Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди нов долгорочен договор на својата sвезда Бруно Фернандеш. Клубот е исклучително задоволен од 27-годишниот Португалец, кој стана вистинска сензација по неговиот трансфер од Спортинг (Лисабон) во јануари 2020 година. Затоа клубот сака да го врзе долгорочно, пишува венсикот „Сан“. Фернандеш досега постигна 83 голови и 25 асистенции на 83 натпревари за „црвените ѓаволи“. Неговиот актуелен договор е до летото 2025 година, но сопствениците на клубот се подготвени да седнат на преговарачка маса и да се договорат за негово продолжување. Менаџерот Оле Гунар Солскјер го убеди раководството соодветно да ја зголеми платата на Португалецот, да…
Author: riste
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ќе дознае дали ќе може повторно да игра фудбал во октомври, пишува „Газета дело Спорт“. Тогаш се закажани прегледи од кардиолози за да утврдат дали неговата состојба му дозволува да се врати на теренот. 29-годишниот Данец доживеа срцев удар за време на Евро 2020 и мораше да му биде вграден специјален дефибрилатор. Минатиот месец Интер објави дека Ериксен е во „одлична физичка и ментална состојба“, откако бил прегледан од клупските лекари. Сега фудбалерот ќе има потемелен преглед во октомври, што конечно ќе одговори на прашањето дали ќе може повторно да игра фудбал. Италијанскиот закон вели дека…
Ѕвездата на Аргентина и ПСЖ, Лионел Меси веќе е најпродуктивниот јужноамерикански фудбалер кој со својата репрезентација има постигнато најмногу голови. Меси синоќа успеа да постигне хет-трик за Аргентина во квалификациите за СП против Боливија (3: 0) и веќе има 79 голови, а со тоа го надмина легендарниот Бразилец Пеле кој има постигнато 77 гола во дресот на својата репрезентација. Поранешниот предводник на Барселона, а сега играч на ПСЖ ова го постигна на 153 средби, додека Пеле тоа го направи на само 91 натпревар. https://twitter.com/FOXSoccer/status/1436132487537717249 Трет во поредокот е Нејмар со 69 голови, а потоа следи Луис Суарез од Уругвај со…
Македонската фудбалска репрезентација не успеа да победи и во третиот натпревар од овој квалификациски прозорец во месец цептември. Вечерва во Скопје во дуелот со Романија повторно доминираа со својата игра и создадоа неколку шанси , но не успеаа да го направат она најважното во фудбалот – да се постигне гол. Македонија и во првото и во второто полувреме имаше повеќе посед на топката, направи неколку шанси , но немаше завршница на истите и голманот на Романија не беше совладан. Во првиот дел по една грешка на нашата одбрана, Романија имаше одлична шанса, но Димитриевски успеа да го одбрани тој удар.…
Одржувањето на овогодишното Светско клупско првенство продолжува да биде неизвесно, а ФИФА досега одбиваше да ги коментира гласините дека Јапонија има намера да се откаже од одржувањето на турнирот. „Деталите за ова натпреварување ќе ги објавиме наскоро“, велат од светската фудбалска централа. Новинската агенција Киодо во вторникот објави дека Јапонската фудбалска федерација (ЈФА) преговара со ФИФА за преместување на турнирот поради новиот пораст на болеста Ковид-19 во земјата. Така, стадионите повторно ќе останат празни и двете страни нема да заработат пари од турнирот. Киодо тврди дека една од опциите е да се одложи шампионатот, кој треба да се одржи од…
Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот на Европското првенство (ЕП). Во последниот меч во Тампере, нашите одбојкари загубија од главниот фаворит во нашата група Русија (15:25, 13:25, 18:25). Во меч кој траеше нешто помалку од еденипол час, Русите дојдоа до чиста и убедлива победа која не дојде во прашање во ниту еден момент од натпреварот. Најдобар поентер кај Русија беше Кирил Клетс со 15 поени, пред Евгениј Баранов со 12 поени, додека кај Македонија повторно најефикасен беше Никола Ѓорѓиев со девет поени, а Александар Љафтов имаше шест поени. Македонија ова ЕП го заврши со пет порази на пет натпревари,…
Новото засилување на Реал Мадрид Едуардо Камавинга беше претставено пред медиумите како играч на тимот. Тој ја изрази својата голема радост за неговиот трансфер, што го опиша како остварување на сонот од детството. „Многу сум задоволен и горд што сум тука и ги бранам боите на овој клуб. Благодарам на претседателот за довербата и на целото мое семејство. Ако некој ми кажеше години наназад дека ќе бидам тука, немаше да му верувам. Напред Мадрид! Уште од млада возраст сонував да играм за овој тим и ќе се обидам да дадам се од себе за тоа. Во моментот кога сфатив дека…
Антоан Гризман се согласи на намалување на платата од 40% за да се врати во Атлетико Мадрид. Французинот повторно стана играч на оваа екипа последниот ден од преодниот рок, откако беше ангажиран од Барселона. Атлетико не плати ништо за позајмицата, но под услов двата клуба да се договорат да ја продолжат за уште една сезона, тогаш шпанскиот шампион ќе треба да плати одредена сума на Барселона. Ако игра во најмалку 50 проценти од натпреварите во сезоната 2022/23, тогаш Атлетико може да го купи играчот за 40 милиони евра. Гризман помина пет години во Атлетико пред да се пресели на „Камп…
Играчот за врска на Јувентус, Арон Рамзи, одбил неколку понуди во текот на летото, бидејќи сакал да остане во Торино. Клубот сакаше да се раздели со него и бараше купувачи, а неколку тимови од Англија покажаа интерес, но играчот ги одбил овие опции. 30-годишниот Рамзи има договор со Јувентус уште две години. Тој сака да се бори за стартно место во тимот на Масимилијано Алегри и затоа неговиот агент ги одби сите понуди летото. Репрезентативецот на Велс започна како стартер во првиот натпревар на „бјанконерите“ оваа сезона против Удинезе (2:2). После тоа, сепак, тој доби уште една повреда и паузираше…
Тотенхем ќе ги казни Аргентинците Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро , како и Колумбиецот Давинсон Санчез по нивното враќање од репрезентативните настапи. Претходно беше објавено дека клубовите од англиската Премиер лига одлучија да не ги пуштаат играчите на септемвриските натпревари на националните тимови, кои ќе се одржат во земјите вклучени во „црвената листа“ на британската влада. Ова ги вклучува сите земји во Јужна Америка. И покрај ова, играчите на Тотенхем одлучија да играат за своите репрезентации. Тие планираа да го прескокнат само третиот квалификациски натпревар за СП – 2022 година во септември и да се вратат во Обединетото Кралство…
