Author: riste

Борусија (Дортмунд) одби да објави дали нивниот тренер Питер Штегер ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната или пак ќе остане на клупата на нивната екипа. Според весникот „Билд“, Австриецот дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во „жолто-црните“ во новата сезона, а неговиот активен договор истекува на крајот на јуни. Предводникот на францускиот тим Ница – Швајцарецот Лусиен Фавр е според некои медиуми најсериозниот кандидат за оваа позиција на клупата на Борусија Дортмунд. „Ние секогаш сме велеле дека Петер Штегер е првиот човек со кого ќе разговараме. Во моментов не сме имале разговор по прашањето како гледаме на…

Read More

Борусија Дортмунд во моментов е во неизвесност околу состојбата со централниот напаѓач Мичи Батшуај кој беше изнесен на носилка пред крајот на вчерашното дерби со Шалке, кое го загубија со 0:2. Белгијскиот репрезентативец падна на теренот по дуелот со Бенџамин Стамбули, повредувајќи ја левата нога. Веднаш по натпреварот се појави информација дека веројатно зглобот на Батшуај е скршен, а фудбалерот видливо чувствуваше силна болка уште на самиот терен. Весникот „Билд“ сепак ги смири навивачите на Борусија, потпирајќи се на информацијата добиена по првите снимки каде се видело дека зглобот не е скршен, но има повреда на лигаментите на зглобот што…

Read More

Актуелниот шампион на Македонија – Вардар е пред предавањето на шампионската титула на својот голем ривал Шкендија. Вардар одамна ги загуби шансите за одбрана на титулата, а по вчерашниот резултат 1:1 против Шкупи кога Вардар со голот на Новак во судиското продолжение се спаси од пораз денес веќе се шпекулира дека може да дојде до смена на тренерот Чедомир Јаневски. Сепак управата на клубот ќе треба да седне на заедничка маса и да разговара со тренерот Јаневски по што ќе биде донесена одлука што понатаму. Вардар е на -20 бодови од Шкендија, а веќе в среда го очекува меч токму…

Read More

Вечното дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, кое вчера беше одложено поради неисправност на семафорот за 24 секунди во салата „Градски парк“, ќе се одигра вечерва од 19 часот и тоа во Гостивар. Во текот на денешниот ден се бараа опции, но истовремено се направија и обиди да се поправи семафорот за 24 секунди во салата во „Градски парк“ но управата на 14-кратниот шампион реши како заменски објект да ја понуди гостиварската сала „Младост“. Ова е изнудена одлука бидејќи ако не најдоа брзо решение, Работнички се соочувааше со службен пораз според Пропозициите за натпреварување на МКФ. Дополчнително беше соопштено дека…

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар обезбедија пласман на Ф4 завршнииот турнир од ЛШ во Будимпешта и на најдобар можен начин се поздравија со домашната публика во СЦ „Јане Сандански“, а на мечот со данскиот Митјиланд славеа со една убедлива победа и повторно со доминантна игра која изобилуваше со убави голови и потези покажаа дека заслужено патуваат на завршниот турнир. На овој меч тренерот на Вардар Ирина Дибирова имаше многу расположени ракометарки, кои постигнаа убави и атрактивни голови, а притоа добија и аплазу о домашната публика. Сепак од сите постигнати голови, цепелинот на Лакрабер и Лекиќ се најде на четвртото место на…

Read More

Клубот МК ЕндуроТим Водно овој викенд беше учесник на неколку натпревари воразлични категории. Викендов се возеше првата трка во Бму Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам која сеодржа во Серес – Грција. Натпреварувачот Христијан Бузалковски се натпреваруваше во две класи,во класата СП125 и во класата Ф600 каде беше дебитант. На квалификациите во класата Ф600 имаше фантастично трето време во конкуренција на 22 возачи. За жал на првата трка неговиот мотоцикл се расипа па тој беше приморан да влезе во боксот. И покрај обидите на механичарите Бузалковски не успеа да го оспособи мотоциклот и првиот викенд во класата F600 за жал го…

Read More

Најдобриот фудбалер на Ливерпул оваа сезона Мохамед Салах смета дека Лигата на шампионите е најважниот предизвик пред Ливерпул и неговите 40 гола оваа сезона се во втор план. Интернационалецот од Египет ја достигна оваа граница со погодок против Бурнемаут во саботата и води во листата на стрелци кои се борат за „Златна копачка”, но сезоната за Ливерпул допрва почнува. Тие се борат со Манчестер Јунајтед за второто место во домашното првенство и уште поважно – играат против Рома во полуфиналето во најпрестижното клубско натпреварување – Лигата на шампионите. „Сакам да ја освоиме Лигата на шампионите. Ако имав една желба, тоа…

Read More

Загреб беше одличен во финалниот натпревар, ракометарите на хрватскиот шампион му дадоа сиелн отпор на европскиот шампион Вардар, а тоа знаечеше и многу поинтересен и неизвесен финален натпревар. Тренерот на Заргреб Златко Сaрачевиќ по натпреварот на прес-конфренцијата им честиташе на своите играчи за играта, а на Вардар за освоената титула: „Би сакал да му честитам на Вардар за заслужената титула. Беа најдобри во СЕХА-лигата во текот на цела оваа сезона. Завршија без пораз сосема заслужено. Мислам дека беа врвни на сите натпревари, па и на овој финален. Победи подобриот, но јас сум горд на моите момци на играта што ја прикажаа.…

Read More

Тренерот на Вардар Раул Гонзалез, успеа да стигне до уште еден трофеј со „црвено-црните“ и да ја збогати витрина на РК Вардар со уште еден пехар. Македонскиот шампион ја освои СЕХА-лигата по четврти пат, а по финалниот натпревар, шпанскиот стратег како и секогаш беше скромен и најнапред му честиташе на противникот за добрата игра, но и на своите играчи за победата. „Честитки за екипата на Загреб, играа доста добро. Беа перфектни и дадоа добар отпор. Ние игравме добро во нападот и во одбраната, тоа беше клучот за победата. Загреб играше се подобро во мечот, но ние почнавме да се браниме…

Read More

Тренерот на Париз Сен Жермен Унаи Емери го однесе својот тим до титулата во Лига 1 во Франција на 5 кола пред крајот на сезоната. Синоќа, парижаните ја покажаа својата моќ и го декласираат со 7:1 тимот на Монако кој е на втората позиција и по седми пат станаа шампиони. „Ние игравме на високо ниво во текот на целата сезона. Ќе ги анализираме нашите севкупни перформанси по финалето на Купот на Франција. Веќе имаме 7 титули, но сѐ уште заостануваме зад Сент Етјен и Олимпик Марсеј. Имаме многу работа да направиме. Ако сме трпеливи, ПСЖ исто така ќе може да…

Read More