Author: riste

Дефанзивецот Давид Луис постигна договор со новајлијата во турската елита Адана Демирспор за 2-годишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона, објави новинарот Николо Скира. 34-годишниот Бразилец ќе се пресели во својот нов клуб како слободен агент откако му истече договорот со Арсенал и не му беше продолжен. Минатата сезона, Луис одигра 30 натпревари со 2 гола во сите натпреварувања за „топџиите“. Со неговото ангажирање, Адана Демирспор ја продолжува со бројните засилувања откако претходно ги обезбеди услугите на поранешните репрезентативци на Италија и Мароко, Марио Балотели и Јунес Белханда, кои исто така пристигнаа со бесплатни трансфери.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема веќе не е позитивине на Ковид-19, објави „Марка“. По една недела карантин, 33-годишниот фудбалер беше негативен. Денес, Карим Бензема ќе се врати на тренинзи со тимот. Да потсетиме, Бензема играше со француската репрезентација на Европското првенство – 2020 година, каде што неговиот тим испадна во 1/8 финалето, по поразот од Швајцарија по изведувањето пенали. Веднаш по тоа, Карим беше на одмор, од каде што се врати во базата на Реал Мадрид пред една недела и дозна дека се заразил со коронавирус. Пред почетокот на сезоната 2021/2022, Реал Мадрид ќе има уште еден пријателски натпревар.…

Read More

Реал Мадрид е подготвен да се раздели со Мартин Едегард доколку добие доволно добра понуда за Норвежанецот. ЕСПН тврди дека кралскиот клуб го смета Едегард за важен фудбалер, но би го продале со понуда вредна околу 50 милиони евра. Иднината на играчот од средниот ред ќе биде решена во следните недели. Шансите повторно да биде позајмен се минимални. Тој играше на позајмица во Арсенал минатата сезона, но сега или ќе остане во тимот или ќе биде продаде.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид Иско е речиси сигурно дека ќе си замине од клубот. Во Реал сметаат дека е преголем луксуз да плаќаат 7 милиони евра по сезона на играч кој е резерва. Самиот играч од средниот ред, исто така, сака да се пресели во друг тим за да игра редовно. По разговорот со Карло Анчелоти, Иско сфатил дека е тешко да се бори за стартно место во тимот. Реал се надева дека ќе ја продаде поранешната sвезда на Малага за најмалку 20 милиони евра. Милан и Арсенал се главните фаворити за неговиот потпис.

Read More

Шпанскиот гигант Реал Мадрид, а особено главниот тренер Карло Анчелоти, сакаат да го купат дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пренесува „Фудбал Италија“. Се пишува дека Наполи не е подготвен да се раздели со Сенегалецот за сума под 60 милиони евра. Реал Мадрид има потреба од нов искусен дефанзивец по продажбата на Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед. Кулибали е на листата на приоритетни цели за Реал Мадрид. Договорот на Кулибали трае до јуни 2023 година. 30-годишниот фудбалер беше интересен и за ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Евертон. Кулибали е во Наполи од 2014 година. Пред тоа, тој играше за белгиски…

Read More

Голем број на наши сограѓани дојдоа на плоштадот Македонија да го пречекаат и поздрават нашиот олимпиец Дејан Георгиевски кој денес се врати од ЛОИ во Токио каде освои сребрен медал. Георгиевски го постигна најголемиот успех на македонскиот спорт на олимписките игри со освојувањето на овој сребрен медал, а како награда за тоа добива поддршка од сите страни, Владата, МОК, АМС, Град Скопје и други останати институции најавија парични награди за нашиот спортист кој ја направи Македонија горда на ЛОИ во Токио. Секако голема поддршка Дејан Георгиевски добива и од спортската јавност во Македонија со самото присуство прио неговото пристигнување во…

Read More

Играчот од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен, ќе пристигне во клубот следната недела. Тој ќе биде подложен на специјален медицински преглед, со кој ќе се утврди дали ќе може да продолжи да игра за италијанскиот клуб во Серија А, информира „Скај Италија“. За време на натпреварот на Евро 2020 против Финска (0:1), играчот на репрезентацијата на Данска доживеа срцев удар и ја загуби свеста. Лекарите успеаа да го оживеат по 9 минути, вклучувајќи вештачко дишење и срцева масажа. На Ериксен му е вграден пејсмејкер за нормализирање на отчукувањата на срцето. Актуелниот договор на 29-годишниот Данец со Интер е до…

Read More

На иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на освојувачот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје. Георгиевски денес се врати во Скопје каде што беше пречекан од голем број  граѓани, а свечениот пречек ќе се одржи во 19:30 часот на плоштадот Македонија. Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а…

Read More

Откако беше пречекан на Аеродромот во Скопје, нашиот олимписки херој Дејан Георгиевски беше примен од првиот човек на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС), Наумче Мојсовски кој уште еднаш му го честиташе големиот успех на освојувачот на среброто во Токио. „Особено ми е драго што го имам нашиот олимпиец Дејан Георгиевски кој во Скопје од Токио притсигна со сребро, ама вредно како злато. Дејан беше истраен, концентириран, посветен и храбар, со голема почит кон противниците. Во само неколку часа ги совлада и фаворитите на овогодинешните ЛОИ кои се неколкукратни победници. Чест ми е што Република Македонија во Токио имаше спортска…

Read More

Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски заедно со своитре тренери Дарко и Борче Костовски денес се вратија од Токио каде нашиот олимпиец освои сребрен медал во теквондо. На Аеродромот во Скопје тој беше пречекан од неговите колеги од ТК Бутел, но и неколку стотина љубители на спортот. Веднаш про пристигнувањето, Георгиевски со панорамски автобус се упати кон центарот на Скопје на прием во Агенцијата за Млади и Спорт (АМС). Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС), го прими македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски. Македонија го доби првиот медал на едни Олимписки игри по 20 години, а Мојсовски истакна дека успехот…

Read More