Ракометарите на Вардар и покрај тоа што обезбедија место на десеттиот Ф4 турнир во СЕХА лигата, сепак нема да може и да играт на истиот бидејќи ракометарите се на пат кон Скопје поради еден позитивен ракометар на Ковид 19. Домаќините побарале оние кои не се вакцинирани да не играат на завршниот турнир, а на овој список се македонските ракометари. Иако Вардар на терен успеа да дојде до победа и пласман нема да може и настапи на средбите од завршниот турнир кои беа планирани за в петок и в недела. Ова сценарио најмногу им одговара на домаќините кои добиваат можност да…
Author: riste
Фудбалерот на Барселона, Миралем Пјаниќ, сепак може да го напушти тимот, иако преодниот рок беше затворен доцна синоќа. Агентот на босанскиот репрезентативец во наредните денови чека понуди за неговиот клиент од клубовите во Турција и Русија, каде што се уште не е затворен трансфер пазарот. Ова е единствената можност за Пјаниќ да игра оваа сезона, бидејќи е надвор од плановите на тренерот на Барселона, Роналд Куман. Самиот Пјаниќ сакаше да се врати во Јувентус, бидејќи беше убеден дека сепак може да игра на највисоко ниво, но двата клуба не постигнаа договор по мечот меѓу нив на турнирот „Жоан Гампер“. Доколку…
Олимпик Лион на официјалната веб-страница го објави трансферот на дефанзивецот Жером Боатенг. Договорот на 32-годишниот германски фудбалер со францускиот клуб ќе биде до 30 јуни 2023 година. Да потсетиме, Боатенг играше за Баерн од летото 2011 година. Од 2009 до 2019 година, дефанзивецот беше повикан во германската репрезентација, во која стана светски шампион во 2014 година. Пред Баерн Минхен, Жерпм Боатенг играше за Манчестер Сити, Хамбург и Херта Берлин. Лион освои 5 поени на 4 натпревари и е на 9 -то место во табелата на француската Лига 1 во оваа сезона. Лидер е ПСЖ со 12 бода. Во следното коло…
Ракометарите на Вардар иако загубија од ППД Загреб на гостински терен (25:22), сепак ќе играат на завршниот Ф4-турнир во СЕХА-лигата кој следната седмица ќе се игра во Задар. Вардар славеше со четири гола во Скопје, а во Хрватска иако имаа добар резултат на десет минути пред крајот и беа пред победа, сепак, на крајот се бореа до последен момент за да ја зачуваат предноста од првата средба. Вардар ја продолжи традицијата на учество на Ф4-турнирите и од 2011 година е дел од сите завршници во СЕХА. За разлика од Вардар, Загреб за првпат нема да игра на овој турнир. Вардарци…
Адис Јаховиќ е повратник во репрезентацијата на Македонија, станува збор за најдобриот македонски стрелец во турскиот фудбал. Селекторот Благоја Милевски се одлучи да го врати овој фудбалер и ќе му даде шанса во септемвриските три натпревари од квалификациите за СП. По доаѓањето во Скопје и одработените два тренинга, Јаховиќ не го криеше задоволството што повторно ќе заигра за репрезентацијата. „Пред два месеци со селекторот имавме состанок и разговаравме за моето враќање. Чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чуствувал тоа за мојата татковина, но таква беше претходната ситуација. Но што било поминало, не сакам…
Фудбалерот на Леванте и наш репрезентативец, Енис Барди добро ја почна сезоната за својата екипа, играше на сите контролни и официјални натпревари, а против Ерменија, Исланд и Романија треба да биде главен оргханизатор на играта во средниот ред на нашата репрезентација. „Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација и за другарството кое го имаме тука. Секогаш кога ќе добиеме повик, едвај чекаме да дојдеме тука. Дел од нас доста години се заедно, 90% сме истите играчи. Добро се познаваме и знаеме што направивме низ изминатите години додека сме тука. Клучните играчи сме сите, нема тука поединци. Ова е едно семејство во кое…
Додека сите очекуваат Реал Мадрид да го донесе Килијан Мбапе, од Реал денес објавија ново име од Франција, но не е Мбапе, туку тоа е Едуардо Камавинга од Рен чиј трансфер е официјализиран. Шпанскиот тим го донесе играчот за сума од триесет милиони евра. Договорот меѓу Камавинга и Реал Мадрид е веќе потпишан и ќе биде со важност до 2027 година. Информацијата ја потврди Реал Мадрид на својата веб-страница. Камавинга го нарекуваат новиот Погба и настапуваше за Рен, а веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Франција, а за неколку дена во Ле Ман, во рамките на квалификациите за Европското првенство за фудбалери…
Барселона се обидува да постигне договор за размена на францускиот напаѓач Антоан Гризман со португалскиот напаѓач Жоао Феликс, објавија шпанските медиуми. Според изворот, двете страни преговараат, но мадридскиот клуб не е сигурен дека Феликс ќе сака да го промени клубот. Да потсетиме, Феликс се пресели во Атлетико Мадрид од Бенфика во 2019 година. Сумата за трансфер изнесуваше 127 милиони евра. Минатата сезона, Феликс учествуваше на 31 натпревар од Примериа, постигна 7 гола и даде 5 асистенции. Гризман ги бранеше боите на Барселона од 2019 година, а претходно играше за Атлетико. Како дел од оваа екипа играше од 2014 година. Минатата…
Торган Азар нема да учествува на претстојните квалификации за СП во дресот на Белгија поради повреда. 28-годишниот играч за врска беше вклучен во националниот тим за натпреварите со Естонија, Чешка и Белорусија, но е повреден. Азар не е во состојба да настапи и го напушти кампот по утринскиот тренинг. Играчот е планирано да го продолжи закрепнувањето со Борусија (Дортмунд), објави денеска белгиската фудбалска федерација. Торган Азар има 8 гола на 39 натпревари за Белгија и беше дел од тимот што летово стигна до четвртфиналето на Европското првенство.
Саул Нигес од Атлетико Мадрид е трансферна цел на Челзи во последните часови на трансфер пазарот, информираат медиумите од Англија. Денеска „сините“ од „Стемфорд Бриџ“ започнаа преговори со шпанскиот шампион. Се дискутира опцијата за почетена позајмица со опција за откуп потоа. Саул веќе беше поврзуван со Барселона, но двата клуба не успеаја да се договорат. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, пред извесно време призна дека нема да го запре играчот од средниот ред, бидејќи дал многу за клубот. Во исто време од Атлетико Мадрид преговараат со Барселонаа за Антоан Гризман.
