Author: riste

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино одби да открие дали клубот преговара со суперrsвездата Лионел Меси, кој не го продолжи договорот со Барселона. Исто така, аргентинскиот тренер беше категоричен дека евентуалнпто купување на неговиот сонародник не значи дека Килијан Мбапе ќе го напушти „Паркот на принцовите“. Парижаните се сметаат за фаворити за потписот на Меси, бидејќи веќе има информации за нивната понуда до него и за телефонски разговор помеѓу тренерот и напаѓачот. „Фокусирани сме на почетокот на сезоната. Во меѓувреме, ние исто така сме фокусирани на клубот, кој работи дискретно на преодниот рок за да го подобри составот на сите можни…

Read More

Новиот селектор на А репрезентацијата на македонија, Благоја Милевски ја почнува ерата во сениорскиот национален тим каде доаѓа на местото на досегашниот селектор Игор Ангеловски. Милевски пред неколку години со младата селекција до 21 година го направи историскиот успех со пласманот на ЕП во Полска, а сега по настапот на сениорската репрезентација на Еуро 2020 ќе го предводи нашиот најдобар репрезентативен колектив. Договорот на двете страни е до 2024 година. Досега нашата фудбалска репрезентација ја предводеа: Андон Дончевски, Ѓоко Хаџиевски, Драги Канатларовски, Ѓоре Јовановски, Никола Илиевски, Слободан Сантрач, Бобан Бабунски (в.д), Среќко Катанец, Мирсад Јонуз, Влатко Костов (в.д), Џон Тошак, Гоце Седлоски (в.д),…

Read More

Напаѓачот на Интер и репрезентацијата на Белгија, Ромелу Лукаку, би требало да се врати во Челзи во овој преоден рок. Според „Скај Спортс“, 28-годишниот фудбалер се обратил до раководството на Интер со барање да ја прифатат понудата на лондонскиот клуб. Интер веќе двапати ја одби понудата од Челзи, но сумата од 110-120 милиони евра може да ги убеди. Претходно беше објавено дека Лукаку се договорил личните услови со Челзи со плата од 15 милиони евра годишно. Тоа е двојно повеќе од неговата плата во Интер. Ромелу Лукаку му припаѓаше на Челзи од 2011 до 2014 година, а игра за Интер…

Read More

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси се врати во Каталонија за да потпише нов договор со Барселона, објави „Спорт.ес“. По победата со репрезентацијата во Купот на Америка, фудбалерот беше на одмор. Претходно беше објавено дека двете страни веќе постигнале договор. Каталонскиот клуб е уверен дека Меси во блиска иднина ќе потпише договор, по што и официјално ќе биде објавено. Претходниот договор на Меси со Барселона истече на крајот на јуни. Аргентинецот ги брани боите на Каталонците во текот на целата кариера. Минатата сезона, напаѓачот одигра 35 натпревари во Ла Лига, постигна 30 гола (три од пенал) и девет асистенции.

Read More

Астон Вила ја доби битката со Њукасл за 23-годишниот играч на Манчестер Јунајтед, дефанзивецот Аксел Туанзебе. Според информациите кои беа објавени, Астон Вила ќе го земе играчот на позајмица. Во исто време, Манчестер Јунајтед ќе го продолжи договорот со фудбалерот до 2023 година. Туанзебе претходно играше на позајмица во Астон Вила во 2018-2019 година. Во завршената сезона на англиското првенство, Туанзебе одигра 9 натпревари за Манчестер Јунајтед (4 во стартниот состав) и доби два жолти картони. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 8 милиони евра.

Read More

Манчестер Сити го финализира трансферот на 25-годишниот играч за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, кој ќе биде еден од најголемите трансфери во историјата на англиската Премиер лига. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Како што беше објавено, клубовите постигнале договор за трансфер на играчот. Конечниот износ на трансферот ќе биде 117 милиони евра. Договор со самиот Грилиш ќе биде до 2026 година. Веќе денес, 5 август, играчот ќе го започне медицинскиот преглед пред реализацијата на трансферот. Џек Грилиш потекнува од школата на Астон Вила и ги брани боите на клубот од 2012 година, а од минатата година…

Read More

Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со Баерн (Минхен), објави весникот „Билд“. По неколкумесечни шпекулации на оваа тема, универзалниот фудбалер е подготвен да потпише нов договор со германскиот гигант. Договорот ќе биде 5 години, а платата на Кимих ќе се зголеми двојно. Во моментов, германскиот репрезентативец добива 10 милиони евра, но со новиот договор неговата плата ќе биде еднаква на онаа на Томас Милер и Мануел Нојер, а само Роберт Левандовски ќе добива поголема плата. Самиот Кимих никогаш немал намера да го напушти Баерн. За него цело време приоритет беше да се договори со клубот за нов договор. Последниот дел…

Read More

Македонската каратистка Пуликсенија Јованоска рано наутро го имаше својот настапот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во кати, но не успеа да ја помине првата рунда откако во својата група каде имаше пет учесници заврши како петта. Нашата каратистка на ЛОИ во Токио дојде благодарение на „вајлд-карта“ и настапи во карате кој кој за првпат беше на едни ЛОИ, успеа да освои вкупно 23.80 поени за првата ката и уште 24 поени за втората ката, по што се извади просек од 23.90, кој, за жал, не беше доволен за да се мине првиот круг во групата. Пуликсенија Јованоска, во вкупниот пласман заврши…

Read More

Милан продолжува да се поврзува со разни имиња за позицијата плејмејкер по заминувањето на Хакан Чалханулу во градскиот ривал Интер. Според „Газета дело Спорт“, најновото можно засилување на оваа позиција е Арон Рамзи од Јувентус. Репрезентативецот на Велс пристигна во клубот како слободен играч пред две години и никогаш не успеа да стане клучен играч за тимот. За ова се одговорни и неговите чести повреди. „Бјанконерите“ се надеваат дека ќе се засилат со Мануел Локатели од Сасуоло и Миралем Пјаниќ од Барселона на средината на теренот и ќе се обидат да се ослободат од големата плата на 30-годишниот играч, чиј…

Read More

Ливерпул интензивно работи со продолжување на сорабоката со клучните играчи од стартниот состав и објави уште еден потпис за тимот од „Енфилд“. Голманот Алисон Бекер се согласи на нова соработка со клубот од „Енфилд“ и прифати нов долгорочен договор. Бразилецот ќе остане на голот на Ливерпул најмалку до 2027 година. Алисон, кој има преку 100 настапи во дресот на Ливерпул, пристигна на „Енфилд“ во 2018 година од редовите на италијанска Рома, а професионалната фудбалска кариера ја започна во бразилски Интернационал. Алисон Бекер е стандарден и на голот на Бразил од 2015 година, за кого има 47 настапи.

Read More