Челзи постигна договор со Интер за трансферот на Ромелу Лукаку, тврдат медиумите во Англија. Договорот ќе биде вреден 115 милиони евра (97,5 милиони фунти), што е клупски рекорд за лондончани. Белгискиот репрезентативец се враќа на „Стемфорд Бриџ“ по седум години откако беше продаден на Евертон. Тој ќе потпише петгодишен договор, добивајќи нето плата од 195.000 фунти неделно. https://twitter.com/David_Ornstein/status/1424030769593438210 Преговорите постигнаа значителен напредок во петокот. Првично, Челзи се испроба со две понуди, во кои беа вклучени двајца лондончани – Марко Алонсо и Давиде Запакоста. Сепак, Интер сакаше целосно финансиски договор, штона крајот успеаја да го постигнат. На „Стемфорд Бриџ“, се среќни…
Author: riste
Алисон Филикс ја завршува својата уникатна атлетска кариера како најтрофејната спортистка во историјата на Олимписките игри, откако денеска го освои својот 11-ти медал со штафетата на САД на 4-400 метри и ја надмина легендата Карл Луис, кој има десет олимписки медали во својата кариера. 35-годишната Феликс, за која првото олимписко учество беше во 2004 година во Атина, денес го освои својот седми златен олимписки медал, откако американскиот квартет на 4х400 метри во женска конкуренција победи со 3:16,85 минути. Штафетата на Послак заврши на второто место, со нов национален рекорд од 3:20,53 минути. Третата позиција и бронзениот медал и припадна на…
Големата sвезда на светскиот фудбал Лионел Меси ќе каже своето мислење за ситуацијата што го шокираше фудбалскиот свет последните денови. Аргентинецот ќе одржи прес -конференција утре во 12 часот на стадионот „Камп Ноу“. Во текот на вчерашниот ден, прес -конференција одржа претседателот на Каталонците Жоан Лапорта, кој го обвини претходното раководство на клубот и наследството што го остави, за фактот дека Барселона не може да ги исполни барањата на Ла Лига за финансиски фер -плеј и затоа не може да го регистрира Лионел Меси, иако двете страни се договорија за нов договор. Првиот човек на Барселона откри дека им понудил…
Играчот за врска на Евертон, Хамес Родригез изјави дека напаѓачот Лионел Меси, кој ја напушти Барселона, треба да се приклучи на Јувентус. „Меси треба да оди во Јувентус и да игра со Кристијано Роналдо . Ќе биде бомба. Многу фанови сонуваат да ги видат овие двајца играчи како играат во ист тим. Мораме да признаеме дека фудбалот многу се промени, а заминувањето на Меси од Барселона е уште една потврда за ова“, изјави Родригез за „Марка“. Пред два дена Барселона објави дека нема да го обнови договорот со Меси. Ова се должи на финансиските и структурните пречки наведени во прописите…
Новото засилување на Барселона Серхио Кун Агуеро е во составот на Барселона за мечот со Јувентус за трофејот „Жоан Гампер“. Натпреварот ќе биде одигран во недела навечер во 21:30 часот на „Камп Ноу“ во присуство на на публика. Во последните часови се појавија гласини дека Кун Агуеро ќе сака да си замине од клубот по раскинувањето на соработката со Лионел Меси, што сепак беше демантирано од неговите роднини. Сега Аргентинецот е во групата на Роналд Куман и го зема дресот со број 19. https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1423942699758112773 Во составот за оваа средба е другиот нов офанзивен играч – Мемфис Депај (со број 9),…
Сергеј Ребров официјално ќе биде претставен како селектор на националниот тим на Украина. Од страна на фудбалската федерација на Икраина на 9 август ќе биде официјално објавено назначувањето на Ребров на селекторската функција, а тогаш ќе следува и преставувањето на новиот селектор. Познато е дека договорот со Сергеј Ребров ќе биде потпишан на две години. 47-годишниот фудбалски стрчњак ќе биде предводник на репрезентацијата во квалификациите за СП 2022 и ЕП 2024. Договорот може да се продолжи за уште една година по резултатите од селекцијата за Европското првенство. Претходно беше објавено дека во договорот на Ребров со Ал-Аин од Обединетите Арапски…
Тотенхем официјално го објави трансферот на дефанзивецот Кристијан Ромеро, кој се приклучува на тимот со 5-годишен договор. Клубот и плати 55 милиони евра на Аталанта, која претходно денеска го купи од Јувентус за сума од 16 милиони евра. 23-годишниот Ромеро минатата сезона играше за Аталанта со позајмица од „Старата дама“. Во 2019 година, тој беше привлечен од гигантот во Торино од Фабио Паратичи, кој сега е спортски директор на Тотенхем. Тој никогаш не доби шанса во „Бјанконерите“ и беше испратен на позајмица прво во неговиот поранешен тим Џенова, а потоа и во Аталанта. https://twitter.com/SpursOfficial/status/1423706688318697473 Во текот на минатата сезона,…
Јувентус ја разгледува можноста за купување на играчот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ, објави Спортмедиасет. Според изворот, раководството на клубот од Торино е во контакт со агентите на играчот. Претходно, Јувентус се обиде да го купи играчот од средниот ред на Сасуоло, Мануел Локатели, но преговорите меѓу двете страни се во застој. Досега овие два тима не можеа да постигнат договор за висината на трансферот. Јувентус понуди позајмица со последователен откуп за вкупно 25 милиони евра. Од друга страна, Сасуоло очекува да добие 35-40 милиони евра за играчот. Пјаниќ играше за Јувентус од 2016 до 2020 година. Фудбалерот…
Италијанскиот тим Аталанта го објави трансферот на дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал. Клубот од Бергамо го зеде играчот на позајмица со можност за понатамошно купување. За позајмицата на играчот, Аталанта ќе плати 2,5 милиони евра. А за понатамошно откупување на играчот, ќе треба да се платат уште 25 милиони евра.Покрај тоа, Јувентус ќе добие одреден процент од следната продажба на играчот. Демирал се приклучи на Јувентус од Аланијаспор во 2019 година. Претходно, турскиот фудбалер играше за Спортинг Лисабон и Сасуоло. Од 2018 година, Демирал е дел од турската репрезентација. Минатата сезона, Демирал одигра 24 натпревари за Јувентус, на кои имаше…
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кратко зборуваше за можниот трансфер на поранешниот капитен на Барселона, Лионел Меси во ПСЖ. Ден претходно, Барселона официјално објави дека аргентинскиот напаѓач, кој играше за каталонскиот клуб во текот на целата кариера нема да може да го продолжи договорот. „Би сакал повторно да го видам Меси како игра за Барселона. Но, тој ќе треба да одлучи за својата иднина. Треба да го прашате за следниот клуб. ПСЖ? Не можам да одговорам на ова прашање, не знам дали ги интересира. Но, познато е дека тие имаат можност да потпишат со Меси“, изјави Лапорта за „Марка“. Меси…
