Author: riste

По елиминацијата на Јувентус од Виљареал во осминафиналето во Лигата на шампионите, Италија остана без учесник во четвртфиналето од елитното натпреварување. Претходно истата судбина го снајде и Интер кој беше елиминиран минатата недела. Тренерот Масимилијано Алегри, кој се најде на удар на јавноста, изјави дека не ги обвинува фудбалерите, и ја нарече играта на својата екипа наивна. „Виљареал играше со деветмина зад линијата на топка и дури не сакаа да излезат повисоко. Не се обидуваа  да нѐ нападнат и сакаа да го однесат натпреварот во продолженија. На крајот ние излеговме многу наивни и дозволивме да направиме грешки кои не чинат елиминација. Цели…

Read More

Првата нокаут фаза од Лигата на шампионите заврши, а по неа се познати сите учесници во четвртфиналето во ова натпреварување. Со неколку изненадувања во оваа фаза , но и со неколку убедливи игри на фаворитите поминаа овие пресметки од осминафиналето. Најлесно до четвртфиналето стигнаа екипите на Манчестер Сити и Баерн Минхен елиминирајќи ги Спортинг (5-0) и Салцбург (8-2). Изненадувачка беше елиминацијата на Јувентус од Виљареал, додека Реал Мадрид се радуваше по најатрактивниот двомеч против ПСЖ, додека Атлетико Мадрид го исфрли Манчестер Јунајтед. Четвртфиналистите во Лигата на шампионите: Баерн Минхен, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Бенфика, Челзи и Виљареал. Во ждрепката која е закажана за утре(петок) точно напладне (12:00 часот) во седиштето на УЕФА во…

Read More

Директорите на Интер се сретнаа со претставници на напаѓачот на Ајакс, Себастијан Алер, пишува „Газета дело спорт“. Сепак, преставниците на Интер биле информирани дека холандскиот гигант бара 35 милиони евра за 27-годишниот играч од Брегот на Слоновата Коска, кој има одлична сезона во дресот на клубот од Амстердам и е еден од најпродуктивните напаѓачи во Европа. Досега оваа сезона Алер ​​има постигнато 32 гола на 34 натпревари во сите натпреварувања. Има 19 гола во шампионатот на Холандија и 11 во Лигата на шампионите. Интер во моментов не сака да плати толкава сума за играчот, но самиот играч е отворен за…

Read More

Матијас Замер е фудбалска легенда на Борусија Дортмунд, а во моментов ја извршува функцијата на советник во клубот, па поради ваквата функција, привлече огромно внимание неговата последната изјава која ја даде за ѕвездата која сите очекуваат да си замине од „Сигнал Идуна Парк“. Ерлинг Халанд ова лето може да си замине за сума од 75 милиони евра и тоа не треба да претставува проблем за најголемите европски гиганти, кои пак сега се борат да му понудат што е можно подобри услови на Норвежанецот кога се финансиите во прашање, но и времетраењето на договорот. Медиумите во Англија откриваат дека Манчестер Сити…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Данило може да го продолжи договорот со италијанскиот клуб, пренесува „CalcioNews24“. Според нформациите кои беа објавени, раководството на Јувентус му понудило на 30-годишниот бразилски фудбалер нов договор, со важност до јуни 2026 година. Актуелниот договор на Данило со клубот истекува во јуни 2024 година. Да потсетиме дека Данило се пресели во Јувентус од Манчестер Сити во летото 2019 година. Трансферот изнесуваше 37 милиони евра. Оваа сезона, дефанзивецот учествуваше во 22 натпревари за клубот од Торино во сите натпреварувања, постигна 1 гол и 2 асистенции. Јувентус по 29 натпревари освои 56 бодови и се наоѓа на 4. место…

Read More

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани нема намера да го промени планот да го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч во текот на летниот преоден рок. Ова на својот Твитер профил го објави Фабрицио Романо, новинар на ТВ каналот Скај Спорт Италија. Приоритетна опција за Кавани е преселба во тим кој настапува во шпанското првенство. Исто така, се истакнува дека за напаѓачот се заинтересирани клубови од Јужна Америка. Кавани (35) игра за Манчестер Јунајтед од октомври 2020 година. Уругваецот има 19 гола и 7 асистенции на 55 натпревари за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања. Манчестер Јунајтед по 29. коло е на петтото…

Read More

Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид вечерва од 21 часот на „Олд Трафорд“ го играат реванш осминафиналето во Лигата на шампионите, што е сосема непредвидливо. Првиот натпревар во шпанската престолнина заврши 1:1, иако Атлетико имаше предност. Резервниот гол Ентони Еланга им го донесе вредното реми на „црвените ѓаволи“, кои за конечниот успех ќе сметаат на поддршката од публиката на „Олд Трафорд“. Фактот дека гол на гостински терен не дава предност е предуслов да се види многу внимателен пристап на двете екипи. И Манчестер Јунајтед и Атлетико имаат сериозни дефанзивни проблеми од почетокот на сезоната и тешко дека ќе ризикуваат да нападнат…

Read More

Фудбалерите на Ајакс вечерва ја пречекуваат Бенфика на својот стадион во Амстердам. Ајакс двапати водеше во првиот натпревар против Бенфика во осминафиналето на Лигата на шампионите, но Португалециет успеа да се вратат и натпреварот заврши 2:2. Двата тима вечерва ќе го започнат мечот на арената Јохан Кројф без предност, а токму овој меч ќе го одреди следниот четвртфиналист во Лигата на шампионите. Домаќините се фаворити, но сигурно нема да им биде лесно против тимот од Лисабон. Ајакс не беше убедлив во последните неколку недели, но дојде до две драматични победи од 3:2 против Валвијк и Камбур во шампионатот на Холандија.…

Read More

Францускиот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Карим Бензема стана најдобар стрелец на сите времиња меѓу француските фудбалери. Тој успеа да дојде до ова достигнување во натпреварот од 28. коло на шпанскиот шампионат со Мајорка (3:0), каде напаѓачот постигна два гола. Французинот сега има 413 гола во кариерата, што му овозможи да се зацврсти на првото место на листата на најдобри стрелци. Втор е Тиери Анри, кој во кариерата постигна 411 голови. Да потсетиме, Бензема постигна хет-трик во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите сезона 2021/2022 со Пари Сен Жермен (3:1). Головите на Французинот му донесоа на мадридскиот…

Read More

Манчестер Јунајтед планира да го ангажира српскиот дефанзивец од Фиорентина, Никола Миленковиќ , објави инсајдерот Николо Скира на својот Твитер. Според новинарот, скаут на англискиот клуб бил на последниот натпревар на Виолетовите. Фиорентина играше со Болоња (1:0). Србинот на тој меч на теренот ги помина сите 90 минути, не постигнувајќи ниту еден гол. Скаутот требаше да разговара за можна преселба на дефанзивецот во Манчестер Јунајтед во текот на летото. Се дознава дека англискиот клуб е подготвен да плати околу 15 милиони евра за играчот. Миленковиќ за Фиорентина настапува од јули 2017 година. Неговиот актуелен договор со клубот трае до крајот…

Read More