Author: riste

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте сака на лето да го засили тимот со шест нови играчи, пишува „Телеграф“. Тренерот ќе бара нов централен дефанзивец, десен бек, двајца играчи од средниот ред, напаѓач и резервен голман. Покрај тоа, клубот речиси сигурно ќе го привлече и Дејан Кулушевски кој е на позајмица од Јувентус. Конте веќе има неколку играчи на својот список на желби. Меѓу нив се десниот бек на Нотингем Форес, Џед Спенс, централниот дефанзивец на Торино, Глејсон Бремер, и играчот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен, кој може да се врати во Тотенхем, каде ги помина најдобрите години во…

Read More

Тотенхем е подготвен уште сега да ја плати откупната клаузула за Дејан Кулушевски. Овој фудбалер имзинатото лето беше ангажиран од Јувентус и веднаш стана клучна фигура во играта на Тотенхем со 3 гола и 6 асистенции на 12 натпревари во Премиер лигата. Ова е причината зошто газдите на клубот се крајно импресионирани од него и веќе размислуваат да го привлечат трајно, пишува „Ивнинг Стандард“.  Тотенхем би можел да ги откупи правата на Кулушевски за 25 милиони фунти по крајот на сезоната 2022/23. Оваа сума може да достигне и до 29 милиони фунти во зависност од перформансите на играчот и дополнителните…

Read More

Натпреварот од 33. коло во Ла Лига меѓу Реал Сосиедад и Барселона (0:1) беше 675-ти за играчот од средниот ред на каталонскиот тим Серхио Бускетс во дресот на Барселона. Со ова Бускетс го надмина поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста според овој индикатор. На второто место на оваа ранг-листа се наоѓа Чави – 767 натпревари. Лидер е Аргентинецот Лионел Меси , кој за Барселона настапи на 778 официјални натпревари. По 31 одиграно коло во шпанската Примера, Барселона е на второто место на табелата со 63 бодови, а лидер е Реал Мадрид кој има 78 бодови.

Read More

Француската судијката Стефани Фрапар е назначена за главен судија на финалниот натпревар од Купот на Франција меѓу Нант и Ница, објави официјалниот сајт на Француската фудбалска федерација. Фрапар претходно има судено машки финалиња и беше главен судија на натпреварот од Суперкупот на УЕФА во 2019 година помеѓу Челзи и Ливерпул. Стефани ќе биде првата жена што суди во финалето на Купот на Франција. Натпреварот меѓу Нант и Ница ќе се одигра на „Стад де Франс“ во Париз на 7 мај. Фрапар ќе виде дел од судиите кои ќе ги судат натпреварите на Европското првенство за жени – 2022. Турнирот ќе…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг го повтори достигнувањето на Ромарио (1993), Роналдо (1996) и Златан Ибрахимовиќ (2010). Обамејанг го постигна деветтиот гол во првите 11 натпревари за Барселона во Ла Лига и стана четвртиот играч во историјата на клубот што го постигнал ова достигнување. Да потсетиме дека во натпреварот од 33. коло на шампионатот на Шпанија, Барселона го победи Реал Сосиедад со резултат 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Обамејанг во 11. минута. Обамејанг потпиша за Барселона во последниот ден од јануарскиот преоден рок, откако го напушти лондонски Арсенал со слободен трансфер. На 11 натпревари за Барселона во Примера постигна…

Read More

Тренерот на Барселона Чави го сподели своето мислење за играта на 29-годишниот германски голман во дресот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген, кој синоќа имаше одличен натпревар и не прими гол на мечот со Реал Сосиедад (1:0) во 33. коло од шпанското првенство. „Тер Штеген е многу важен за мене. Тој е лидер, доминира во играта со нозе – за мене тој е еден од најдобрите голмани во светот“, изјави Чави по натпреварот со Реал Сосиедад. Тер Штеген има 43 настапи за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, со 13 чисти мрежи, а на останатите прими 52 гола.

Read More

Јувентус започна преговори со крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен Анхел ди Марија. Договорот на 34-годишниот Аргентинец истекува на лето и „бјанконерите“ се подготвени да го земат во своите редови како слободен играч, пренесува „Скај Италија“. Во Јувентус бараат соодветни играчи за да го освежат нападот за новата сезона. Клубот во лицето на Ди Марија гледа добра опција за замена на Пауло Дибала кој е пред заминување. Згора на тоа, привлекувањето на него нема да ги чини ништо. Јуве веќе оствари првични контакти со претставниците на Ди Марија. Тие отидоа во многу позитивен тон и се чини дека играчот е…

Read More

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер не планира кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Тоа го пренесува „Манчестер Ивнинг Њуз“. Според истиот извор, Манчестер Јунајтед бил заинтересиран за потписот на германскиот фудбалер, чиј договор со Челзи истекува на крајот од актуелната сезона. Рудигер не планира да замине во Манчестер Јунајтед бидејќи сака да ја продолжи кариерата во клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите. 29-годишниот Рудигер е во англискиот тим од 2017 година. Дефанзивецот постигна пет гола и даде четири асистенции на 47 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Претходно беше објавено дека Германецот очекува да добие нов договор…

Read More

Милан би можел да биде продаден на инвестициската компанија Инвесткорп со седиште во Бахреин. Во овој случај, во летниот преоден рок, составот на италијанскиот клуб може значително да се засили, објави „Газета Дело Спорт“. Според изворот, доколку клубот биде продаден на лето, Милан ќе се обиде да го ангажира играчот за врска на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, како и крилото Марко Асенсио и офанзивниот играч за врска Иско, кои играат за Реал Мадрид. Договорот на Рахим Стерлинг со Манчестер Сити истекува во летото 2023 година. Иско на крајот од сезоната би можел бесплатно да го напушти Реал Мадрид. Претходно имаше…

Read More

Реал Мадрид е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс и е подготвен да понуди 70 милиони евра за трансферот на англискиот фудбалер, објавија медиумите во Англија. 22-годишниот Џејмс потекнува од фудбалската пкола на Челзи. Дефанзивецот постигна шест гола и даде седум асистенции во 31 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона. Договорот меѓу Џејмс и Челзи истекува во летото 2025 година. Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на англискиот фудбалер на 55 милиони евра. Рис Џејмс има и 10 натпревари за сениорскиот тим на Англија, на кои имаше две асистенции.

Read More