Замената на напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси во 76. минута од натпреварот со Лион беше диктирана од физичката состојба на играчот, пренесува „Л’Екип“. Фудбалерот доби модринка над коленото за време на играта. Денес, Меси бил под медицински надзор. Да потсетиме, Лионел Меси, по замената, одби да се ракува со тренерот Маурисио Покетино. Во натпреварот од 6.коло на француската Лига 1, ПСЖ го победи Лион. Средбата заврши со резултат 2:1. Во 54.минута првиот гол го постигна Лукас Пакета. Во 66.минута Нејмар го израмни резултатот со реализација на пенал. Лионел Меси помина 76 минути на теренот, тој беше заменет со Ашраф Хакими.…
Author: riste
Шпанскиот играч за врска на Ливерпул, Тиаго Алкантара ќе го пропушти натпреварот против Норич во третото коло од Лига купот на Англија, како и натпреварот од англиската Премиер лига против Брентфорд поради повреда на потколеницата, објави официјалната веб-страница на клубот. Асистентот на Јирген Клоп, Линдерс, ја коментираше ситуацијата со повредата на играчот од средниот ред. „Како што рече тренерот претходно, Тиаго се здоби со повреда на потколеницата. Не можам сега да кажам колку време ќе биде потребно за да закрепне, но дефинитивно нема да игра утре и за време на викендот. Ќе можеме да поставиме точна дијагноза само откако ќе…
Екипата на ФК Вардар по лошиот старт во Втората лига – Запад добива нов шеф на стручниот штаб. Во соопштението кое беше објавено, клубот информира дека е прекината соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Горан Симов. „Фудбалскиот клуб Вардар и Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера“, велат од клубот. Функцијата в.д шеф на стручниот штаб на Вардар ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров. Вардар од стартот на освои бод кај Кораб и тоа со младинци, а ја…
Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати е блиску до враќање на теренот по повредата на коленото, пренесуваат медиумите во Каталонија. Според изворот, фудбалерот тренира со нормално темпо веќе неколку дена. Најверојатниот датум за настап на Ансу Фати на теренот е 26 септември, кога Барселона ќе го пречека Леванте како дел од 5-то коло на Примера. Да потсетиме, Фати доби тешка повреда на коленото во ноември 2020 година на натпреварот со Бетис. Првично, се претпоставуваше дека неговото враќање ќе се случи за четири месеци. Сепак, поради проблеми со коленото, тој го пропушти остатокот од сезоната, а исто така не беше во можност…
На натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, напаѓачот на тимот од Билбао, Инаки Вилијамс влезе во почетниот состав на гостите, со што пва му беше 200-тоти последователен натпревар во дресот на Атлетик во рамките на Примера. Инаки Вилијамс не пропушти ниту еден натпревар за својот тим од април 2016 година. Натпреварот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао заврши нерешено со резултат 0:0. Во тековната сезона на Ла Лига, Вилијамс одигра пет натпревари и постигна два гола. По пет одиграни кола, Атлетик Билбао се наоѓа на 5-то место на табелата во шпанската лига со 9 бодови. Во шестото коло од шампионатот,…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер откри кога напаѓачот Единсон Кавани ќе може да се врати на терените. Уругваецот претходно се повреди на пријателскиот натпревар против Стоук Сити, кој се одржа зад затворени врати. „Се надеваме дека Единсон Кавани ќе започне со тренинзи со тимот овој викенд, или можеби во понеделник. Можеби тој ќе излезе на терен во среда. Кавани имаше неверојатна измината сезона. Кога беше во форма, имаше огромно влијание врз играта. Но, на почетокот на оваа сезона, тој се повреди. За Кавани да го одигра својот најдобар фудбал, треба да се опорави 100%. Ние не го брзаме.…
Поранешниот селектор на украинската репрезентација Андри Шевченко е еден од кандидатите за селектор на Турција, тврди „Кикер“. За оваа позиција се кандидира и Штефан Кунц, кој го предводи германскиот младински тим до 21 година. Тој веќе ја посети Турција на покана од фудбалската федерација на оваа земја, но не е постигнат договор. Турската репрезентација ја предводеше Шенол Ѓунеш. Тој ја напушти функцијата откако претрпе срамен пораз од Холандија со 1:6 во квалификацискиот натпревар за СП 2022 година. 44-годишниот Андри Шевченко работеше со репрезентацијата на Украина од 2016 година. Под негово водство, тимот стигна до четвртфиналето на Евро 2020, по што…
18-годишната британска тенисерка Ема Радукану, која сензационално победи на Отвореното првенство на САД оваа година, одговори на прашањето каде ќе ги потроши своите 2,1 милиони евра од паричната награда. „Уште не одлучив. Ќе им ги дадам на моите родители, тие ќе го сфатат тоа. Сеуште немам купено ништо со овие пари. Тенисот е многу скап спорт со оглед на сите патни и други трошоци. Можеби парите ќе бидат потрошени за ова. Да бидам искрена, воопшто не размислувам за пари. Знам дека ќе има многу даноци и други трошоци“, изјави Радукану во интервју за Би-Би-Си. Во решавачкиот натпревар на УС Опен,…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, зборуваше за иднината на играчот од средниот ред, Џеси Лингард. „Во иднина го гледаме како играч на Манчестер Јунајтед. Тој се врати кај нас по одличната позајмица во Вест Хем. Џеси ги покажа своите квалитети и се врати во составот на Англија. Навистина сакаме да го видиме неговиот најдобар настап оваа сезона. Има уште една година од договорот и клубот е во преговори со него и неговиот татко. Ние го поддржуваме и се надеваме дека ќе остане со нас. Тој е „црвен“ внатре и надвор“, изјави Солскјер за прес-службата на Манчестер Јунајтед. Ќе…
Барселона издаде соопштение по состанокот на бордот на директори на клубот кој се одржал вчера. Каталонскиот гигант потврди дека на крајот од сезоната 2020/2021 загубиле 481 милиони евра. Одборот на директори го одобри буџетот на клубот за оваа сезона во износ од 765 милиони евра, но тој мора да помине низ дополнителна постапка за одобрување на Собрание на делегати. На 6 октомври ќе започне целосна проверка на работите на клубот за да се најдат одговорните за финансиските проблеми. Тимот сериозно има намера да го среди она што се случи за да ги отстрани сите тешкотии за работењето на клубот во…
