Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години, денеска во Сараево ќе го одигра полуфиналето на ЕП од Б-дивизијата против домачинот Босна и Херцеговина. Дуелот е закажан од 18:45 часот, а за нас значи и прва шанса за промоција во А-дивизијата. Нашите кадети во четвртфиналето ја победија Романија со 74-71 и сега следи полуфинална пресметка во која доколку славиме ќе се пласираме во финалето, но и ќе дојдеме до А-дивизијата. Ако не ја победиме БиХ ќе ни остане уште една шанса за промоција во повисок ранг, а тоа е да славиме над поразениот од втората полуфинална битка меѓу…
Author: saso
Раководството на Арсенал ќе му понуди нов договор на фудбалерот од средниот ред, Арон Рамзи. Шефовите на „Емирати“ се надеваат дека ќе успеат да го убедат 27-годишниот играч да го продолжи договорот и така да го одбијат интересот кој за него владее кај неколку други тимови. Последната година од тековниот договор на Рамзи со „топчиите“ почна да истекува, а тоа почна да привлекува огромен број на клубови кои сакаат да го ангажираат од следната сезона. Засега во листата на потенцијални кандидати за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед , Барселона, Челзи и Лацио, но и неколку кинески клубови, кои исто така,…
Поранешниот тренер на фудбалската репрезентација на Португалија, Пауло Бенто, е назначен за нов селектор на Јужна Кореја. 49-годишниот стратег потпиша четиригодишен договор со Корејската фудбалска асоцијација со надеж дека ќе обезбеди пласман на следното СП и таму ќе го подобри пласманот на репрезентацијата, која не се прослави на СП во Русија. Бенто доаѓа на местото на Шин Тае-Јон, кој замина по Мундијалот во Русија.
Каљари е многу близу до ангажман на дефанзивецот на Ливерпул, Рагнар Клаван. Сумата на трансферот се проценува на 2 милиони евра. Според релевантни италијански медиуми, двата клуба се во напредни преговори за 32-годишниот играч. Договорот на естонскиот репрезентативец со Ливерпул истекува во јуни 2019 година, а Клоп веќе го одобрил неговото заминување. Клаван најголемиот дел од својата кариера ја помина во Холандија, па потоа играше 4 години во Аугзбург во Германија, пред да направи трансфер во Ливерпул во 2016 година. Каљари, сепак, мора да побрза да го финализира трансферот, бидејќи италијанскиот пазар ќе заврши денеска во 21 часот.
Италијанскиот калчолигаш Удинезе е многу близу до привлекување на напаѓачот на Џенова, Џанлука Лападула. Италијанските весници објавија дека разговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза, а Удинезе веќе го понудил Ирачанецот Али Аднан како дел од договорот за Лападула. Џенова најверојатно ќе прифати да го доbие Аднан во својот тим, а за возврат да го испрати Лападула на „Фриули“. 28-годишниот Лападула и покрај тоа што во Џенова требаше да биде главен носител на играта, минатата сезона не успеа да се престави во најдобро светло. Дојде од Милан како големо засилување, а постигна само 6 гола на 28 натпревари.
Шампионот на СЕХА лигата, Вардар, ќе ја отвори новата сезона во регионалното натпреварување против градскиот ривал Металург. Дуелот е закажан за 29 август во СЦ „Борис Трајковски“. Најдобрите македонски клубови ќе се сретнат уште еднаш во текот на сезоната во регионалната лига, во рамки од 10. коло, а тогаш „вардарци“ ќе ја имаат улогата на домаќини.
Денеска на ракометното игралиште кај Женска плажа во Струга ќе стартува најновото издание на традиционалниот Струшки ракометен турнир. Од денес, па до недела не очекуваат интересни натпревари меѓу 8 учесници поделени во две групи: Во првата група се екипите на Еурофарм Р., Тулуз, Бешикташ и Целје, додека во втората: Струга, Алингсас, Костанца и Железничар. Во рамките на турнирот в сабота од 21 часот ќе се одигра и македонскиот Супер Куп меч меѓу Вардар и Металург. Денеска на програмата: Железничар – Струга (17:30 ч) Констанца – Алингсас (19:15 ч) Целје – Еурофарм Работник (21 ч)
Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Будимпешта од 17:45 часот ги започнува квалификациските натпревари за пласман на европското првенство во 2019 година. Прв ривал ни е домашната селекција, Унгарија, со која ги отвораме квалификациите во групата „Ф“, каде денеска се игра и вториот дуел меѓу Украина и Швајцарија (18 ч.). „Ова е историска шанса за нас да оствариме огромен успех и да се пласираме на Европското првенство. Повеќе од 13 години сум дел од националниот тим и сметам дека е вистинскиот момент за успех на интернационалната сцена. Не чека тешка квалификациска група. Не сакаме да си создаваме некој посебен притисок, но…
Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ја напушта репрезентацијата на Аргентина, но само привремено, соопштија шпанските медиуми. „Гаучосите“ испаднаа на светското првенство уште во осминафиналната рунда, а Меси вели дека неуспехот го преживеал многу тешко. Тренерот Хорхе Сампаоли си замина, а како привремени селектори во тимот се поставени Скалони и Аимар. И двајцата не успеале да го убедат Меси да продолжи со редовни настапи, но играчот им ветил дека ќе ја разгледа целата ситуација пред да донесе конечна одлука. Како резултат на оваа одлука, Меси нема да учествува во контролите против Гватемала и Колумбија во септември, но и на дерби против…
Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулиен Лопетеги, во пресрет на вечерашниот Супер Куп меч со Атлетико (М) во Талин, вели дека неговиот тим е должен да продолжи да победува, а не да ги гледа минатите успеси. Лопетеги ја презеде функцијата во јуни откако Зинедин Зидан го напушти клубот откако трипати едноподруго ја освојуваше Лигата на шампионите. „Зидан заврши одлична работа тука и постигна прекрасни резултати. Но ние не можеме да гледаме кон минатото и должни сме да носиме уште трофеи во клубот”, рече Лопетеги. „Имавме добра предсезона и денеска ќе играме за Суперкупот на УЕФА. Сакаме да ја започнеме сезоната…
