Фудбалерите на Русија иако играат одлично на Мундијалот, нема да добијат посебни премии доколку направат историски успех. Тие велат дека е чест и обврска да се игра за националниот тим и затоа не очекуваат да бидат богато наградени. Сепак, Рускиот Фудбалски Сојуз заработи 16 милиони евра и најверојатно играчите ќе добијат одредена сума. Згора на тоа, Претседателот Владимир Путин , има традиција да дели големи премии или луксузни автомобили за олимписките лауреати што значи дека и фудбалери можат да очекуваат нешто слично доколку успеат да дотуркаат далеку на Светскиот шампионат.
Author: dino
Дефанзивниот фудбалер на Англија, Џон Стоунс, отворено проговори за мечот со Колумбија. Според него, тоа е веројатно највалканиот тим против кого играл во кариерата. „ Кога го добивме пеналот, тие го заобиколија судијата, го туркаа, па дури и удираа, имаше удар кон Хендерсон претходно, сигурен сум дека сите го видоа тоа“ вели играчот на „Гордиот Албион“. „Постоеjа многу работи кои беа кажани од нивна страна на мечот а за жал не можевте да ги слушнете, сите беа работи кои не се вообичаени за еден фудбалски натпревар“ – објасни Стоунс.
Селекторот на Бразил, Тите, го објави списокот за денешниот меч од 1/4 финалето против селекцијата на Белгија. „Марсело се враќа во тимот. На двата последни натпревари не играше заради ситна повреда, но утре ќе биде дел од тимот. Филипе Луис одигра солидно, но мојот избор за лев бек е Марсело. Други измени не би требало да има“, вели Тите. Почетниот состав на Бразил ќе претрпе уште една измена, Фернандињо ќе игра на местото на Касемиро, кој е казнет заради два жолти картони.
Фудбалерот на Хрватска, Иван Ракитиќ, имал мотивациски говор пред пенал-рулетот на мечот со Данска во рамките на осминафиналето на Мундијалот во Русија. Тоа се случило веднаш откако Лука Модриќ не искористи пенал во продолженијата два пати по 15. минути. Затоа пред последниот чин, Ракитиќ ги собрал фудбалерите и им се обратил:Лука нѐ спасил многупати досега. Сега е наш ред да го спасиме него. Потоа играчот на Барселона успеа да го реализира одлучувачкиот пенал за Хрватска и да ја однесе неговата селекција во четвртфиналето.
Првите луѓе на Ливерпул планираат да испратат понуда за играчот на Јувентус, Паоло Дибала, објавија денеска медиумите во Англија. Доколку Кристијано Роналдо навистина го облече дресот на „старата дама“, тоа ќе отвори простор за заминување на Аргентинецот кој уште во претходната сезона не ја доби посакуваната минутажа. „Црвените“ откако не успеаа да го ангажираат Набил Фекир, сега се насочуваат кон играчот на Јуве. Познато е дека Дибала има договор до 2022 година што значи дека англичаните ќе треба да испратат навистина солидна понуда за да го добијат неговиот потпис. .
Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани, кој предвреме го напушти мечот со Португалија поради повреда, може да го пропушти дуелот со Франција.Уругвајците објавија дека Кавани ќе тренира одвоено од другите и дека ќе има редовна терапија. Доколку врвниот голгетер не биде во можност за настап, тогаш селекторот Табарез најверојатно ќе го уфрли во нападот Стуани. Фудбалската федерација на Германија донесе одлука Јоаким Лев да остане на кормилото на селекцијата иако „панцирите“ во улога на светски шампиони сензационално беа елиминирани уште во групната фаза на собирот во Русија. Весникот „Билд“ објави дека одлуката е донесена денеска по заедничкиот состанок на Лев со…
Во пресрет на денешниот дуел меѓу Англија и Колумбија, медиумите ги објавија имињата на петте фудбалери на „Гордиот Албион“ кои ќе бидат задолжени да учествуваат во евентуалниот пенал рулет доколку средбата дојде до таа фаза. Селекторот, Герет Саутгејт и претходно изјави дека неговите пулени напорно тренираат изведување на пенали бидејќи не сакаат да им се повтори сликата од претходните големи натпреварувања кога во повеќе наврати беа елиминирани токму по пенал-рулетот. „Дејли Мејл“ денеска ги објави имињата на петте фудбалери што изразиле подготвеност да шутират од 11-метри доколку мечот со Колумбија заврши без победник во регуларниот дел и во продолженијата. Тоа…
Еден од најдобрите центри во кошаркарската НБА лига, ДеМаркус Казинс, во наредната сезона ќе го носи дресот на екипата на Голден Стејт. Тој откако потпишал договор за една година кој е вреден 5,3 милиони долари, ќе им се придружи на големите ѕвезди: Кари, Дурант, Томпсон и Грин. ДеМаркус Казинс е во процес на рехабилитација откако заработи повреда на ахиловата тетива. Според прогнозите на лекарите, тој ќе биде комплетно подготвен до стартот на новиот шампионат.
Марија Лиман е руска водителка и топ модел која преку ноќ стана екстремно популарна откако секоја победа на домаќинот на Мундијалот ја прославува со постирање на провокативни секси фотографии на социјалните мрежи. Лиман по убедливата победа на Русија против Саудиска Арабија со 5-0 на отворањето на Мундијалот се соблече гола а истото го стори и откако „зборнаја“ направи сензација и ја елиминираше Шпанија. Лиман најавува „спектакл“ доколку Русите успеат да ја елиминираат Хрватска и да влезат меѓу најдобрите четири селекции на Мундијалот.
Францускиот фудбалски репрезентативец, Пол Погба, имаше само пофални зборови за неговиот колега Килијан Мбапе кој се наметнува да ја добие наградата за најдобар млад играч на тековниот Мундијал во Русија. Членот на ПСЖ кој покажува блескави партии во континуитет, доби пофалба и од Пеле. Токму Мбапе со погодоците на средбата со Аргентина успеа да се изедначи со легендарниот бразилски напаѓач. Двајцата како тинејџери имаат постигнато по два гола на еден меч од нокаут-фазата на Мундијалите. „Тој е неспоредливо поталентиран играч од мене. Го гледате ли што прави со само 19 години? Не, ја никогаш не бев толку добар. Толку е…
