Author: riste

Почна да работи „машината за пари“ на Јувентус. Италијанскиот тим продава дрес на Кристијано Роналдо секоја минута по неговото привлекувањето во Торино. „Бело-црниот” дрес со број 7 предизвика сериозен интерес кај навивачите на тимот, дури и во некои клубски продавници се чека во редици. Просечната цена на дресот на Јувентус со името на Роналдо е околу 100 евра, а во Торино очекуваат дека ќе продадат повеќе од милион дресови на Роналдо. Јувентус го купи Португалецот од Реал Мадрид за 112 милиони евра, договорот беше финализиран пред два дена. Во Италија, 33-годишниот фудбалер ќе добива нето годишна плата од 30 милиони…

Read More

Бразилскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид Марсело се збогуваше со Кристијано Роналдо, кој од следната сезона ќе игра во Јувентус. Бразилецот напиша дека никогаш не си помислил дека ќе дојде до тоа и се заблагодари на Португалецот за прекрасните моменти кои двајцата ги поминаа во Мадрид. „Кој ли би помислил на тоа, Крис! Дојде време да си кажеме чао. Да бидам искрен, не верував дека овој ден ќе дојде. Ништо во овој живот не трае вечно, јас се надевам дека ќе бидеш среќен во новата авантура . Поминавме речиси десет години заедно. Десет години, исполнети со среќа, добар фудбал,…

Read More

Италијанскиот тим Интер може да се пофали дека е една од ретките екипи кои изминатите години секогаш имале свој преставник во финалните натпревари. Оваа убава традиција започна во Шпанија на СП 1982 година кога дел од финалето беа Бергоми и Ориали. На следното СП во Мексико во финалето играше Карл хајнц – Румениге. На СП во Италија кое се одржа во 1990 година , како преставници на Интер во финалето беа Бреме, Клинсман и Матеус. 1994 година во САД дел од финалето беше Берти, а четири години подоцна во Франција пехарот го подигнаа Џоркаеф и Роналдо. Традицијата продолжи и во…

Read More

Вториот капитен на Хрватска Иван Ракитиќ е апсолутен рекордер во светот според бројот на одиграни натпревари во сезоната 2017/2018. Финалето на СП 2018 во неделата, кое Хрватите го играат против Франција ќе биде дуел број 71 за 30-годишната ѕвезда на Барселона во оваа сезона. Во полуфиналето на Светското првенство играчот на Хрватска се израмни со Вилиан од Челзи и Бразил, кој има 70 натпревари за клубот и националниот тим досега, но во недела Ракитиќ самостојно ќе ја предводи оваа листа. Ракитиќ има 55 натпревари за Барселона, а со настапот во финалет ќе ја заврши сезоната со вкупната бројка од 71…

Read More

Селекторот на Англија Герет Саутгејт беше тажен по поразот од Хрватска во полуфиналето на СП 2018, но даде позитивна оценка на севкупната презентација на тимот и изјави дека во следните години Англија ќе станува сè посилна. „Игравме многу добро во првото полувреме. Ја држевме топката и воопшто го контролиравме натпреварот. Тогаш беше важно да постигнеме втор гол. Дали поради недостаток на искуство или затоа имавме водство, по паузата дозволивме на противникот да направи иницијатива. Не ги искористивме своите шанси. Бевме под притисок и тоа влијаеше”, коментираше Саутгејт. „Хрватите имаат многу искусни фудбалери, што се виде во финишот од средбата. Во…

Read More

Хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ, призна дека не сакал по трет пат на ова СП судбината на тимот да се решава со пенали. Хрватите се квалификуваа во големото финале откако победија со 2:1 против Англија, а решавачкиот гол во дополнителното време го постигна Марио Манџукиќ. „Нашиот тим има неверојатен карактер, а го заслужуваме ова финале, бидејќи игравме подобро во второто полувреме и во дополнителното време, но за среќа немаше пенали”, рече Модриќ. „Се чувствувавме навистина добро, но финалето ќе биде уште потешко, бидејќи најсилниот тим ќе се соочи со нас. Што се однесува до „Златната топка” воопшто не…

Read More

Хрватска успеа да се пласира во финалето на СП во Русија откако ја елиминираше Англија со 2:1 по продолжение. По историскиот меч, славјето на Хрватите им немаше крај, а селекторот Златко Далиќ беше искрен и откри што им кажал на своите фудбалери по историскиот пресврт против Англија. „Што да кажам друго. Можам само да им честитам на моите момци, морам да кажам дека не се нормални. Ова е фантазија, нешто невозможно, како трчаа, како се бореа. Ова е за историја. Им благодарам на сите наши навивачи. Сè уште не сме го кажале последниот збор. Доколку БОГ сака ќе бидеме и светски…

Read More

Хрватска се пласираше во финалето на СП во Русија откако ја совлада селекцијата на Англија со 2:1 по продолженија во Москва на стадионот „Лужники“. Хрватска и Англија одиграа интересен и неизвесен натпревар во кој мораше да има и дополнителни минути за да се дојде до финалистот на ова СП во Русија. Англија поведе со 1:0 со голот на Трипие во 5.минута и долго водеше, се до 68.минута кога Перишиќ израмни на 1:1 и донесе израмнување кое можеше да биде изменето до крајот затоа што и двете репрезентации не реализираа неколку шанси. Откако во првото продолжение од дополнителните 2х15 минути немаше…

Read More

Фудбалерите на Работнички кој е наш претставник во Лигата на Европа, ги почна настапите во најмасовното европско фудбалско натпреварување со победа од 2:1 (1:1) на домашен терен против унгарскиот преставник  Хонвед. Работнички успеа да ги реализираа своите шанси, но може да жалат затоа што оваа победа на крајот не беше поубедлива. Хонвед од друга страна не беше некоја екипа која покажа голема креативнос, својата шанса ја гледаше су удари од далечина. Наѓ беше стрелец на единствениот гол за Хонвед, додека за Работнички погодија Петар Петковски и Николче Шаркоски, а во финишот од мечот добри шанси пропуштија Џефри и Филип Петковски.…

Read More

Од сите тимови кои имаат претставници на Светското првенство во Русија, фудбалерите на ПСЖ постигнале најмногу голови – дури 11. Од 14 играчи на францускиот шампион на Мундијалот младиот талент на Франција Килијан Мбапе и напагачот на Уругвај Единсон Кавани се со по 3 погодоци, најскапиот играч во светот Нејмар постигна 2, а Анхел Ди Марија, Тиаго Силва и Криховјак постигнаа по еден. Мбапе и Белгиецот Тома Муние ќе имаат можност да ја зголемат гол сметка до крајот на СП, бидејќи нивните тимови ќе се сретнатт еден против друг вечерва во првото полуфинале на Светското првенство, но Муние нема да…

Read More