Кошаркарот на Оклахома Сити, Пол Џорџ го известил раководството на „Тандерс“ дека нема да ја активира клаузулата за продолжување на договорот. Тоа значи дека клилниот центар нема намера да остане во екипата и да заработува по 20 милиони долари по сезона. За неговите услуги како главен кандидат се наметнува екипата на Лос Анџелес Лејкерс а тука се уште и Филаделфија и Хјустон. 28-годишниот кошаркар се претстави добро во првата сезона далеку од Индијанаполис и во 79 натпревари направи просек од 21.9 поени, 5.7 скока и 3.3 асистенции.
Author: dino
Дефанзивецот на Русија, Марио Фернандез, по тренингот во Новогорск изјави, дека тимот е целосно подготвен за средбата од 1/8-финалето на Светското фудбалско првенство против Шпанија. „Ништо нема да се промени во нашата игра иако загубивме од Уругвај со 3-0. Очекуваме да се вратиме на победничките патеки. Во Шпанија има одлични играчи и секогаш треба да се пристапи со почит кон нив. Имавме одлични подготовки. За натпреварот со Шпанија сме целосно подготвени и мотивирани “, изјави Марио Фернандез. Рускиот состав ги реализираше подготовките без Александар Ерочин. Играчот од средниот ред засега работи на индивидуална програма во сала.
Германските фудбалери доживеаа сензационална елиминација од Мундијалот во Русија и нема да можат да ја бранат титулата. Во конкуренција на Шведска, Мексико и Јужна Кореја, четата на селекторот, Јоаким Лев, на крајот го освои третото место. Еден од најкритикуваните во германската јавност беше играчот на Арсенал, Месут Озил, кој се врати во стартната постава на дуелот со Корејците. Во одбрана на Озил застана токму селекторот, Лев. „Секако дека не беше на посакуваното ниво, но, имаше уште неколку играчи што не ги исполнија очекувањата. Ја прифаќам одговорноста за неуспехот“ потенцирал селекторот на „панцирите“.
Фудбалерите на Англија и на Белгија денеска од 20.00 часот на стадионот во Калинград ќе имаат директна пресметка за првото место во групата – „Г“ на Светското во Русија. Двете селекции досега забележаа максимален ефект а островјаните имаат поодобра гол разлика благодарение на убедливата победа против Панама. Гледано во ростерот, селекторот на Белгија, Мартинез, има проблем со Ромелу Лукаку, кој е во најтесниот круг да биде најдобар стрелец на Мундијалот. Лукаку со 4 погодоци е на делба на второто место на листата на стрелците на Мундијалот заедно со Кристијано Роналдо. Првата позиција е резервирана за напаѓачот на Англија Хари кејн,…
Давор Шукер кој со дресот на Хрватска во 1998 година на Мундијалот во Франција го освои третото место, вели дека „коцкестите“ не стравуваат од Данска. Претседателот на Хрватската фудбалска федерација е убеден дека сегашнава генерација може да направи одличен резултат на собирот во Русија. Средбата од елиминациската фаза меѓу Хрватите и Данците ќе биде одиграна на 1 јули на стадионот во „Нинжи Новгород“ со почеток во 20.00 часот. „Имав разговори со селекторот и играчите. Очекувам дека ќе го дадат најдоброто, гледам дека играчите се подготвени за новиот предизвик.Ќе биде тешко, но, мораме да доминираме во средината на теренот“ потенцираше Шукер.
Селекторот на фудбалерите на Србија, Младен Крстајиќ, по вчерашниот пораз од Бразил (2-0) и елиминацијата од Мундијалот во Русија, вели дека „кариоките“ ги казниле сите грешки и промашувања на неговата селекција. „Моите играчи покажаа одлична дисциплина и направија неколку шанси за гол.Бразил покажа дека е силна селекција.Милсам дека сите три меча ги одигравме на завидно ниво“ – вели Крстајиќ. „Во одредени моменти навистина бевме подобри од противниците, но, таков е фудбалот. Натпреварот со Швајцарија не врати два чекора назад и не успеавме да се оправиме“ – заврши селекторот на нашиот северен сосед.
Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе гостува во Швајцарија во последното коло од групната фаза во првата претквалификациска рунда за Евробаскет 2021. Нашиот тим е прв на табелата со максимален ефект од три победи и отворен пат кон наредната фаза. Селекторот, Јорданчо Давитков, посакува циклусот да се заврши победнички. „Успеавме да го вклопиме и новиот Американец – Шејн Витингтон. Желба е да се продолжи серијата на победи, очекувам дека ќе биде тешко, но, нашата цел е само триумф. Швајцарците ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен“ вели Давитков во пресрет на мечот кој ќе започне од 19.30 часот.
Нашите најдбри ракометари добија тешка група на Светското првенство кое догодина во јануари ќе се реализира во Германија и Данска. Во полу-диригирана ждрепка, избраниците на селекторот Раул Гоналез, се сместија во групата во Минхен заедно со Шпанија, Исланд, Бахреин, Јапонија и Хрватска. Група А (Берлин): Русија, Германија, Франција, Србија, Бразил и Кореја, Група Ц (Хернинг): Данска, Тунис, Норвешка, Австрија, Чиле и Саудиска Арабија. Група Д (Копенхаген): Шведска, Катар, Унгарија, Аргентина, Египет и Ангола.
Напаѓачот на Полска, Роберт Левандовски, не успеа да постигне погодок во првите две кола на фудбалскиот форму во Русија. Неговиот состав по вчерашниот пораз од Колумбија со 3-0 , остана закован на дното на табелата и без теоретски шанси за пласман во наредната фаза. Искусниот голгетер во последното интервју признава, дека секоја грешка скапо се плаќа посебно на значајните меѓународни натпреварувања. „Едноставно објаснување е дека Колумбија беше подобра.Тие ги користеа нивните моменти и создадоа многу шанси. Кога ќе доживеете два пораза, јасно е дека ќе испаднете.Такви се законите на Светското првенство“ – рече Левандовски.
Капитенот на Колумбија, Радамел Фалкао, кој беше творец на вториот погодок во мрежата на Полска на вчерашниот меч на фудбалскиот Мундијал во Русија, откри, дека му се исполнила желбата која ја имал уште од детството. „Да се постигне гол на Светско првенство е уникатно чувство. Долго чекав на тој момент и мило ми е што се случи кога најмногу требаше. Задоволен сум од целиот тим, од победата и начинот на кој го одигравме натпреварот“, изјави Фалкао. Колумбијците за четири дена ќе се соочат со Сенегал во последниот натпревар од групната фаза и со победа сигурно ќе играат во осминафиналето. Има варијанта Колумбија да оди понатаму и со…
