Шпанскиот фудбалски гигант Барселона покажува интерес за белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс од англискиот Лестер Сити, пренесува „Мундо Депортиво“. Скаути на Каталонците веќе долго време ги следат настапите на 24-годишниот играч од средниот ред и од „Камп Ноу“ планираат да се обидат да го привлечат. Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул исто така го следат играчот. Тилеманс веќе одигра 113 натпревари со 18 голови и 19 асистенции за Лестер Сити по неговиот трансфер за 45 милиони евра од француски Монако во 2019 година.
Author: riste
Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентатиец Бојан Миовски имаше уште еден одличен настап во дресот на својата екипа МТК Будимпешта. Миовски влезе во игра на стартот на второто полувреме кога неговата екипа имаше негатива од 2:0, а неколку минути беа и во негатива од 3:0. Веднаш потоа на сцена стапи нашиот Миовски кој најнапред постигна гол во 61.минута , но му беше поништен по интервенција на ВАР за настан што се случи на сосема друг дел од теренот. Во 69-та минута Миовски изнуди пенал кој беше реализиран, а самиот тој се запиша во листата на стрелците во 75-та минута. Сепак тоа…
Џорџ Расел нема што да загуби со неговиот трансфер во Мерцедес следната сезона, изјави неговиот нов совозач Луис Хамилтон. 23-годишниот Британец ќе го замени Валтери Ботас во вториот болид на шампионскиот тим на Мерцедес. „Џорџ доаѓа да учи и мислам дека има се што е потребно за да биде успешен. Нема апсолутно ништо негативно во него, напротив-тој нема што да загуби“, рече 36-годишниот Хамилтон пред италијанското ГП. Хамилтон има 99 победи, 101 пол -позиција и голем број други рекорди, што го прави најуспешниот Формула 1 возач на сите времиња. Шарл Леклер од Ферари ја спореди ситуацијата со сопственото искуство кога…
Најдобриот играч на Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо – Карим Бензема, веројатно очекува многу потешка сезона од претходните. „AС“ потсетува дека досега напаѓачот имал корист на клупско ниво бидејќи не бил дел од националниот тим. За време на квалификациските и контролните паузи, Бензема се одмараше и тоа му овозможи да остане во форма. Во последните три сезони со тимот на Реал Мадрид, тој има одиграно 4305 минути во 53 натпревари. Меѓутоа, бидејќи искусниот играч повторно е дел од селекцијата на Франција, ова ќе доведе до сосема поинаково оптиварување, а не е за потценување дека има 33 години. Само…
Финскиот Ф1 возач Валтери Ботас објави кога станал свесен за одлуката на тимот на Мерцедес да го напушти тимот во корист на Британецот Џорџ Расел. Според него, тоа се случило за време на летните одмори во Формула 1. „Никогаш не сакам да ги споделам деталите за она што се случуваше зад сцената, бидејќи е лично. Но, можам да кажам дека уште пред „Спа“ знаев што ќе се случи. Будимпешта беше последната трка пред летната пауза, и во тоа време не беа донесени одлуки за ова прашање, но потоа, заедно, донесовме одлука. Тоа се случи летото, пред „Спа“. Што се однесува…
Репрезентацијата на Бразил го повтори рекордот на Јужна Америка по бројот на последователни победи во квалификациите за Светското првенство, објави „OptaJoao“. Синоќа, репрезентацијата на Бразил се покажа подобра од Перу (2:0) во квалификацискиот натпревар на Светското првенство – 2022 година и ја оствари деветтата победа по ред. Вреди да се одбележи дека претходното достигнување исто така и припаѓаше на бразилската репрезентација. Тогаш Бразил имаше серија на девет победи од септември 2016 до август 2017 година. Бразил, по осум натпревари со 24 бода, е на првото место на квалификациската група. Перу, по девет средби, има осум бода и се наоѓа на…
Одлуката на Кристијано Роналдо да го напушти Јувентус ова лето целосно ги промени плановите на клубот, призна спортскиот директор Федерико Черубини. 36-годишниот напаѓач избра да замине во Манчестер Јунајтед, што ги принуди Италијанците итно да земат нов напаѓач, и на крајот изборот падна на Мојс Кин. „Кога Роналдо не извести за неговата желба да си замине, ние веднаш почнавме да размислуваме за иднината. Мојс Кин не е негова замена, туку еден дел во нашиот план да продолжиме да победуваме, но со различен проект“, изјави Черубини за „Тутоспорт“. По првите две кола, Јувентус сеуште нема победа во Серија А, со Удинезе…
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани откри зошто повеќе сака да носи долга коса. „Чудно е, ова е прашање што често го слушам меѓу моите пријатели и семејството кога ме прашуваат: „Дали можеш да се замислиш со кратка коса, Еди?“ „Еди, дали некогаш си помислил да се потстрижиш?“ Така, оваа тема се појавува доста често кога комуницирате со пријателите и семејството. И не знам, не сум сигурен. Имав кратка коса до 15 години кога решив да патувам во Монтевидео, главниот град на Уругвај, да играм фудбал. Тогаш почнав да ја чувам косата долга, сe до денес. Само помислете, имам долга…
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд има усмен договор со раководството на Реал Мадрид за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето, тврди „Диарио Мадридиста“. 21-годишниот супер талентиран играч го бараат повеќето од најдобрите тимови во Европа, но се чини дека во моментов Реал Мадрид е чекор пред своите конкуренти. Договорот на Норвежанецот вклучува откупна клаузула вредна 80 милиони евра, која ќе биде активирана летото 2022 година. Оваа сума е релативно ниска во споредба со парите платени во последните години за играчите од неговата класа. Затоа клубовите како ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Баерн (Минхен) и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата…
Милан размислува за размена на играчот од средниот ред Франк Кесие за играчот на Ливерпул, Тиаго Алкантара. Договорот на играчот од Брегот на Слоновата Коска истекува следното лето и во оваа фаза тој одбива повторно да потпише. Така, за да не го загубат без пари, „росонерите“ во јануари ќе се обидат да го разменат за шпанскиот репрезентативец , објавија медиумите во Милано. Директорите на Милан, Фредерик Масара и Паоло Малдини, тргнаа да преговараат за ваков договор со преставниците на Ливерпул. Од Ливерпул може да размислат за таков предлог, бидејќи Кесие е играч кој го сака Јирген Клоп. Тој е 6…
