Author: riste

Играчот од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен пристигна во тренинг кампот на својата екипа, објави прес-службата на клубот. 29-годишниот фудбалер се сретна со колегите од тимот и стручниот штаб. Она што беше објавено е дека Кристијан Ериксен е во совршена физичка и психолошка состојба. Тој ќе мора да помине период за опоравување под надзор на данските лекари. Да потсетиме, на 12 јуни, на крајот од првото полувреме на натпреварот Евро 2020 Данска – Финска (0:1), Ериксен падна на тревникот и не можеше да стане. Спортистот доби итна помош на теренот 15 минути, потоа беше однесен во болница. Подоцна беше…

Read More

Самуел Умтити, кој се покажа како непотребен во Барселона, е во најдобра физичка форма во споредба со сите досегашни подготовки во клубот, пренесува весникот „Спорт“. Ова го покажаа резултатите од тестовите извршени врз каталонските играчи. За жал Роналд Куман, сепак речиси сигурно нема да може да ги искористи квалитети на овој играч, бидејќи се очекува францускиот дефанзивец да си замине од „Камп Ноу“. Умтити е на „Камп Ноу“ од 2016 година, но неколку последователни повреди и нестабилните настапи го спречија да се наметне како стартер во тимот.

Read More

Данскиот дефанзивец на Милан, Симон Кјаер, доби понуда од клубот за нов договор. Неговиот актуелен договор со „росонерите“ истекува во јуни 2022 година. Сепак, искусниот централен дефанзивец брзо стана важна фигура за тимот предводен од Стефано Пиоли. Милан понуди зголемена плата на 32-годишниот Данец, од 1,2 на 1,5 милиони евра, објави „Газета дело Спорт“. Покрај тоа, Кјаер е фаворит за капитенската лента. Капитенот Алесио Ромањоли често остануваше на клупата по трансферот на Томори на „Сан Сиро“ во јануари. Симон Кјаер се приклучи на Милан во јануари 2020 година, и досега има одиграно 58 натпревари и 1 гол за Милан.

Read More

РБ Лајпциг нема да го задржи играчот за врска Марсел Забицер, за кого Баерн е сериозно заинтересиран. Според одредени натписи во медиумите, РБ Лајпциг е подготвен да го пушти својот капетан да оди во Баерн Минхен доколку платат 15-18 милиони евра. Марсел Забицер е капетан на РБ Лајпциг. Игра за германскиот клуб од 2014 година. Во текот на кариерата, тој ги бранеше и боите на РБ Салцбург, Рапид и Адмира. Договорот на Марсел со Лајпциг важи до летото 2022 година. Минатата сезона играчот од средниот ред учествуваше на 27 натпревари од германската Бундеслига, во кои постигна осум гола (четири од…

Read More

Пред нас се десет важни денови за летните трансфер планови на Ливерпул. Досега оваа екипа се засили само со Ибрахим Конате, за кого платија 35 милиони фунти на РБ Лајпциг. Се тврди дека Јирген Клоп сака да привлече уште најмалку двајца играчи, од кои едниот треба да го замени Жоржињо Вајналдум. Меѓутоа, во исто време, клубот ќе се обиде да продаде околу шест играчи од сегашниот состав на Клоп. Ова може да обезбеди многу посериозен финансиски ресурс за дури и нови засилувања. Ливерпул веќе зеде 31 милион фунти од продажбата на Хари Вилсон, Марко Груиќ и Тајван Авон. Дури шест…

Read More

Претседателот на Галатасарај Бурак Елмас објави дека клубот има намера да се раздели со напаѓачот Радамел Фалкао и играчот од средниот ред Софијан Фегули. „Се сретнав со Фалкао и Фегули. Ни помогнаа многу, но со оглед на нашата нова финансиска стратегија и нивото на нивните плати, едноставно нема да можеме да ги исплатиме во иднина. Затоа, изразивме желба тие да си најдат нов клуб. Се надевам дека Фалкао и Фегули ќе го направат тоа. Сакаме да се разделиме во добри односи. Ова е одлука на управата. Главниот тренер може да има поинаков поглед на ситуацијата“, изјави Елмас. 35 -годишниот Фалкао…

Read More

Интер ја одбил понудата вредна 100 милиони евра за нивниот голгетер Ромелу Лукаку, објавија новинарите Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо. Таа дојде од поранешниот клуб на напаѓачот на Челзи, каде во својот предлог го вклучија левиот бек Маркос Алонсо, кого го бараат од Интер. Италијанскиот шампион нема намера да ја продаде својата голема sвезда. Лукаку исто така не е заинтересиран да се врати на „Стемфорд Бриџ“, каде одигра само 15 натпревари помеѓу 2011 и 2014 година, а потоа беше префрлен во Вест Бромвич Албион, па во Евертон. Интер е подготвен да го продаде Лаутаро Мартинез во случај на примамлива…

Read More

Тотенхем нема да го игнорира однесувањето на напаѓачот Хари Кејн, кој не се појави на тренингот во базата на клубот за да се подготвува за новата сезона. Според „Телеграф“, лондонскиот клуб ќе го казни 28-годишниот фудбалер за пропуштање на тренинзите и ќе ја зголеми сумата доколку продолжи вака. Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, исто така, ќе разговара со Хари Кејн. Се тврди дека Тотенхем е разочаран од однесувањето на играчот. Самиот Кејн, како што веќе беше објавено, инсистира на џентлменски договор со Даниел Леви. Пред една година, првиот човек на Тотенхем вети дека ќе го ослободи играчот ова лето. Хари…

Read More

Узбекистанскиот напаѓач Елдор Шомуродов и официјално е играч на Рома, објави клупската веб страница на „Волчицата“. Шомуродов потпиша договор со италијанскиот клуб до 30 јуни 2026 година. Рома ќе плати 17,5 милиони евра плус бонуси на Џенова за Шомуродов. Бонусите се поврзани со перформансите на играчот, а дополнително има клаузула во договорот помеѓу двата клуба, според која Џенова ќе има право на процент од идниот трансфер на играчот. Шомуродов постигна 8 гола на 31 натпревар во Серија А во сезоната 2020/21. Играше во Џенова од 2020 година, откако претходно три сезони го носеше дресот на рускиот клуб Ростов.

Read More

На стартот на натпреварите во атлетика за денес добивме и нов светски рекорд, втор во „кралицата на спортовите“ на Олимписките игри. Норвежанецот Карстен Вархолм успеа да дојде до златен медал во трката на 400 метри со пречки, со време на нов светски рекорд. Тој го подобри за неверојатни 76 стотинки сопствениот најдобар резултат и сега најдоброто време во оваа дисциплина е 45.94 секунди. Второто место го освои Американецот Рај Бенџамин кој истрча 46.17 секунди, што е 53 стотинки подобро од претходниот светски рекорд на Вархолм и доволно за сребрен медал. Бронзениот медал заврши кај Алисон дос Санто од Бразил со време 46.72 секунди.

Read More