Author: riste

Во натпреварот од 34. коло на италијанската Серија А, Сасуоло го пречека Јувентус. Средбата се одигра на стадионот „Мапеи“во Реџо Емилија и заврши со победа на гостите од 2:1. Еден од погодоците на оваа средба беше дело на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала. Овој гол беше 81.гол на Дибала за Јувентус во италијанското првенство. Така Дибала се израмни според бројот на голови на поранешниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој моментално настапува за Манчестер Јунајтед. По 34 одиграни кола, Јувентус се наоѓа на четвртото место во италијанската Серија А со 66 бодови. Сасуоло е на 10. место со 46 бодови.

Read More

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, се надева дека ќе остане во клубот по доаѓањето на Ерик тен Хаг, кој ќе започне со работа на крајот од оваа сезона. Германскиот стручњак сака да остане во клубот, но не знае што му носи иднината. „Заинтересиран сум и се чувствувам многу добро во овој клуб по пет и пол месеци. Сè уште гледам кои опции и области треба да ги развиваме во тимот“, изјави Рангник. Од друга страна, Германецот ја истакна важноста да не се наметнува со своето присуство на новиот тренер кој ќе го замени на кормилото на тимот. Ралф…

Read More

Шведскиот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ стана најстариот играч кој имал ефективен настап во Серија А, објави новинарот Џозеф Шеферд на Твитер. Ибрахимовиќ тоа го направи на 40 години, 6 месеци и 21 ден. На тој начин успеа да го собори рекордот на поранешниот напаѓач на Рома, Франческо Тоти, кој имаше асистенција на 40 години, 4 месеци и 23 дена. Да потсетиме, во рамките на 34. коло од италијанската Серија А, Лацио беше домаќин на Милан. Средбата се одигра во Рим на стадионот „Олимпико“ и заврши со победа на гостите со резултат 2:1. На оваа средба Ибрахимовиќ имаше асистенција за…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за Реал Мадрид. „Реал е клуб кој знае да експлодира. Тимот кој ги победи ПСЖ и Челзи сигурно ќе биде тврд орев. Ние го разбираме ова. Станува збор за брутален тим предводен од Карим Бензема, Лука Модриќ и Тони Крос. Сите тие постојано настапуваа на неверојатно високо ниво низ годините. Реал Мадрид го има и Винисиус кој игра многу добро оваа сезона. Мислам дека ни претстои многу поофанзивна игра отколку со Атлетико Мадрид“, изјави Гундоган. Да потсетиме дека првиот натпревар од 1/2 финалето на Лигата на шампионите…

Read More

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе следната недела ќе отпатува во Шпанија на разговори со Реал Мадрид, пишува „Марка“. Според информациите, француската ѕвезда ќе пристигне во Мадрид со целото семејство и ќе разговара со раководството на Реал Мадрид главно за имиџ правата во случај на трансфер ова лето. Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Тој има опција и да остане на „Паркот на принцовите“, а раководството на клубот му понуди нов договор со плата од 50 милиони евра. Оваа сезона Мбапе има 30 натпревари за…

Read More

Јувентус е блиску до продолжување на договорот со дефанзивецот Матија Де Шилио, пишуваат италијанските медиуми. Според информациите преговорите меѓу клубот и италијанскиот фудбалер се во завршна фаза и наскоро ќе биде потпишан нов договор до 2025 година. Актуелниот договор на играчот истекува на крајот од сезоната. Де Шилио е во Јувентус од 2017 година, кога се пресели од Милан. Оваа сезона 29-годишниот дефанзивец одигра 27 натпревари за клубот од Торино во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и три асистенции.

Read More

Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, јасно им стави до знаење на своите пријатели дека не сака да го напушти тимот на лето, и покрај неодамнешната закана со бомба во неговиот дом. „Хари нема да биде исфрлен од тимот на Манчестер Јунајтед со такви закани. Неговиот приоритет број еден секогаш ќе биде безбедноста на неговото семејство, но тој исто така има силен карактер да го направи правилното. Овие закани најверојатно се дело на некој кукавички обожавател“, изјави извор близок до Мегваер за „Сан“. Претходно беше објавено дека фудбалерот добил писмо преку мејл во кое се вели дека може да…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига, објави „Sport.es“. Според информациите кои беа објавени, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на 24-годишниот холандски фудбалер. Де Јонг е на списокот на трансфер цели на Манчестер Јунајтед за летниот прозорец. Познато е дека на Де Јонг му се допаѓа во Барселона, но играчот може да замине во Манчестер Јунајтед за повторно да се обедини со тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, кој ќе ги води „црвените ѓаволи“ од новата сезона. Да потсетиме дека Де Јонг се пресели во Барселона од Ајакс…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити и Бразил, Габриел Жесус би можел да се пресели во лондонски Арсенал, објави „Атлетик“. Според изворот, клубовите не воделе директни преговори, но управата на Арсенал веќе стапила во контакт со претставници на 25-годишниот бразилски фудбалер за да разговараат за условите на личниот договор. Се истакнува дека Жесус е отворен за преселба во лондонскиот клуб поради недостаток на минутажа во Манчестер Сити. Да потсетиме дека Жесус се пресели во Манчестер Сити од Палмеирас во 2016 година. Бразилскиот напаѓач оваа сезона одигра 23 натпревари во Премиер лигата, постигна три гола и имаше седум асистенции. Од 2016 година Жесус…

Read More

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку може да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А. Милан е заинтересиран за услугите на 28-годишниот играч, објавија медиумите во Италија. Од Милан очекуваат Челзи да ја намали цената на играчот поради неговата лоша форма оваа сезона. Исто така постои опција за позајмица на Белгиецот во Милан. Лукаку игра за Челзи од август 2021 година, каде се пресели од Интер за 113 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е до 30 јуни 2026 година. Според Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 85 милиони евра.Белгискиот напаѓач оваа сезона има 21 настап во англиската Премиер лига,…

Read More