Манчестер Јунајтед е уште еден клуб кој внимателно ја следи ситуацијата со напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман. Иднината на Французинот на „Камп Ноу“ останува неизвесна, иако Каталонците ја загубија својата голема sвезда Лионел Меси. Сепак, клубот продолжува да има сериозни финансиски проблеми, а 30-годишниот Французин добива една од највисоките плати на „Камп Ноу“, а токму тоа може да ги натера сопствениците на клубот да се разделат со него со добра понуда Се очекуваше Манчестер Јунајтед да не привлекува нов напаѓач откако Единсон Кавани потпиша нов договор со клубот. Сепак, најновите информации тврдат дека „Црвените ѓаволи“ се распрашувале за можноста да…
Author: riste
Челзи нема намера да прекине со купувањето на нови играчи откако ќе го привлече напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. Белгиецот е многу блиску до потпис со „сините“ откако вчера пристигна во Лондон за да ја помине втората серија лекарски прегледи и да го потпише својот официјален договор со клубот. Челзи за него ќе плати сериозна сума од 115 милиони евра. Сепак, тие планираат да донесат уште најмалку тројца играчи на „Стемфорд Бриџ“ за да го засилат својот состав и да ја нападнат титулата во Премиер лигата, пренесува „Дејли Експрес“. Првата задача на Томас Тухел е да ја засили одбраната, а…
Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Горица, објави клубот. Тој доаѓа во оваа екипа како слободен играч откако го раскина договорот со Ним. Влатко Стојановски потпиша договор до мај 2024 година. „Се чувствувам одлично, мило ми е што дојдов во добро организиран клуб, кој секоја година напредува се повеќе и има големи амбиции. Ми се допаѓа хрватската лига, ја следев досега и мислам дека за мене е добар предизвик“, изјави Стојановски, кој се фотографираше со дресот со број „70“. Во кариерата која ја започна во Македонија настапуваше за неколку екипи, почна во Металург, а негов последн клуб беше…
Бешикташ одлучи да се откаже од идејата да потпише со напаѓачот Диего Коста, пренесува „Глобо Еспорте“. Претседателот на Бешикташ, Ахмет Нур Чеби, смета дека барањата на Бразилецот се преценети и стави вето на договорот. Диего Коста сакаше да добива 4 милиони евра годишно. Покрај платата, тој побара процент од продажбата на дресовите со неговото име и бонуси од 1 милион евра. Диего Коста во моментов преговара со бразилскиот Атлетико Минеиро. Напаѓачот е слободен агент откако го напушти Атлетико Мадрид во декември 2020 година. Трансфермаркт го проценува играчот на 6 милиони евра. Минатата сезона напаѓачот успеа да одигра само седум натпревари…
Менаџерот на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто потврди дека Хари Кејн е сместен во клубот во Лондон, каде што се наоѓа под задолжителен карантин по враќањето од одмор. Португалецот исто така потврди дека имал разговор со капитенот на Англија во понеделникот и тој ќе биде составот на екипата за воведниот натпревар сезонава за Тотенхем против Манчестер Сити кој се игра во сабота. Токму „граѓаните“ се главниот фаворит за потписот на Хари Кејн, кој во неколку наврати јавно ја истакна својата желба да го напуштат Тотенхем и да се приклучат на тимот на Пеп Гвардиола. „Сите во тимот работат секој ден и…
Дефанзивецот Алфонсо Дејвис и крилниот напаѓач Кингсли Коман денеска се приклучија на Баерн Минхен откако се опоравија од повредите. Дејвис ги скина лигаментите на левиот скочен зглоб на натпреварот од Голд купот кон средината на јули, а Коман се подготвуваше индивидуално по повредата на реброто што ја заработи за време на пријателскиот натпревар против Наполи. Баерн ќе ја брани титулата во Бундеслигата од петок кога игра против Борусија (Менхенгладбах), а официјалниот деби н аклупата на Баварците ќе го има тренерот Јулијан Нагелсман. Тренерот Нагелсман ќе биде без дефанзивецот Лука Ернандез бидејќи Французинот се опоравува од повредата на коленото и според…
Реал Мадрид го понуди напаѓачот Лука Јовиќ на Рома, објави весникот „Ла Република“. Според изворот, Лука Јовиќ може да го замени Босанецот Един Џеко во римскиот клуб, кој е блиску до преселба во Интер од Милано. Јовиќ играше за Ајнтрахт Франкфурт од 2017 до 2019 година на позајмица од Бенфика. После тоа, германскиот клуб го купи за 22 милиони евра и го препродаде во Реал за 63 милиони евра. Минатата зима Ајнтрахт Франкфурт повторно го позајми српскиот фудбалер. Минатата сезона, 23-годишниот напаѓач одигра 18 натпревари во германската Бундеслига и постигна четири гола. Новата сезона во италијанското првенство ќе започне на…
Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Хасан Салихамиџиќ изненадувачки или не го искажа интересот на Баварците за напаѓачот на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд. Ова го направи пред германскиот ТВ канал „Спорт 1“, каде што исто така рече дека би било „аматерски“ од нивна страна доколку не ги проучат можностите за привлекување на норвешкиот напаѓач. „Тој е врвен фудбалер и од она што го слушам, прекрасно момче. Мораме да ја погледнеме таа можност, но тој е играч на Борусија Дортмунд. 60 гола на 60 натпревари. Ќе бевме целосни аматери ако не ја разгледавме оваа можност“, рече Салихамиџиќ. Ерлинг Халанд има договор со…
Екипата на Барселона ја потврди лошата вест за која се пишуваше изминативе неколку дена. Серхио Кун Агуеро има повреда и ќе го пропушти стартот на сезоната. Аргентинецот дојде од Манчестер Сити како слободен играч за да го засили нападот, но тренерот Куман ќе мора без него да започне во нападон на стартот на сезоната. Агуеро има повреда на задниот мускул и ќе биде надвор од терените околу десет недели или два месеци. Отсуството на Агуеро ќе биде хендикеп за Барселона, посебно сега кога се знае дека барселона остана без својата прва ѕвезда Лионел Меси. Во офанзивниот дел, главниот збор ќе треба да го има Мемфис Депај…
Тотенхем започна преговори со Интер за трансфер на Лаутаро Мартинез, објави новинарот Фабрицио Романо на својата страница на Твитер. Лондончани понудија 70 милиони евра за Аргентинецот. Интер вели дека нема да го продаде Мартинез ова лето. Договорот на напаѓачот со Интер истекува во 2023 година. Лаутаро исто така е посакуван од Атлетико Мадрид, но првата понуда на шампионот на Шпанија од 40 милиони евра плус 10 милиони бонуси беше одбиена. Интер побара најмалку 80-90 милиони евра.Претходно се дозна дека Мартинез нема да се пресели во лондонски Арсенал. Во март, Интер ги одби првите понуди за продажба на шест првотимци, вклучувајќи…
