Баерн Минхен е во завршна фаза од преговорите за продолжување на договорот со нивниот играч за врска Леон Горетцка. Новинарот Никола Скира го објавува ова на својот Твитер профил. Според изворот, договорот со играчот ќе биде продолжен до 2026 година, додека платата на играчот ќе биде значително зголемена. Во август, беше објавено дека платата на Горетцка ќе биде 12-15 милиони евра. Минатата сезона, фудбалерот одигра 32 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигна осум гола и седум асистенции. Играчот од средниот ред ги брани боите на Баерн од 2018 година, а претходно играше за Шалке 04 и Бохум. Порталот Трансфермаркт…
Author: riste
Македонскиот ракометен шампион Вардар синоќа го имаше својот прв натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите, а од Норвешка се враќа со освоен бод кај Елверум. Вардар беше блиску до победа, но и до пораз, па можеби овој резултат 27:27 е најреален исход на овој натпревар. Тренерот Веселин Вуjовиќ на својот прв европски натпревар по враќањето во Скопје го прифати овој резултат како реален епилог на натпреварот. „Ова беше цврст, борбен натпревар во кој ниту една екипа не успеа да се одлепи, не создаде поголема предност. Ремито е повеќе од реално. Му честитам на Елверум за тоа што го прикажа.…
Шпанскиот гигант Барселона го загуби првиот натпревар во групната фаза на Лигата на шампионите, првпат по цели 24 години. Избраниците на Роналд Куман на домашен терен загубија од Баерн Минхен со резултат 3:0 во средбата од 1.коло од групната фаза на најпрестижното европско натпреварување. Последен пат тоа се случи во сезоната 1997/1998 година, кога Каталонците загубија со 2:3 од Њукасл Јунајтед на гостински терен. По средбата со Баерн, екипата на Барселона е на последното место во групата Е, без освоен бод. Во вториот натпревар од оваа група Динамо Киев одигра нерешено со Бенфика (0:0). Во следниот натпревар од групната фаза,…
Искусниот Валтер Мацари беше назначен за тренер на италијанската екипа Каљари. Ова се случи само еден ден откако Леонардо Семпличи доби отказ поради лошиот старт на екипата од Сардинија во Серија А, кои имаат само еден бод по првите три кола. 59 -годишниот Мацари потпиша договор со Каљари до 30 јуни 2024 година. Самиот Мацари беше играч на Каљари со кого играше во Серија А. Во тренерската кариера ги водеше Пистоезе, Ливорно, Регина, Сампдорија и Наполи, кои успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите по 20-годишно отсуство. Со Наполитанците го освои и Купот на Италија и стана вицешампион на…
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше претстојниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Милан. „Секако дека се сеќавам на финалето во 2005 година. Но, уште подобро го паметам мечот на овие тимови во финалето во 2007 година. Ако размислувате кој од европските натпревари е најдобар за гледање, тогаш играта помеѓу Ливерпул и Милан е нешто што навистина треба да се гледа. „Росонерите“ веќе неколку години не беа дел од Лигата на шампионите, но сега миланезите играат добар фудбал. Мислам дека ќе биде најтешкиот натпревар за двата тима“, рече Клоп на прес-конференцијата пред натпреварот. Да потсетиме, последен…
Лондонски Челзи наскоро ќе му понуди нов договор на играчот од средниот ред Мејсон Маунт, според кој неговата плата би можела да порасне на околу 175.000 евра неделно, пишуваат медиумите во Лондон. Сегашниот договор на Маунт истекува во 2024 година. Тој беше потпишан пред Англичанецот да го одигра својот прв натпревар за „сините“. „Тој е неверојатно талентиран и што е уште поважно, во многу рана возраст, тој има карактер што му овозможува да се движи и да доаѓа на тренинг секој ден со насмевка на лицето. Тоа е клучно за нашата игра. Можам самоуверено да го наречам Маунт еден од…
Рускиот играч за врска во екипата на Валенсија, Денис Черишев, кој се повреди во натпреварот од 4. коло на „Ла Лига“ против Осасуна (4:1), ќе пропушти од еден до еден и пол месеци, пишува „Марка“. Претходно се дозна дека 30-годишниот фудбалер добил истегнување на медијалниот колатерален лигамент на левото колено. Да потсетиме, во продолжението на првото полувреме, држејќи се за коленото, Черишев побара замена и го напушти теренот поради повреда. Во тековната сезона од Примера, Денис Черишев одигра четири натпревари за Валенсија и имаше една асистенција. Договорот на Русинот со клубот важи до јуни 2022 година. По четири одиграни кола…
УЕФА му забрани на Ајакс Амстердам да го носи дресот посветен на пејачот Боб Марли. Прес-службата на клубот соопшти дека УЕФА побарала да се отстрани сликата на три птици од дизајнот на дресовите, кои се инспирација од една од песните на Боб Марли. Публикацијата е достапна на официјалниот „инстаграм“ на фудбалскиот клуб Ајакс. „Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) гледа на ова како на поинаков израз на логото на клубот, логото на спонзорот или логото на производителот“, велат од прес-службата на холандскиот клуб. Црните дресови, кои се третиот сет за тековната сезона, имаат зелени, жолти и црвени ленти, а на задната страна…
Со 8 натпревари кои ќе бидат одиграни вечерва се отвора новата сезона во групната фаза во Лигата на шампионите. Најсилното клупско натпреварување во Европа уште еднаш го собира фудбалскиот крем на европскиот фудбал. Денес ќе бидеме сведоци на неколку одлични натпревари, а меѓу нив дербито помеѓу Барселона и Баерн (Минхен). Двата тима последен пат се сретнаа во четвртфиналето минатата година и Баварците буквално го збришаа тимот на Барселона предводен од Лионел Меси со 8:2. Сега Меси веќе не е во Барса и тимот на Роналд Куман е сосема поинаков, но желбата за одмазда е присутна. Во другиот натпревар од групата…
Доминик Калверт-Левин има скршеница на прстот и нема да игра за Евертон во следните две-три недели, изјави менаџерот на оваа екипа, Рафаел Бенитез. Напаѓачот заработи повреда за време на тренингот и не учествуваше на синоќешниот натпревар на „карамелите“ од Премиер лигата против Барнли, кој го добија со 3:1. „Има скршен прст. Тренира со проблеми и има сериозни болки. Имаше и повреда на мускулот. Треба да почекаме две или три недели”, рече Бенитез. Венецуелскиот напаѓач Саломон Рондон го замени Калверт-Левин во групата на Евертон за натпреварот против Барнли и најверојатно ќе биде алтернатива во наредните неколку недели.
