Author: riste

Тренерот на Јувентус Торино, Масимилијано Алегри зборуваше за претстојниот натпревар од првото коло во групната фаза на Лигата на шампионите со шведскиот Малме. „Секако, на натпреварот со Малме мора да победиме, ова е неопходно за да се постави вистинската основа за иднината и да се сретнеме со посериозни противници во најдобра можна форма. Во фудбалот, невозможно е да се предвиди што ќе се случи на одреден натпревар, мора да се обидеме да се осигураме дека натпреварот ќе оди според нашето сценарио. Навистина, во моментов во италијанското првенство работите не се одвиваат баш најдобро за нас и покрај фактот што тимот…

Read More

Играчот на Челзи, Н’Голо Канте ќе го пропушти натпреварот со Зенит во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. „Н’Голо направи два тренинга завчера и тренираше вчера, но за него е рано да игра во Лигата на шампионите. Нема да ризикуваме во овој момент од сезоната. Решивме денес да му дадеме уште едно оптоварување, потоа ќе има слободен ден со остатокот од групата, за потоа да тренира со сите нас во петок за да биде целосно подготвен за натпреварот со Тотенхем в недела“, рече Томас Тухел во изјава за официјалната веб-страница на Челзи. Тренерот Тухел исто така потврди…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи го поддржа голманот Војчех Шчесни во пресрет на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Малме. „Тој мора да остане смирен и да не им дава значење на критиките. Сите ние треба да останеме фокусирани на теренот. Кога сте во Јувентус, мора да се навикнете на притисокот. Мора да бидеме посилни од притисокот. На оние што го носат дресот на Јувентус им веруваат сите, кој и да го носи, бидејќи го заслужуваат тоа и не треба да размислуваат под притисок или критики. Вечерва ќе имаме тежок натпревар, бидејќи Малме е физички силен тим,…

Read More

Сенегалскиот напаѓач Демба Ба официјално ја заврши кариерата. Поранешниот играч на Хофенхајм, Вест Хем, Њукасл, Челзи и Бешикташ одлучи да се откаже од фудбалот на 36 -годишна возраст. Последен пат играше во Лугано, Швајцарија. „Ја завршувам кариерата и го правам со срце полно со благодарност. Тоа беше неверојатно патување! Имаше многу пот и солзи, но фудбалот ми даде толку прекрасни емоции. Од вревата на трибините по постигнувањето на гол до комуникација со моите соиграчи на и надвор од теренот. Секогаш ќе го паметам сето ова“, напиша Демба Ба. https://twitter.com/dembabafoot/status/1437443055293018115?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1437443055293018115%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021091402500821758 „Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа, на…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека враќањето во таборот на „Црвените ѓаволи“ е најдобрата одлука што ја донел. „Враќањето во Манчестер Јунајтед е најдобрата одлука што сум ја донел. Ова беше направено во погоден момент. Сакам да пишувам историја, да му помогнам на Манчестер Јунајтед да постигне големи резултати и да освојува трофеи“, рече Роналдо во интервју за „Гол“. Да потсетиме дека Кристијано Роналдо веќе играше за Манчестер Јунајтед во периодот од 2003 до 2009 година, откако се пресели таму од Спортинг Лисабон, во кој ја започна својата кариера. Напаѓачот играше за Јувентус од 2018 година. 36-годишниот Португалец…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт има потенцијално тешка повреда, објавија Радио Каталонија и АС. Според информациите, данскиот репрезентативец, кој имаше болки во коленото, се обиде да се опорави навреме за дуелот со Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите, но наместо тоа ја влоши состојбата и предвреме го напушти денешниот тренинг на Каталонците. Доколку се потврди прогнозата за истрошена ‘рскавица на коленото, Брајтвајт може да биде надвор од терените во следните 3-4 месеци. Тој одлично ја започна сезоната со два гола и една асистенција во победата од 4:2 над Реал Сосиедад, а потоа беше стартер против Атлетик Билбао (1:1) и Хетафе…

Read More

Вечерва се игра финалниот меч на УС Опен, четвртиот Грен слем турнир во сезоната, а најдобриот тенисер во Светот, Новак Ѓоковиќ е пред голем предизвик. Не само да ја освои титулата на УС Опен  туку и да испише историја во овој спорт. Ѓоковиќ може да биде првиот тенисер кој успеал да ги освои титулите на сите 4 Грен слем турнири во една сезона. На патот на Ѓоковиќ е Данил Медведев кој е негов противник во финалето на УС Опен. Голем фаворит за победата е српскиот тенисер. Досега финалистите на овогодишниот УС Опен имаат одиграно осум меѓусебни дуели. Србинот води со…

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го коментираше резултатот од натпреварот од четвртото коло на англиската Премиер лига со Норич (1:0). „Морам да кажам дека ова беа веројатно најдобрите 10-14 дена во мојата кариера. Убаво е да се победи, но уште позабавно е да се види борбеноста на тимот. Бев воодушевен од тоа што го видов на оваа средба. Голема благодарност до тимот“, изјави Микел Артета по натпреварот Единствениот гол во 66. минута го постигна напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој го реализираше доброто додавање на напаѓачот Николас Пепе. А рсенал освои три бода на четири натпревари и е 16-ти на…

Read More

Бразилскиот тим Фламенго на својата официјална веб-страница објави за склучувањето на договор со бразилскиот дефанзивец Давид Луиз. Договорот на 34-годишниот фудбалер со бразилскиот клуб важи до декември 2022 година. Луис се пресели во Фламенго како слободен играч откако го напушти лондонски Арсенал. Дефанзивецот имаше 30 настапи за „топџиите“ минатата сезона и постигна два гола. Лондонскиот клуб не му понуди нов договор на играчот. Покрај Арсенал, Луис играше за Челзи, ПСЖ, Бенфика и бразилска Виторија. Во јули беше објавено дека за играчот е заинтересиран турскиот клуб Адана Демирспор, а во јуни, покрај Бенфика, Луис беше нтересен и за Олимпик Марсеј и…

Read More

Играчот на Баерн Минхен и германската репрезентација Серж Гнабри се повреди на натпреварот од 4. коло во германската Бундеслига со РБ Лајпциг (4:1). Гнабри беше заменет во продолжението од првото полувреме на натпреварот и на негово место во огра влезе, Џамал Мусиала. Гнабри наскоро ќе помине медицински преглед. Според „Мундо Депортиво“, фудбалерот може да го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите на УЕФА против Барселона на 14 септември во Шпанија. Гнабри се приклучи на Баерн Минхен во 2017 година. Играчот од средниот ред претходно играше за Арсенал, Вест Бромвич Албион и Вердер Бремен. Оваа сезона, 26-годишниот играч…

Read More