Author: riste

На официјалната презентација на новото засилување на ПСЖ, прв зборуваше претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи. Тој имаше само пофални зборови за Аргентинецот, а во повеќе наврати нагласи дека е горд поради направениот трансфер. „Неверојатно е да седиш овде и го промовираш Лео Меси како играч на ПСЖ. Ова е одличен и историски ден за клубот. Неверојатен момент за нас. Сите го познаваат, шест пати ја освојуваше „Златната топка“. Тој прави „магија“, го прави фудбалот поубав. Ќе биде возбудливо за фановите со сигурност. Одлично е што успеавме да се договориме со него. Се сеќавам, пред десет години кога дојдов во клубот, луѓето се прашуваа…

Read More

ПСЖ и Лионел Меси постигнале целосен согласност за договорот меѓу нив и така фудбалерот ќе лета за Париз попладнево, објави „Л‘Екип“, а потоа веста ја потврдија и други извори. Весникот додава дека неговите медицински прегледи ќе се одржат кон крајот на денот, по што ќе потпише договор за 2+1 години. Утре се очекува прес -конференција на „Паркот на принцовите“, на која ќе зборува Аргентинецот. Првичните информации беа дека Меси денеска ќе биде објавен како играч на ПСЖ, но доцнеше потпишувањето на договорот меѓу двете страни, најмногу поради правата на имиџот. Исто така, тимот појаснува дека бројот со кој напаѓачот ќе…

Read More

Тренерот на РК Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, пред натпреварот со Еурофарм Пелистер во Суперкупот на Македонија истакна дека противникот е квалитетен тим и е директен ривал на сите домашни фронтови, но сепак посакува да го започне својот кам-бек во „црвено-црните“ со трофеј. „Ни доаѓа првиот меч против Еурофарм Пелистер, директен конкурент за шампионската титула и лани играше важна улога и во Македонија и во Европа. И покрај тоа што ја темпираме формата за СЕХА-мечот со ППД Загреб, најважно за нас е да одиграме добар натпревар и обврска е да победиме за да го освоиме Суперкупот. Не размислувам каков ќе биде…

Read More

Ајнтрахт Франкфурт официјално го  објави ангажирањето на Јенс Петер Хауге, кој доаѓа од Милан со едногодишна позајмица. Под одредени услови, тимот од Бундеслигата ќе има обврска да го купи 21-годишното крило на крајот од сезоната за проценетата сума од 12 милиони евра. Милан му се заблагодари на Хауге за неговата професионалност и му посака се најдобро во иднина. Норвешкиот интернационалец, кој има три натпревари во дресот на Норвешка, помина само една сезона на „Сан Сиро“ по неговиот трансфер од Бодо Глимт вреден 5 милиони евра. Тој постигна 5 гола и 1 асистенција на своите 25 натпревари за „росонерите“, од кои…

Read More

Љубителите на фудбалот во Англија ќе бидат подложени на случајни проверки на нивниот статус со КОВИД-19 на стадионите во Англија во новата сезона, објави Премиер лигата. Ќе мора да имаат докази за целосна вакцинација или негативен ПСР тест даден до 48 часа пред натпреварот. Премиерлигата објасни дека се воведени случајни проверки на различни места на стадионот за да се избегне гужва на одделни контролни пунктови. Исто така, од поддржувачите ќе се бара да носат маски во затворени простории и ќе бидат охрабрени да избегнуваат контакт со странци на или околу стадионите. „Иако државата постепено се отвара, владата јасно стави до…

Read More

Раководството на Манчестер Сити ќе ги продолжи преговорите со Рахим Стирлинг за продолжување на договорот на играчот. Сегашниот договор на крилото е до летото 2023 година. Меѓутоа, во последните месеци се појавија гласини дека размислува да го напушти „Етихад“, бидејќи не е задоволен од малата минутажа што ја доби на крајот од минатата сезона. Сепак, се чини дека клубот планира да продолжи да смета на него и ќе се обиде долгорочно да го задржи, пренесува „Сан“. Во медиумите се појавија информации дека Стерлинг бил понуден на Тотенхем како дел од договорот за привлекување на Хари Кејн. Сепак, 26-годишниот англиски репрезентативец…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Серхио Кун Агуеро може да го напушти клубот пред предвиденото. Според порталот „Mas Que Pelotas“, каталонскиот клуб може да се раздели со напаѓачот пред предвиденото доколку играчот се повреди. Во договорот помеѓу двете страни постои клаузула според која договорот може да се раскине поради повреда. Да потсетиме дека за време на медицинскиот преглед на аргентинскиот фудбалер, беше откриена сериозна повреда на лигаментите на зглобот. Во најдобар случај, се очекува тој да се врати на терените во октомври. Агуеро се пресели во Барселона во јули оваа година. Фудбалерот се пресели во каталонскиот клуб како слободен играч од Манчестер…

Read More
NBA

Најголемата кошаркарска ѕвезда од Словенија, Лука Дончиќ откако ги заврши настапите на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио веднаш доби понуда за супер-максимален договор, кој тој го прифати. Најдобриот европски кошаркар во моментов во Далас ќе остане во наредните пет години, а ќе добие максимална плата – 207 милиони долари. Информацијата ја потврди и неговиот агент Бил Дафи, кој е во Словенија. Во текот на минатата сезоната, Лука Дончиќ во просек имаше по 27,7 поени, 8 скока и 8,6 асистенции по натпревар со ефикасност на шутот од 47,9% во целост, а 35% за три поени. https://twitter.com/TheSteinLine/status/1424852408207872000 Кошаркарите на Далас предводени…

Read More

Баерн може да го продаде својот играч за врска Корентин Толисо, објави „Билд“. Според изворот, 27-годишниот Французин е интересен за Јувентус, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вест Хем. Исто така во информацијата се вели дека Баерн е подготвен да го ослободи играчот за најмалку 10 милиони евра. Францускиот фудбалер во моментов е во самоизолација откако беше позитивен на тестирање за коронавирус. Актуелниот договор на Коренти Толисо со германскиот клуб истекува на 30 јуни 2022 година. Порталот Трансфермаркт го проценува фудбалерот на 20 милиони евра. Во сезоната 2020/2021, играчот од средниот ред одигра 16 натпревари во германската Бундеслига и постигна 1 гол.

Read More

Трансферна цел на Олимпик Лион е играчот за врска на Ливерпул, Џердан Шаќири. Францускиот клуб вчера дал понуда да го купи 29-годишниот Швајцарец, објави весникот „Л‘Екип“. Претходно беше објавено дека Ливерпул сака да добие околу 15 милиони евра за играчот од средниот ред. Медиумите објавија дека Лацио, Наполи, Севиља и Виљареал исто така сакаат д аго купат Шаќири. Самиот играч ја објави својата желба да го напушти Ливерпул и да се врати во Италија, каде што веќе играше за Интер. Швајцарскиот фудбалер игра за Ливерпул од 2018 година. Шаќири во кариерата има настапува за Стоук Сити, Интер, Баерн Минхен и…

Read More