дека нема да игра…
Лаутаро Мартинез беше еден од најдобрите играчи на Интер во петокот при победата на неговата екипа од 1:3 на гости против Специја, но неговата иднина во Интер е неизвесна. Барселона може да ја искористи оваа ситуација со купување на играчот во следниот преоден рок, пишува „Кориере Дело Спорт“. Според оваа информација во договорот за Мартинез би можеле да бидат вклучени Миралем Пјаниќ, кој моментално е позајмен во Бешикташ и Мемфис Депај, кој не е во плановите на тренерот на Барселона, Чави. Претходно беше објавено дека Интер е подготвен да се раздели со напаѓачот Лаутаро Мартинез доколку на аргентинскиот фудбалер му…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл , кој ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, ќе остане во Шпанија и следната сезона. Тоа го пренесува „Football Espana“. 32-годишниот фудбалер и неговото семејство го сакаат начинот на живот во Шпанија и се подготвени да се приклучат на друг клуб од Ла Лига следната сезона, објави овој извор. Герет Бејл (32) е во Реал Мадрид од 2013 година кога дојде од Тотенхем. Како дел од мадридскиот клуб, напаѓачот има одиграно 258 натпревари, а постигна 106 гола и даде 67 асистенции.
Ливерпул подготвува нов договор за Садио Мане, тврди „Football Insider“. Сенегалецот, кој наполни 30 години пред околу една недела, има договор со Ливерпул уште 12 месеци. Раководството на клубот е подготвено да му понуди договор кој ќе го задржи на „Енфилд“ до крајот на кариерата. Слична е намерата на клубот и во однос на Мохамед Салах, кој сепак се уште не ги прифатил условите кои му се понудени. Изданието тврди дека Пари Сен Жермен има интерес за Садио Мане и е подготвен да му понуди уште подобри финансиски услови. Садио Мане оваа сезона одигра 41 натпревар за Ливерпул во сите…
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ одлучи да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето. 33-годишниот Србин има договор со „црвените ѓаволи“ до 2023 година, но денеска и официјално на социјалните мрежи објави дека одлучил да се раздели со клубот по завршувањето на оваа сезона. „По долго размислување, решив дека оваа сезона ќе биде моја последна во Манчестер Јунајтед. Ги информирав моите шефови, менаџерот и соиграчите. За мене беше голема чест и привилегија да играм за овој голем клуб. Им благодарам на навивачите за нивната континуирана поддршка. Ќе дадам се од себе до крајот на сезоната да им…
Maкедонската ракометна репрезентација во недела треба да го направи последниот чекор и да обезбеди нов пласман на една Светско првенство. Избраниците на Кирил Лазаров в недела ќе ја водат последната битка од баражот за Светското првенство, а Чешка ќе ја пречекаме со остварено реми од првиот натпревар во Злин. Доколку славиме во Скопје и обезбедиме настап на Светското првенство, многу веројатно на ждрепката за собирот во Шведска и Полска ќе се најдеме во вториот шешир. Тоа би значело дека нема да се натпреваруваме во групите Б и Г, каде домаќини се градовите Катовице и Јончепинг. Шешири за ждрепката: Прв шешир: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд/Австрија, Германија/Фарски Острови, Африка 1 Втор…
