Author: riste

Ракометарките на ЖРК Вардар лесно дојдоа до својот 6-ти трофеј во Купот на Македoнија. И покрај тоа што настапија без ѕвездите во ростерот, сепак дојдоа до убедлива победа во финалето против Металург кој го победија со 46:24. На овој начин ракометарките на Вардар дојдоа до својот шести Куп трофеј. ЖРК Вардар денес настапи со девет ракометарки во составот, од кои шест Македонки, но тоа не беше причина да не се радуваат на уште една убедлива победа против екипатана Металург. Најдобри стрелци во победничката екипа беше Андреа Кликовац која постигна 11 голови, Јована Саздовска реализираше седум, а по шест постигнаа Марија Петровиќ…

Read More

Германскиот репрезентативец Жером Боатенг ја потврди желбата да си замине од Баерн (Минхен). По седум сезони во дресот на баварците тој размислува да прифати нов предизвик. „Многу е тешко да го напуштиш Баерн, но вистината е дека тука не се чувствувам добро”, изјави централниот дефанзивец по поразот од Ајнтрахт Франкфурт во финалето на Купот на Германија. По неколку месеци Боатенг ќе наполни 30 години. „Во Минхен освоив сè, а веќе сум на возраст на која размислувам повторно да играм во странство. Прашањето е во која земја и во кој клуб”, додаде играчот кој стана светскит шампион со Германија во Бразил.…

Read More

Актуелниот тренер на Виљареал Чави Каљеха потпиша нов договор со оваа екипа, објави шпанскиот клуб. 40-годишниот тренер ќе остане на клупата на „жолтата подморница” и следната сезона, задржувајќи го својот тим на тренери со кои тој во моментов работи на „Ел Мадригал“. Во понеделник Каљеха ќе зборува пред шпанските медиуми на тема за минатата сезона во Ла Лига. Виљареал останува петти во крајното рангирање на табелата и ќе игра во Лигата на Европа следната сезона. Синоќа во последниот натпревар оваа сезона на домашен терен Виљареал одигра 2:2 против европскиот клупски шампион Реал Мадрид и покрај тоа што беа во негатива…

Read More

Барселона ќе игра без својат прва ѕвезда Лее Меси и вечерва. Имено Лионел Меси ќе добие одмор и за денешниот натпревар на Барселона на домашен терен против Реал Сосиедад кој е дел од 38-то последно коло од шпанскиот шампионат. На Аргентинскиот репрезентативец му е потребен одмор и поради оваа причина тренерот на шампионите Ернесто Валверде нема да го пушти како стартер против Баскијците. Меси е вклучен во составот на својата екипа за средбата со Сосиедад, но најверојатно ќе влезе во игра само за неколку минути. „Тој играл навистина многу и треба да биде заштитен од повреди. Сметаме дека на крајот…

Read More

Атлетико Мадрид може да направи изненадувачки потег и да го привлече Џејми Варди, објави денес весникот „Мирор“. Шпанскиот тим кој само пред неколку дена триумфираше во Лига Европа ќе бара сериозно засилување на офанзивата на тимот, откако се очекува тимот да го напушти Антоан Гризман, кој речиси сигурно ќе го се пресели во Барселона, но тука е и заминувањето на еден од симболите на екипата Фернандо Торес. Варди, кој беше движечка сила за титулата на Лестер пред две години, има две години од сегашниот договор со „лисиците”, но е проценет на околу 16 милиони фунти. Атлетико Мадрид е подготвен да…

Read More

Тимот на Лестер Сити го направи првиот трансфер со тоа што го привлече дефанзивецот на Португалија, Рикардо Переира од тимот на Порто, објави англискиот клуб. 24-годишниот Переира, кој е дел од селекцијата на Португалија за светското првенство во Русија, потпиша договор со овој англиски тим за период од пет години, а според британските медиуми, Порто ќе добие 22 милиони фунти. Трансферот на Переира е на личното инсистирање на менаџерот на Лестер, Клод Пуел. Тие работеа заедно пред неколку години во Ница, Франција.

Read More

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја очекува настап на 15-то издание на ЦЕВ Европската лига 2018 која се одржува од 20-ти мај до 6-ти јуни. Учесници во ЦЕВ Европската лига се селекциите на: Македонија, Австрија , Летонија и Косово во Групата А и Белорусија, Хрватска, Унгарија и Албанија во Групата Б. Ќе се играат вкупно шест натпревари (три дома и три на гостински терен. Одбојкарската федерација на Македонија како најава за настапот на нашите репрезентатвци го промовираше пред јавноста и новиот селектор Љубомир Травица кој ќе ја води нашата селекција во ова натпреварување, но и низ квалификациите за ЕП кои се…

Read More

Голем дел од навивачите на Ливерпул и Реал (Мадрид) се откажуваат да присуствуваат на финалето од Лигата на шампионите поради високите цени на хотелите во Киев. Ова е објавено од страна на локалниот весник „Вести“. Финалето на најпрестижноти натпреварување во Европа ќе се игра на 26 мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев, кој има капацитет од 70.000 места. Неколку месеци пред овој натпревар, локалните хотели ги зголемија цените за тој датум за 5 до 10 пати. Според публикацијата, навивачите на двете екипи престанаа да резервираат билети за финалето, иако нивниот животен стандард е неколку пати повисок од оној во Украина.…

Read More

Двата најдобри наши ракометни колективи, Вардар и Металург ќе играат за освојување на трофејот во Купот на Македонија, откако двете скопски екипи беа подобри од битолските, Пелистер и Еурофарм Работник победувајќи ги во вчерашните полуфинални натпревари. Последниот меѓусебен дуел во првенството практично го реши шампионот, Вардар победи со 19 разлика, но денес се андеваме дека ќе гледаме многу подобар натпревар во кој Металург ќе сака да биде конкурентен во борбата за Куп трофејот. Ова е 26-то издание на Купот ан Македонија во ракомет, а во досегашната историја „црвено-црните“ имаат освоено 12 титули и денеска сакаат даго освојта 13-от трофеј. Металург ќе…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус Алекс Сандро е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пишува „Тутоспорт“. Во последните неколку дена Бразилецот веќе се пресели во Манчестер Јунајтед, бидејќи трансферот веќе беше договорен. Сепак, јасно е дека постои шанса да се случи спротивното и тој да остане во Торино. Оваа сезона, Сандро не го покажа најдоброто што може, и затоа се очекуваше Јувентус да го продаде и да земе голема сума во својата каса. Во исто време, сепак, Леонардо Спинацола, кој беше планиран за неговиот заменик, беше тешко повреден и ќе биде отсутен 6 месеци. Квадво Асамоа пак си заминува од…

Read More