Бразилскиот клуб Сао Паоло го потврди раскинувањето на договорот со поранешниот дефанзивец на Барселона и Јувентус, Дани Алвеш. Договорот меѓу двете страни беше раскинат денес. „Официјална изјава: Фудбалскиот клуб Сао Паоло објавува дека денес е потпишан договор за отпуштање на играчот Даниел Алвеш, кој беше поврзан со клубот со договорни обврски до декември 2022 година“, објави прес-службата на Сао Паоло на Твитер. Да потсетиме дека поради пандемијата на коронавирус, клубот ги намали платите на играчите, вклучувајќи го и Алвеш. Со договор меѓу двете страни, беше договорено сумата да биде исплатена подоцна. По Олимписките игри во Токио, Дани Алвеш рече дека…
Author: riste
21-годишниот норвешки напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар играч во германското првенство за месец август. Во последниот месец од летото, Халанд успеа да постигне хет-трик на натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт (5:2), а погоди и на мечот со Хофенхајм (3:2). Борусија, во месец август остварие две победи, но и еден пораз од Фрајбург (1:2), исто така, загуби во германскиот Суперкуп против Баерн (1:3). Ерлинг Халанд се пресели во Борусија од РБ Салцбург во јануари 2020 година. Договорот на Норвежанецот со оваа екипа важи до 30 јуни 2024 година. Во сезоната 2020/2021, напаѓачот одигра 40 натпревари за Борусија,…
Потпретседателот на Барселона, Едуард Ромеу, ги коментираше гласините за можна оставка на тренерот на тимот, Роналд Куман. „Прашањето за Куман не беше поставено на одборот на директори. Наидовме на многу тежок противник во најлошото време. Со отпуштање на Куман, ќе направиме чекор назад. Би било нелогично“, изјави Ромеу за весникот „АС“. Претходно беше објавено дека неколку членови на бордот на директори на Барселона побарале разрешување на Куман. Минатиот месец, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја доведе во прашање соработката со Куман. Сегашниот договор на холандскиот тренер со Барселона е до 2022 година. Да потсетиме, во првото коло од групната фаза…
Денеска, во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија, беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата лига, поточно беа избрани натпреварувачките броеви за сезоната 2021/2022 Учесниците во најквалитетното натпреварување ги добија следните натпреварувачки броеви: 1. МЗТ Скопје Уни Банка 2. Еуро Никел 2005 3. Пелистер 4. Куманово 2009 5. Феникс 2010 6. Навико Академија ФМП 7. Работнички 8. Гостивар 9. МЗТ Скопје Аеродром 10. Ангели 11. Кожув 12. ТФТ Согласно Бергеровиот систем за 12-те екипи-учесници во натпреварувањето, во првото првенствено коло од Првата лига-мажи ќе се сретнат: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички Еуро Никел 2005 – Гостивар Пелистер – МЗТ…
Напаѓачот Хари Кејн може да го продолжи договорот со Тотенхем, пренесува весникот „Гардијан“ на денешните страници, но капитенот на Англија постави посебен услов за тоа да се случи. 28-годишниот играч ќе потпише нов договор со Тотенхем доколку раководството на тимот се согласи да има клаузула за откуп во него. Во Англија, не постои практика да се вклучат такви клаузули во договорите на играчите, за разлика од Шпанија, каде што тоа е практика, но може да се направи исклучок за Кејн. Доколку двете страните се договорат за нов договор, тогаш платата на Хари Кејн значително ќе се зголеми и тој ќе…
ФИФА денес ја објави новата ранг листа на репрезентациите, а по септемврискиот циклус од квалификациите за СП има одредени промени. Според очекувањата , по трите нерешени резултати, Македонија е со пад на ранкингот од две позиции и сега е на 74-та позиција. Избраниците на Благоја Милевски загубија околу два ипол поени и од 1345,47, паднаа на 1342,92 според новите рангирања. Македонија шанса за поправење на ранкингот ќе има веќе во октомври кога игра против Лихтенштајн на гостински терен, потоа со Германија пред својата публика и уште едно гостување кај Ерменија. На врвот на ФИФА ранг листата лидер остана Белфија пре Бразил,…
Вечерва стартува и второто по квалитет натпреварување во Европа, Лигата на Европа на УЕФА. Од сите натпревари кои ќе се играат во групната фаза од ова натпреварување, секако за нас ќе бидат најинтересни средбите во кои ќе имаме и наши преставници, а тоа се дуелите на Динамо Загреб и Наполи. Во Динамо Загреб имаме двајца интернационалци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а во Наполи е Елиф Елмас. Во првото коло кое е на програмата денес , Динамо Загреб го пречекува Вест Хем, додека Еламс и неговиот Наполи гостуваат во Англија кај Лестер Сити. Еве ги комплетните двојќи за денешните средби…
Светската кошарка денес остана без едно од најголемите тренерски имиња, Душан Ивковиќ. Српските медиуми утринава ја пренесоа оваа тажна вест, за смртта на легендарниот кошаркарски стручњак Душан Ивковиќ. Големиот Дуда во својата кариера соработуваше со многу кошаркарски ѕвезди. Поранешниот југословенски кошаркар, а потоа и селектор, кој има бројни успеси на меѓународната сцена почина утрово во болница во Белград по проблеми со белите дробови на 77-годишна возраст. Душан Дуда Ивковиќ во својата богата кариера има и две евролигашки титули, како и три златни медали од европските првенства со Југославија, а еднаш го покори и светот. Покрај тоа, имаше уште многу одличја во…
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, по натпреварот кој го доби неговиот тим против Интер со 1:0 во Лигата на шампионите, ја истакна својата улога во постигнувањето на позитивниот резултат. „Остваривме одличен резултат против силен противник. Моите одбрани беа одлучувачки, но ова е она што се очекува од мене во Реал Мадрид. За време на паузата, разговаравме многу едни со други и со тренерот, а второто полувреме помина малку подобро. Можеби Интер заслужи повеќе, нивните шанси беа поопасни“, изјави Тибо Куртоа, за прес-службата на УЕФА. Во 89. минута од средбата Реал Мадрид додје до победа со голот на Родриго на…
Манчестер Сити во натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите на домашен терен го победи германскиот РБ Лајпциг со резултат 6:3. Екипата на Пеп Гвардиола постави рекорд меѓу англиските клубови за најбрзо време да оствари 50-та победа во најсилното европско натпреварување, објави официјалната веб -страница на Манчестер Сити. За да го направат ова, Манчестер Сити требаше да одигра 91 натпревар. Претходно, рекордот меѓу англиските тимови го држеше Манчестер Јунајтед – 96 натпревари. Челзи мораше да одигра 98 натпревари во Лигата на шампионите за да постигне 50 победи. Рекордер во ова натпреварување според овој параметар е Реал…
