Раководството на Атлетико Мадрид има намера да го продолжи договорот со напаѓачот на тимот Луис Суарез , информираше „Марка“. Според изворот, од Атлетико Мадрид се подготвени да му понудат договор на 34-годишниот Уругваец до 2023 година. Уругваецот се пресели во Атлетико од Барселона во септември 2020 година, откако каталонскиот тренер Роналд Куман му рече на Луис Суарез дека не смета на него. Во својата прва сезона со Атлетико, Суарез стана шампион на Шпанија. Договорот на 34-годишниот Суарез со Атлетико трае до летото 2022 година. Суарез играше за Барселона од 2014 година. Минатата сезона, тој одигра 36 натпревари во сите натпреварувања…
Author: riste
Реал Мадрид може да се засили со централен бек пред да се затвори летниот преоден рок. Според одредени извори Реал Мадрид се насочил кон Весли Фофана од Лестер Сити. Во текот на изминатите неколку недели, претставници на клубот беа во контакт со агентите на 20-годишниот фудбалер. Проблем може да бидат барањата на Лестер Сити, кои го проценуваат нивниот играч на 80 милиони евра. Сепак е јасно дека Реал нема намера да го купи Весли Фофана додека не се расчисти ситуацијата со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Да потсетиме, и двајцата главни централни дефанзивци Серхио Рамос и Рафаел Варан летово го…
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да го напушти клубот во текот на летниот преоден рок, објави весникот „Марка“. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид ќе плати импресивен бонус за напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, доколку играчот се пресели бесплатно во клубот во 2022 година. Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ важи до 30 јуни 2022 година. Мбапе игра за ПСЖ од 2017 година, а претходно ги бранеше боите на Монако. Во последната сезона на француското првенство, напаѓачот учествуваше на 31 натпревар, постигна 27 гола и седум асистенции. Да потсетиме, сезоната 2020/2021 во францускиот шампионат заврши со освојување на титулата…
36-годишниот дефанзивец Џорџо Киелини потпиша нов договор со Јувентус, соопшти прес-службата на клубот од Торино. Новиот договор ќе важи до летото 2023 година. „Ова е важен чекор во мојот живот. Дојдов во Јувентус кога бев момче и сега уживам во секој момент. Сакам да му помогнам на Јуве да освои други титули“, рече Киелини. Да потсетиме, претходниот договор на Киелини со Јувентус истече на 30 јуни. Дефанзивецот стана најстариот капитен во историјата на финалето на Европското првенство, надминувајќи го Џaнлуиџи Буфон, кој играше во финалето против Шпанија на Евро 2012. На Евро 2020, Џорџо Киелини одигра 5 натпревари, бидејќи ги…
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека играчот од средниот ред, Томас Парти, може да биде долго време надвор од терените поради повреда. Парти беше повреден на пријателскиот натпревар против Челзи. Играчот беше заменет на крајот на првото полувреме откако се здоби со повреда на скочниот зглоб. „Само што разговарав со докторот. Утре ќе направи рентген. Но, досега од тоа што го видов изгледа доста лошо “, изјави Микел Артета. По дуелот со Рубен Лофтус-Чик, Парти беше принуден да го напушти теренот, тој беше заменет со Гранит Џака во 40. минута. Претходно беше објавено дека Џака може да оди во…
Болоња официјално го објави трансферот на Марко Арнаутовиќ, што го направи со интересно видео, во кое на крајот 32-годишниот напаѓач позираше со дресот на тимот. Арнаутовиќ доаѓа во Болоња од кинескиот тим Шангај за сума од 3 милиони евра. Договорот на искусниот фудбалер е за следните 2 сезони. За Арнаутовиќ ова ќе биде втор престој во Серија А по оној со Интер во сезоната 2009/10, кога, сепак одигра само 3 натпревари. Тој досега има настапувано за екипите на Твенте, Вердер, Стоук Сити и Вест Хем, а оваа година постигна 3 гола на 4 натпревари за својот клуб. Исто така, настапи…
Возачот на Аплине, Естебан Окон е сензационалниот победник на трката за ГН на Унгарија која се одржа денес. 24-годишниот Французин го оствари нејголемиот успех во кариерата и заврши како прв пред Себастијан Фетел. Трката започна по дождливо време и инцидент уште на стартот. Валтери Ботас удри во Ландо Норис, кој потоа остана без избор и го оштети болидот на Макс Верстапен, кој заврши надвор од патеката. Целата оваа ситуација предизвика прекин на трката на „Хунгароринг“, а повторениот старт донесе интересен момент, бидејќи само Хамилтон одлучи да стартува од целната рамнина. Сите останати заминаа во боксот за да менуваат пневматици за…
Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко ја напушти функцијата. „Денеска ми истече договорот со украинскиот фудбалски сојуз. Поминав пет години во националниот тим. Со напорна работа докажавме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на претседателот и Извршниот комитет на Украинската фудбаслак федерација за оваа можност. Благодарен сум на секој човек што помогна и беше вклучен во работата на тимот. Голема благодарност до фановите за поддршката и критиките. Заедно успеавме да покажеме дека фудбалот на украинската репрезентација може да биде конкурентен и возбудлив. Со верба во Украина“, напиша Шевченко на својата страница на Инстаграм . Да потсетиме, украинската репрезентација…
Сензација на тенискиот олимписки турнир во Токио, Александар Зверев го елиминираше првиот носител и главен фаворит за златниот медал, Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:1 и се чинеше дека лесно ќе се пласира во финалето, но во вториот сет подобар беше Зверев и израмни на 1:1 со то ашто го доби вториот сет со 6:3. Во решавачкиот трет се повторно одлична игра на Зверев кој му дозволи на Ѓоковиќ да освои само еден гем и го доби третиот сет со 6:1. Со оваа победа Александар Зверев си закажа меч за златниот медал со Карен Качанов од Русија…
Пред неколку недели беше објавено официјалното формирање, а веќе денес има две нови засилувања за новата сезона новиот ракометен субјект РК Алкалоид. Клубот ги презентираше првите две засилувања. Се работи за репрезентативци на Македонија кои од следната сезона ќе го носат дресот на оваа екипа, станува збор за мартин Серафимов и Игор Ѓоргиев. Двајцата бекови се 21-годишни, Серафимов е за нијанса поискусен со настапите за Металург, додека Ѓоргиев минатата сезона беше најдобриот поединец на Голден Арт КЛ7. РК Алкалоид со овие двајца играчи добива квалитет и перспектива на десната бековска позиција со Серафимов, додека Ѓоргиев може да игра како среден и…
