Author: riste

Поранешниот дефанзивец на Тотенхем, Серж Орие, изненадувачки размислува да го замени дресот на Тотенхем Спарс со оној на големиот ривал Арсенал, објави весникот „Сан“ на денешните страници. Договорот на десниот бек беше раскинат последниот ден од преодниот рок и тој се уште не најде нов клуб. Токму поради оваа причина, „топџиите“ се многу заинтересирани да го привлечат за да ја зголемат конкуренцијата на десниот бек, каде што последниот ден од трансфер пазарот беше донесен Такехиро Томијасу од Болоња, но Ектор Белерин беше испратен во Бетис. Токму поради оваа причина, Серж Орие се гледа како добра опција што може да донесе…

Read More

Роберто Манчини го запиша своето име во историјата на италијанскиот фудбал со интересно достигнување. По ремито 1:1 со Бугарија во Фиренца во натпревар од квалификациите за СП, Манчини стана селектор со најмногу домашни натпревари без пораз во историјата на италијанската репрезентација – 18, објави Опта. https://twitter.com/OptaPaolo/status/1433534064460402694 Така, тој го подобри рекордот на легендарниот Марчело Липи (17), кој ги предводеше националниот тим на Италија до последната светска титула на тимот (2006 година).

Read More

Европскиот шампион Италија го израмни рекордот на Шпанија, но сепак тоа се случи по разочарувачкото реми 1:1 против Бугарија во квалификациите за СП во групата Ц. По овој натпревар, Италија има 35 натпревари без пораз, што е еднакво достигнување како Шпанија. Киеза го отвори резултатот за Италија во 16 -та минута, но Атанас Илиев и донесе бод на Бугарија. Сега Италија има шанса да стане единствениот носител на рекордот, доколку не загуби на гостувањето во Швајцарија на 5 септември во 20.45 часот. Исто така интересно е дека светскиот рекорд го има Бразил, кој исто така имаше 35 натпревари без пораз…

Read More

Она што го најавивме пред неколку дена веќе е официјализирано, Миралем Пјаниќ ќе ја продолжи кариерата во Турција. Познато беше дека Миралем Пјаниќ нема иднина во Барселона, а показател за тоа е инсистирањето на клубот играчот за врска да си замине уште ова лето.Роналд Кумано јасно кажа дека нема да смета на Босанецот и дека тој може да си замине. Откако заврши преодниот рок во најсилните фуднбалски лиги во Европа, на Пјаниќ му остана д априфати некоја понуда од Турција или Русија, а тој с еопредели за Бешикташ од Турција. Турскиот гигант го добива Пјаниќ на едногодишна позајмица, со опција за целосен…

Read More

Селекторот на Ерменија, Хоакин Капарос може да биде задоволен од резултатот во Скопје и освоениот бод на гостувањето кај Македонија (0:0). Можеби резултатот е добар, но играта на неговата репрезентација не може да го задоволи селекторот, затоа што во овој натпревар беа далеку од она што го очекуваа и најавува. „Знаеме дека Горан Пандев е одличен играч и неговиот удел во играта на Македонија беше многу голем, но ние имавме голем респект кон Македонија затоа што имате други добри играчи. И ние имавме три отсуства на важни играчи, затоа сметам дека ситуацијата горе-долу беше идентична. Моравме без тројца стандардни првотимци во екипата. Имавме…

Read More

По натпреварот кој беше одигран на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, а зварши без голови меѓу Македонија и Ерменија, новиот селктор на нашата репрезентација Благоја Милевски даде свое видување за натпреварот. Селекторот на Македонија потенцираше дека на овој дуел недостасувала завршницата, но е задоволен од другите сегменти од играта. „Честитки за екипата на Ерменија за одиграниот натпревар, посебни честитки до моите фудбалери, покажаа како треба да се однесуваат репрезентативци на Македонија. Првото полувреме треба да ни биде терк како треба да изгледаме во иднина. Во вториот дел имавме посед, но ни фалеше тој завршен пас и реализацијата. Која е причината,…

Read More

Францускиот напаѓач во екипата на Милан, Оливие Жиру беше позитивен на КОВИД-19, се вели во соопштението на клубот. Здравствените власти се уредно информирани, а играчот е ставен во карантин дома. Се чувствува добро, но ќе продолжи да биде изолиран. Конкретно се споменува дека Жиру не бил во контакт со остатокот од тимот откако заврши првенствениот дуел со Каљари во второто коло од Серија А. Жиру беше привлечен во Милан ова лето од Челзи за минимална трансферна сума од 1 милион евра.

Read More

Тотенхем одби да ја зголеми понудата за крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре. Шпанецот беше меѓу трансфер целите на оваа екипа, а во последниот ден од преодниот рок се очекуваше лондончани да направат нов обид да го земат во своите редови, но тоа не се случи. Лично, новиот менаџер на Тотенхем Нуно Еспирито Санто инсистираше да го привлече 25-годишниот играч. Клубот испрати понуда вредна 30 милиони фунти во понеделникот, но од Вулверхемптон веднаш ја одбија. „Волците“ инсистираа да добијат 50 милиони фунти за да се разделат со овој играч.

Read More

Ангажирањето на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, ќе биде врвен приоритет за Манчестер Јунајтед следното лето, објави „ЕСПН“. „Црвените ѓаволи“ ја зголемија својата напаѓачка моќ со Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо за време на последниот преоден рок, но новото чудо од дете исто така останува во нивните планови за купување, а неговиот ангажман е одложен за една година. Халанд најверојатно ќе биде купен на местото на Единсон Кавани. 34-годишниот Уругваец можеше да го напушти „Олд Трафорд“ последниот ден од преодниот рок, за него се зборуваше за интерес од Барселона, но сепак одлучи да остане со „црвените ѓаволи“. Сепак, тој…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од домаќинот Финска на стартот на Европско првенство. Финска беше подобра од Макеоднија со 3:1 во сетови (25-20, 25-15, 24-26, 25-23). Како и пред две години, Финска успеа да ја победи Македонија и успешно го отвори настапот на ова ЕП на домашен терен. Македонија играше добро во првиот сет, но во финишот Финска направи разлика која беше недостижна за Македонија и дојде до водство од 1:0. Во вториот сет многу подобра игра на Финска и убедливо го добија сетот со 25:15, а во третиот сет се играше доста изедначено, во финишот Финска имаше водство од 24:23,…

Read More