Author: riste

ПСЖ нема да може да смета на импресивна група важни играчи на натпреварот од 2.коло на францускиот шампионат против Стразбур. Лионел Меси, Нејмар, Маркињос, Леандро Паредес, Марко Верати, Џанлуиџи Донарума и Анхел Ди Марија не беа вклучени во групата на играчи за овој натпревар, објавена од прес-службата на клубот на „Твитер“. Исто така, дефанзивецот Серхио Рамос не беше вклучен во составот. Тој продолжува да се опоравува од повредата и треба да се врати по паузата за меѓународните репрезентативни натпревари. Да потсетиме, Меси на 10 август потпиша двегодишен договор со ПСЖ. Договорот вклучува опција за продолжување на уште една сезона, но…

Read More

УЕФА објави тројца фудбалери кои ќе претендираат да ја добијат титулата за најдобар играч во Лига Европа за сезоната 2020/2021 година. На списокот се најдоа напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани и играчот од средниот ред, Бруно Фернандеш исто така од оваа екипа, како и напаѓачот на Виљареал, Жерард Морено. Жерард Морено стана најдобар стрелец во ова натпреварувањ. Напаѓачот постигна седум гола, имаше пет асистенции и беше главната ударна сила за Виљареал, кој ја освои Лигата на Европа за прв пат.. Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето во 2021 година, а голем дел од заслугата отидоа кај Кавани и Фернандеш.…

Read More

Арсенал доби сериозен удар само неколку часа пред нивниот прв официјален натпревар во новата сезона. Вечерва, тимот на Микел Артета ќе гостува кај Брентфорд во воведниот натпревар од новата сезона во Премиерлигата, но менаџерот на „топџиите“ нема да може да смета на своите две главни ѕвезди во нападот. Според информациите, Пјер-Емерик Обамејанг и Александар Лаказет се болни и затоа отпаднаа комбинација за натпреварот вечерва. Во оваа ситуација, англискиот репрезентативец Букајо Сака ќе стартува на местото на Обамејанг од левата страна на нападот, а Николас Пепе ќе биде на десната страна. Габриел Мартинели најверојатно ќе го замени Лаказет во центарот на…

Read More

УЕФА го објави списокот на играчи кои се натпреваруваат за титулата најдобри играчи во Лигата на шампионите во однос на позициите, соопшти прес-службата на УЕФА. За секоја од позициите беа предложени тројца кандидати. Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едерсон (Манчестер Сити), Едуард Менди (Челзи). Дефанзивци: Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер Сити), Антонио Рудигер (Челзи). Играчи од средниот ред: Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Жоржињо (Челзи), Н’Голо Канте (Челзи). Напаѓачи: Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Роберт Левандовски (Баерн), Килијан Мбапе (ПСЖ). Жирито го сочинуваа тренерите на 32 клуба кои играа во групната фаза на Лигата на шампионите минатата сезона, како и…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер рече дека тимот се уште не може да смета на играчот од средниот ред Џејдон Санчо, кој се приклучи на клубот ова лето од Борусија Дортмунд. „Џејдон Санчо имаше одмор по Еуро 2020, а потоа – мали здравствени проблеми. Тој направи тренинг и пол со нас, така што не направи премногу. Треба да почекаме да дојде во форма. Но, во текот на сезоната Санчо ќе биде многу важен играч за нас“, изјави Солскјер. Утре, 14 август, Манчестер Јунајтед ќе го одигра натпреварот број 1 од новата сезона во Премиерлигата со Лидс Јунајтед. Средбата…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекина доминацијата на Вардар 1961 во Суперкупот и славеа во дуелот кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ како најава за сезоната која следи во македонскиот ракомет. Еурофарм Пелистер одигра одлично второ полувреме и на крајот победи со 31:22, ана полувреме беше изедначено (14:14). Вардар досега имаше три титули во низа, но избраниците на Жељко Бабиќ успеаја да го совладаат тимот на Вардар предводен од Веселин Вујовиќ. Овие две екипи ќе имаат можност да одиграат уште еден натпревар за неколку дена доколку се оди според планот на двата тима и се пласираат во финалето на ракометниот…

Read More

На прес-конференцијата одржана денес на „Паркот на принцовите“, каде беше претставена новата голема sвезда на ПСЖ, Лионел Меси, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи беше категоричен дека Килијан Мбапе ќе остане во тимот. „Тој е од Париз и игра за ПСЖ, сака да се натпреварува и сака да победува, и тука сме на највисоко ниво. Тој сакаше да изградиме тим што може да се бори за сите трофеи и мислам дека го изградивме најдобриот тим на светот, така што во моментов нема друг избор освен да остане во клубот и да освојуваме титули заедно“, рече претседателот на ПСЖ.

Read More

Рафаел Варан денеска го помина вториот дел од лекарските прегледи во Манчестер Јунајтед. Французинот се појави вчера во базата во Карингтон, откако истече карантинот по неговото влегување во Велика Британија. Според Фабрицио Романо, Варан веќе го потпишал договорот со Манчестер Јунајтед. Договорот е до јуни 2025 година со опција за дополнителни 12 месеци. Официјално, веста дека Французинот е играч на „црвените ѓаволи“ ќе биде објавена до крајот на денот. Уште на 27 јули, клубот од „Олд Трафорд“ објави дека постигнал договор со Реал Мадрид за трансфер на Варан. Англискиот клуб треба да плати 50 милиони евра плус бонуси за него.…

Read More

Пари Сен Жермен веќе ги користи придобивките од привлекувањето на Лионел Меси. Според неофицијални информации, клубот веќе има продадено 250.000 дресови со бројот 30  кој ќе го носи Меси во ПСЖ. Просечната цена на дресот е 107,99 евра, што значи дека само со оваа постапка клубот има регистрирано добивка од 27 милиони. Клубот синоќа лансираше 250.000 дресови во својата онлајн продавница. Продажбата започна 30 минути откако официјално беше објавена веста дека Меси е играч на ПСЖ. За околу еден час новиот дрес на Месо во ПСЖ беше продадено. Денеска се формираше огромна редица пред официјалната фан –шоп продавница на ПСЖ.…

Read More

Лионел Меси официјално беше претставен како играч на ПСЖ. За прв пат зборуваше како играч на францускиот клуб. Аргентинската sвезда ја сподели својата радост од трансферот и пречекот што го имаше во Париз. „Сите знаат дека ја напуштив Барселона пред неколку дена. Заминувањето од таму беше тешко за мене по толку години поминати во клубот. Тоа беше тешка промена. Од моментот кога пристигнав овде, се чувствувам многу среќно. Едвај чекам да започнам со тренинзи и да ја започнам оваа нова етапа. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, Леонардо и клубот што го овозможија ова. По изјавата на Барселона, тие…

Read More