Author: riste

Македонската одбојкарската репрезентација доживеа уште еден неуспех на Европското првенство, откако го загуби и четвртиот натпревар во групата Ц и тоа од противник против кого се очекуваше дека можеме да се надигруваме и да ја бараме првата победа на ова ЕП. Шпанија одигра одличен натпревар и заслужено нè победи со 1:3 во сетови (23:25,25:21,28:30,15:25). Македонија влезе во овој натпревар со големи очекувања, а првиот сет го загуби со 23:25 и покрај добрата игра во поголемиот дел од истиот. Вториот сет беше она вистинското и многу поквалитетно одиграно од нашите одбојкари кои го добија со 25:21. Во третиот сет Македонија имаше шанса…

Read More

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа објави дека го напушта таборот на националниот тим за да се подготви за следниот натпревар на Реал Мадрид, кој в недела е домаќин на Селта. „Нема да одам со репрезентацијата во Белорусија. Имам многу важен натпревар со Реал Мадрид. Мислам дека тоа исто така дава добра можност да играме со друг голман. Особено ми е драго што не примивме гол против Чешка. Нашата одбрана е навистина стабилна. Чешкиот тим не ни олесни, но сите ние направивме добра работа. Знаевме што треба да направиме. На почетокот на второто полувреме можеби бевме премногу смирени, дозволувајќи Чешка да…

Read More

Ракометарите на Веспрем беа подобри во ракометната драма во Задар, откако го совладаа ППД Загреб во финалето на СЕХА лигата по подобро изведување на пеналите со 4:2, откако натпреварот заврши со 27:27 (15-13). Иако хрватскиот тим успеа да се врати од негатива во второто полувреме кое го започна со минус 2 гола, сепак на крајот во пенал рулетот , Веспрем беше поуспешен и дојде до нова титула во СЕХА лигата. Во првото полувреме Загреб играше добро, но не успеа да ја задржи почетната предност и Веспрем замина на одмор со 15:13. Унгарците и во вториот дел продолжија исто, диктираа темпо и одржуваа позитива, но…

Read More

Нашата фудбалска репрезентација се враќа од гостувањето во Рејкјавик со еден освоен бод, но може да жали за пропуштената шанса да ги освои сите три бода од оваа средба која заврши 2:2, а водевме со 2:0 до пред крајот на мечот. Македонската фудбалска репрезентација добро го започна натпреварот, а почетната иницијатива даде резултат со рано водство на Македонија уште во 12 минута кога по корнерот кој го изведе Алиоски од левата страна, Дарко Велковски со глава ја упати топката кон несигурниот голман на Исланд, Рунарсон кој не успеа да ја прифати топката и таа заврши во неговата мрежа. До крајот…

Read More

Макс Верстапен од тимот на Ред Бул победи на првата трка по пауза од 36 години која што се возеше за ГН на Холандија, а која беше 13-та во Ф1 шампионатот оваа година. Холанѓанецот успеа да ги израдува своите симпатизери на домашен терен, на патеката „Зендворт“,  каде всушност ја оствари својата седма победа сезонава, а 17-та во кариерата. Неговиот најголем конкурент за титулата Луис Хамилтон од Мерцедес го освои второто место со заостанување од 20 секунди, но битејќи Хамилтон го имаше најбрзиот круг на трката ќе добие дополнителен бод. На подиумот место имаше и за Валтери Ботас од Мерцедес. https://twitter.com/F1/status/1434525291532234752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1434525291532234752%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Favto-moto%2Fverstapen-dominanten-na-domashen-teren-go-prezede-vodstvoto-vo-generalniot-plasman…

Read More

Левиот бек на германската фудбалска репрезентација Робин Госенс денес ги помина медицинските прегледи и е под знак прашалник за настап на следните квалификациски натпревари за Светското првенство. Фудбалерот на италијанската Аталанта Госенс ​​го извиткал скочниот зглоб во победата над Лихтенштајн со 2:0. Неговата конечна дијагноза ќе стане јасна до крајот на денот, но речиси е сигурно дека тој нема да биде во комбинација за натпреварот со Ерменија в недела и гостувањето на Исланд следната среда. „Има проблем со зглобот и има многу болки“, изјави новиот селектор Ханзи Флик. Госенс ​​е уште еден фуидбалер кој има проблем откако Томас Милер го…

Read More

Пред стартот на полуфиналите натпревари од Ф4 турнирот на СЕХА лигата во Задар беше објавен идеалниот тим на регуларниот дел од регионалната СЕХА лига, во која настапуваа две македонски екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер. За најкорисен играч, односно МВП е избран Јосип Периќ, кој исто така е најдобар среден бек, а од Еурофарм Пелистер доаѓаат и најдобриот тренер – Жељко Бабиќ, како и најдобриот десен бек – Невен Стјепановиќ. Најдобро лево крило е Тимур Дибиров, кој е прогласен и за најдобар стрелец со постигнати вкупно 57 гола. Најдобар млад играч е Јовица Николиќ од Војводина, најдобар пикер е Вјачеслав Бокан…

Read More

Македонија ќе нема клуб преставник на завршниот турнир од СЕХА-лигата откако Вардар не доби дозвола да патува во Задар поради еден позитивен на Ковид-19, но сепак ќе има Македонец на теренот. Нашиот репрезентативец Дејан Манасков кој настапува во екипата на Веспрем ќе ја брани честа на Македонија на Ф4 турнирот во Задар. Во разговор за Спортското радио 90,3 ФМ, Манасков потенцираше дека му е жал што нема да игра Вардар во Задар. „Навистина ми е жал што се случи ова, Вардар не доби зелено светло да игра во Задар, а толку многу сакав да се видам со моите колеги од…

Read More

Манчестер Јунајтед реагираше за вклучувањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо во Гинисовата книга на рекорди. 36-годишниот фудбалер постави национален рекорд за најмногу постигнати голови. Во квалификациите за СП 2022 против Ирска (2:1), Роналдо постигна два гола, постигнувајќи 110 -ти и 111-ти гол за националниот тим и надминувајќи го постигнувањето на претходниот рекордер, иранскиот напаѓач Али Даеи (109). Роналдо објави фотографија со сертификат за вклучување во Гинисовата книга на рекорди. Од Манчестер Јунајтед ова го поздравија со емоции на постот во коментарот за објавата на Кристијано. На крајот на август, Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед од Јувентус и повторно ќе…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Грилиш го анализираше неговиот настап на почетокот на кариерата во новиот клуб. Претходно, играчот од средниот ред ги бранеше боите на Астон Вила. „Веќе имав натпревари во Манчестер Сити кога мислев дека можам повеќе да дадам и да го сменам текот на натпреварот. Ова, на пример, го прави Кевин Де Бруин. Тој го менува текот на играта со влегување на теренот. Можев да играм подобро во Суперкупот со Лестер и во првото коло со Тотенхем. Но, генерално, почетокот на мојата кариера во Манчестер Сити беше совршен. Ако ги погледнете играчите на мојата…

Read More